Дијаспора

ЖИВОТНИОТ ПАТ НА ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД ВО ТОРОНТО (11)

1mon3

1mon3

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД ОД ТОРОНТО

Aвтобиографијата „Сеќавања“ на Дана Скендова-Скотланд,   претставува   огледало  на нејзиниот животен пат, судбина, минато, сегашност, дел од нејзините лични и семејни постигнувања, како и дел од иднината на нејзиното семејство. Затоа може да се каже дека со оваа автобиографија во краткии црти се проектира еден дел од македонската историја. Таа е интересна и претставува вечно дело на едно скромно македонско семејство од Егејска Македонија.

Во делото, меѓу другото Дана изјавува: Погорните одделенија ги посетував во училиштето „Ривердејл“, каде учествував во спортски натпревари, играв во кошаркарскиот тим и пливав. Повторно, имав проблеми со колкот и во текот на летото, по завршување на десеттото. одделение, имав две операции во рок од две недели. Изгубив три месеци од училишната настава. Носев лонгета (гипс околу телото сè надолу по левата нога до прстите), но, сепак, успеав да постигнам одличен успех кога продолжив во единаесеттото одделение.

Во прва година гимназија свирев на тапани во школската музичка група, но бидејќи сакав да пејам, се префрлив во хорот. Уживав да пејам во хорот на училиштето „Ривердејл“ и нашиот хор освојуваше многу први места на натпреварите организирани од „Кивијанис“. Хорот одигра на сцена и неколку мјузикли додека јас бев член и оној на кого најмногу се сеќавам е „Новата облека на императорот“.

Освен тоа, во завршните години во средното училиште бев дел од редакцијата, дел од ко- мисијата за рекламирање во нашиот училиштен весник наречен „Утринско будење“.

Имав многу пријателки во основното и средното образование и до денес (околу 12 од нас) останавме пријателки за овие последни 50-60 години. Пораснавме заедно како деца, минавме низ тинејџерските години и сега повеќето од нас влегуваат во седмата деценија од животот како група прекрасни жени. Одиме на вечери, одиме на музички и театарски претстави и имаме функции при организирање на специјални настани. Знам дека секогаш во животот, во случај на каква било потреба може да сметам на нив. Секогаш ќе ги вреднувам и почитувам нив и нивното пријателство.

Братучед ми (Лазо) Луј Бискарис дојде од Неволјани и живееше со нас седум години, сè додека не се ожени. Со Лазо, животот ми стана поинтересен и позабавен. Беше осум години постар од мене и ми стана голем брат. Ме вклучи во неговиот живот и со мене споделуваше многу интересни стории зошто бев негова блиска и доверлива пријателка.

Животот никогаш не беше досаден откако тој ги донесе дома неговите пријатели, Трајан Димитриу, Луј Минас, Џони Стрезов, Том Негованлис и со нетрпение слушав за сите нивни проблеми со девојките, а понекогаш и мајка ми ќе им понудеше совети, тоа беше вистинско образование за животот. Луј купи мал автомобил „фолксваген буба“ и тоа беше авантура. Се возевме и одевме на плажа – тоа беше највозбудлив дел во мојот живот, од мојата младост. Луј уживаше да фотографира и, исто така, имаше сон да стане актер.

Во почетокот на 60-тите години на XX век, Лазо се запозна и се вљуби во Рена Димоу, од селото Габреш. Се венчаа во 1962 година и наше- то семејство имаше чест да биде покането како нивни „побратими“. Веќе повеќе од 50 години имаат среќен брак, родија и израснаа три деца: Сенди, Мајкл и Ник, а сега имаат шест внучиња.

Мојата прва работа со скратено работно време беше на возраст од петнаесет години кога по часовите работев во училиштето, а во саботите работев во центарот на Торонто, во кафетеријата во продавницата на колеџот „Итон“, каде правев десерти. Во апликацијата напишав дека имам шеснаесет години за да можам да добијам работа и побарав да бидам продавачка. Во тоа време не бараа лична карта, но, се разбира, знаеја дека бев помлада, па затоа морав да работам во кујната на кафетеријата, а не во продажба.

Но, ми претставуваше голема гордост што работев и уживав во правењето салати, сендвичи и десерти и што имав нешто повеќе пари да си купувам облека. Имав среќа што следната година добив одлична работа како службеник во Одделот за медицинска архива во Општата болница во Торонто, работа која ја имав и следните неколку лета.

По завршувањето на тринаесеттото. одделение со средношколска диплома со одлични оценки (OSSHD), се запишав на Педагошкиот колеџ во Торонто. На моја штета, не ја следев наставата и не го завршив колеџот иако татко ми сакаше да продолжам со школувањето, мајка ми сметаше дека треба да добијам работа, да заштедам пари и да стапам во брак. Гледано од денешен аспект, тоа беше многу лошо решение за кое сè уште ми е криво.

1mon34

Македонците во Торонто

Во 1964 година, родителите одлучија да купат нов, голем прекрасен дом во Скарборо, односно бунгалов, направен по нарачка, со голем двор одзади каде што ќе може да имаат голема градина за каква што татко ми отсекогаш сонувал. И оваа куќа беше блиску до „Пилкингтон“, каде што тој можеше пешки да оди на работа и не му требаа повеќе од 2 часа дневно. Мајка ми не мораше да оди на работа и конечно нејзиниот сон ѝ се оствари и таа беше многу горда.

Во 1965 година за првпат ја видов баба Таса кога дојде за мојата свадба. Тоа беше многу трогателен и незаборавен момент додека го гледав татко ми како се поздравува со мајка си, конечно по повеќе од 25 години. Се сеќавам како плачеше и ја гушкаше и, едноставно, не сакаше да ја пушти. Дедо ми Крсте, нејзиниот брат, дојде од Акрон, Охајо, и сите тие беа преплавени од емоции и радост од повторното обединување. Не се виделе уште од далечната 1906 година.

Бев среќна што имав можност да зборувам со неа и да научам за нејзиниот живот во Не- волјани. Интересно е тоа што никогаш не зборуваше ниту, пак, се жалеше на пиењето на дедо ми, и неколку пати ми ја раскажа приказната, за тоа како тој се вратил дома од Америка и ја запросил. Ѝ рекол да седне на столче и расфрлал златници околу нејзините нозе и ѝ рекол: „Таса, се вратив дома да те земам за жена“. Мислам дека таа се сеќаваше само на неговата добрина а ги занемаруваше сите негови бројни грешки, бидејќи го љубеше.

Таа остана со нас четири месеци и ни раскажа многу интересни приказни за детството на татко ми. Најинтересната е онаа дека тој имал голем апетит и секогаш бил прв што седнувал на трпезата. Тенџерето со храна било ставано на средина на масата и додека останатите од семејството уште не биле седнати, месото ќе го снемало – татко ми постојано велел: „Јас прв пат го видов ова парче месо, прв пат го видов тоа парче“ и јадел толку брзо што, речиси, малку останувало за останатите.

Многу се смеевме со баба ми.

Никогаш дотогаш таа не видела телевизор и мислеше дека човекот од телевизорот е некој во нашата дневна соба. Се чудеше кога ѝ објаснувавме дека тоа е само машина и само продолжуваше да се прекрстува.

Еден ден рече дека ќе помогне во градината околу плевелот, но бидејќи имаше катаракта и не гледаше добро, го искорнала расадот пиперки наместо плевелот.

Таа есен баба Таса замина во Бугарија да си го посети другиот син, Џорџ.

Продолжува 

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top