Дијаспора

ВЕТЕНАТА ЗЕМЈА ИЗРАЕЛ ДЕНЕС (7)

1i321

1i321ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Монографското дело „Израел и Македонија“ на Славе Катин е во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“, од Скопје и Фондација „Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски“ од Прилеп, издадено во 2017 година, на 376 страници, на англиски, македонски и хебрејски јазик, а рецензенти се Горан Садикарио, Мане Јаковлевски и Берта Романо-Николиќ. Тоа е

прво дело за двете „Свети земји“ Издраел и Македонија, во кое е пренесено авторовото патувањето во Израел кое  беше дел од неговите посети на педесетина различни земји ширум  светот. Овој пат патувањето беше заедно со м-р Мартин Треневски, како министер за ислеништво и сопругите Василка и Нада. Во оваа монографија, меѓу другото е пренесено следното:

Сината површина на Мртвото Море која е рамна како огледало, единствено ја разбрануваат капачите, кои, исто така, испружени на морската површина личат, како што често велат овде, на „солени риби од луѓе“. Тоа е единственото море каде што човек не може да се удави иако не знае да плива. Буквално, може мирно да се лежи на морската површина и дури да се чита весник. Но, во летните месеци не може многу да се остане во водата, зашто таа е многу топла и човек може лесно да добие несвестица.

Затоа, на секој дојденец му се препорачува дека не смее да остане повеќе од 15 минути во периодот на високите температури. На брегот, пак, се измачканите луѓе со кал од морето, која е доста лековита за псоријаза, за реума, за бронхитис и за други кожни болести.  

Мртвото Море уште се нарекува и Бахр Лут, што значи „солено езеро“. Историски е познато под различни имиња, Античко Море, Мртво Море, Морето на Араба, Морето на Седам итн. Вкупната негова површина изнесува 1.050 километри квадратни, длабочината е од околу 400 метри, а неговото дно се наоѓа на минус 798 метри. Главна притока е реката Јордан, а во него се влева и реката Арнон. Југозападниот дел му припаѓа на Израел, а другиот на Јордан.

Во морето, концентрацијата на сол изнесува 30 проценти. Тоа е многу богато со минерали, чие присуство го прави единствено во светот по својата лековитост. Во пространите водни површини нема живот, а според стручњаците тоа е поради големата концентрација на сол и на разни минерали, со што најверојатно го добива и денешното име. 

Годишно Израел го посетуваат повеќе од 2 милиона туристи, а за туристичката сезона нема одредени периоди, таа трае, речиси, преку целата година. Дури во 2000 година биле регистрирани околу 3 милиони туристи и посетители, вклучувајќи и голем број руски аџии. Денес, за жал, поради политичките состојби изостанува профитот од туризмот во Израел.

Според монографското дело „Израел и Македонија“ на Славе Катин, а во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“, од Скопје и Фондација „Ѓорѓија –Џорџ Атанасоски“ од Прилеп,  2017, 1-376, (на англиски, македонски и хебрејски), авторовото патувањето во Израел беше дел од неговите посети на педесетина различни земји ширум  светот

Во ова дело, меѓу другото, се вели дека Израел е суверена држава во Западна Азија. Земјата е сместена на Блискиот Исток на југоисточниот брег на Средоземното Море и на северниот брег на заливот Акаба во Црвеното Море. Таа граничи со Либан на север, со Сирија во североисточниот дел, со Јордан на исток, со палестинските територии (за кои се тврди од страна на државата Палестина дека се делумно под контрола на Израел) и Египет на југозапад. 

Израел има географски различни карактеристики во рамките на релативно малиот простор. Финансиски и технолошки центар на Израел е градот Тел Авив, додека Ерусалим е самоназначен главен град, кој не е признат од Обединетите нации, но е  најнаселен град и е под владината администрација на земјата. 

Во текот на нашиот престој од пишаните документи бевме информирани дека на 29 ноември 1947 година, Генералното собрание на Обединетите нации препорача усвојување и имплементација на Планот за поделба за Палестина. Овој план на ОН ги утврди границите за новите арапски и еврејски држави, а е одредена и површината на Ерусалим и неговата околина која требаше да биде спроведена од страна на ОН под меѓународна контрола. Британскиот мандат за Палестина заврши на полноќ на 14 мај 1948 година. Тој ден, Давид Бен-Гурион, извршниот шеф на Ционистичката организација и претседател на Еврејската агенција за Палестина, прогласи формирање на државата Израел.

Според Државниот завод за статистика на Израел, на пописот во 2014 година, бројот на населението во Израел изнесувал 8.146.300 жители. Со 6.212.000 граѓани или 74,9% таа е држава со најбројно еврејско мнозинство во светот кое се регистрирало како Евреи. Втората поголема група граѓани која ја сочинуваат  Арапите, брои 1.718.400 жители, а другиот дел се христијани и други народи.

Според основните закони, Израел се дефинира како еврејска и демократска држава. Израел е претставник на демократијата со парламентарен систем и пропорционална застапеност на универзалното право на глас. Премиерот е шеф на Владата и Кнесетот како законодавно тело. Израел е развиена земја и членка на ОЕЦД. Таа беше на 37. место во светската економија по номинален бруто-домашен производ во 2014 година.

Израел е земја со висококвалификувана работна сила и е меѓу првите земји во светот по образование со  највисок процент на граѓани кои имаат дипломи за високо образование. Таа има највисок стандард на живеење на Блискиот Исток и четврт највисок во Азија, а луѓето имаат најдолг век на живеење во светот.

Израел е развиена индустриско-аграрна земја со природни богатства во кои доминираат фосфати, сол, магнезиум, железо и бром, со мали резерви на нафта и природен гас. Главни индустриски гранки се металургијата, производството на машини, автомобили, авиони, бродови и оружје, потоа хемиската, фармацевтската, електронската, прехранбената индустрија и индустријата за широка потрошувачка.

Во земјата постојат околу 750 објекти за обработка на дијаманти (над 50% од светското производство). Земјоделството обезбедува околу 75% од прехранбените потреби на населението. Изградени се и се градат цели мрежи на водни акумулации, каптажи и канали, вклучувајќи ги и пустинските области каде што е овозможено одгледување на суптропски култури. Сите видови сообраќајни врски се на висок степен на развиеност. Парична единица во Израел е нов израелски шекел.

Продолжува

1slav kat Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top