Дијаспора

ПОЧИНА ВИРЏИНИЈА СТОЈМЕНОВ – ПОЗНАТА МАКЕДОНКА ОД ТОРОНТО

1vir1

1vir1

Вирџинија Стојменов (Virginia Stoymenoff), бешЕ позната Македонка во Торонто. Таа помогна да се формира Канадско македонско место (Домот за стари лица) во 1977 година и како член на неговиот одбор на директори беше повеќе од четири децении. Во 1990 година, Вирџинијабеше  коосновач на  Канадско – македонското историско друштво (и музеј) чија примарна цел е зачувување на се’ што е македонско и промовирање на јавниот интерес за историјата на канадските граѓани со македонско потекло.

Вирџинија Стојмено, родена Лазарова  беше позната Македонка во Канада и САД. Таа беше родена на 31 мај1934 година во Торонто, а потекнуваше од македонско семејство од егејскиот дел од Македонија. Вирџинија почина на 13 јуни 2022 година, само неколку дена по нејзиниот 88-ми роден ден, а по долга, храбра и решителна 18-годишна борба со ракот. Зад себе остава 5 внуци: Алексис, Лорен, Еван, Арон и Шајна; и нејзините два сина: Гери (сопругата Дона) и Крис (сопругата Ен).

Иако работеше во текот на целиот свој живот, нејзината вистинска кариера започна подоцна во животот, кон крајот на 1970-тите кога ја следеше својата лиценца за недвижности и стана успешен и добро ценет агент за две водечки фирми од овој бизнис во Торонто.

Вирџинија беше ентузијастички вклучена во музиката, вежбаше и свиреше на бројни концерти со мандолинскиот оркестар во Торонто на музичкиот ансамбл  „Шевченко“.

Во спомен на Вирџинија Стојменов ќе ги пренесеме изјавите на повеќе познати личности од САД и Канада. Така, Методија А. Колоски, ко-основач на ОМД и претседател во заминување изјави дека Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечкиот глас за Македонците во странство – длабоко жали за смртта на драгата пријателка, член и цврст застапник и шампион за македонската историја и наследство, Вирџинија Стојменов.

„Вирџинија беше патоказ во канадско-македонската заедница, беше почитувана и сакана од сите што ги запозна. Уште кога бев тинејџер ја запознав Вирџинија и од тогаш таа ми стана пријателка, потоа ментор и еден од најсилните поддржувачи на ОМД од самиот почеток. До самиот крај на животот Вирџинија се бореше за нашата македонска кауза и заедница и беше еден од најдобрите проверувачи на фактите за македонската историја, наследство и човекови права. 

Без разлика дали се работеше за пишувањето на медиумите за името или историјата на Македонија, застапувањето на Конгресот, за средби со шефови на држави, членови на парламенти и амбасадори или зборување со млади Македонци, Вирџинија жестоко се противеше на промената на името Таа постојано повикуваше на единство меѓу Македонците да работаат за општото добро на Македонија. Затоа се вели дека  нејзиното наследство и сеќавање да ги инспирираат младите генерација на Македонците во Канада и ширум светот“, напиша Мето Колоски.

По повод смртта на Вирџија Стојменов, Ден Малин, претседател на Канадското-македонското историско друштво од Торонто изрази жалење и го изјави следното::

„Вирџинија Стојменов беше најпосветен  поддржувач на македонската заедница во Торонто. Нејзината посветеност и истрајност беа едноставно неверојатни. Таа беше една од првите членови на нашиот одбор. Вирџинија даде непроценлив придонес и за нашата фондација и за нашиот успех како организација во дијаспората. Нејзината работа со интервјуирањето и снимањето на голем број значајни членови на македонската заедницата за сите нас, беше од особен интерес не само за неа како автор, туку и тоа е достапно на нашата веб-страница Macedonianhistory.ca. Ние сме горди што можеме да кажеме дека таа беше дел од нас“, изјави Ден Малин

Професорката д-р Кристина Крамер од Универзитетот во Торонто, пак, го изјави следното:

„Вирџинија Стојменов беше неуморна. Таа беше длабоко заинтересирана за македонските работи и ја сподели со мене нејзината семејна историја поврзана со селото Врбник, Мала Преспа, во Албанија. Во 2000-та година требаше да патуваме таму заедно, но морав да одам без неа бидејќи таа  неможеше да патува од здравствени причини. Снимав видеа од неа за да ја покажам пред нејзините роднини, и снимка од нејзините роднини за нејзе да и’ покажам. Никогаш нема да заборавам како ги споделувавме тие приказни. Таа земаше часови по македонски јазик со мене и секогаш се интересираше за историјата. политиката и културниот живот на Македонија. Бев инспирирана од нејзината љубопитност, нејзината подготвеност да учествува во толку многу области и да работи за други“, напиша проф.д-р Кристина Крамер.

Д-р Крис Стефанович, член на Управниот одбор на Канадско-македонско место (Домот за стари лица) во Торонто, го изјави следното:

„Вирџинија Стојменов беше активна, практична и поддржувач на се’ што е македонско, честопати оставајќи ја светлината на другите. За неа поважно беше извршувањето на работата, отколку да се зборува за тоа. Таа придонесе нејзината енергија да даде придонес за македонската кауза, вклучително и за Канадско-македонското место-Домот за стари лица, Канадското-македонското историско друштво, Македонското-канадското здружение на здравствени работници од Канада и на Обединета македонска дијаспора (ОМД) од Вашингтон. Вирџинија Стојменов со ентузијазам ги поддржа позициите на ОМД., затоа многу ќе им недостасува на сите кои се восхитуваа на нејзината енергија, а ќе  остане запаметена по тоа што постојано викаше ЈАС СУМ МАКЕДОНКА“, изјави д-р Крис Стефанович од Домот за стари лица во Торонто

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top