Дијаспора

КОЈ БЕШЕ БЛЕР СКОТЛАНД – СОПРУГОТ НА ДАНАСКЕНДОВА? (12)

1skend1

1skend1

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД ОД ТОРОНТО

Блер Атол Мур Скотланд, сопругот на Дана Скендова е роден во болницата „Свети Јосиф“ во Торонто, на 26 јуни 1940 година, помладиот син на Џорџ Скотланд и Елена Харви Скотланд. Брат му Џон е постар шест години.

Неговиот татко Џорџ кој е роден во Пертшир, Шкотска, при крајот на XX век, е единствено момче во семејството со четири сестри. Играле фудбал во клубот „Свети Џонсон“ и во 20-тите години на XX век, од далечната Шкотска дошол во Канада во потрага по подобар живот. Во те кот на депресијата во 1929 година отпатувал на запад кон прериите и преживеал работејќи како патувачки механичар, поправајќи возови за компанијата ЦПР. Се вратил во Онтарио со својот партнер Леонард Ламб и започнале бизнис со сликарство и поправка на високи згради.

Во по четокот на 30-тите години на XX век, се запознал и се оженил со Ела (Елена) Харви, која, исто така, била Шкотланѓанка, од Единбург. Компанијата на Ламб и Скотланд станала добро позната и просперитетна во сликарство, украсување и полирање со песочен млаз и опстојувала повеќе од педесет години. Господин Ламб бил пилот на  воздухопловните сили за време на Втората светска војна и, за жал, во текот на една од мисиите во бомбардирањето, неговиот авион бил соборен и тој не се вратил. Семејството Скотланд го негува сеќавањето кон него така што го задржале неговото име во бизнисот.

Сторијата продолжува и дознаваме дека Блер како бебе плачел многу и поголемото братче Џон одлучил да го смири ставајќи му топчиња нафталин, но за среќа мајката го спречила навреме. Сигурна сум дека братот Џон сè уште се сеќава на таа случка.

Семејството живеело во прекрасен дом на авенијата „Армадејл“, во селото Свонси, како што било познато во тоа време, во областа Блор и Џејн, токму пред реката Хамбер.

Блер имаше многу стории за раното детство и неговиот живот на авенијата „Армадејл“. Очигледно бил доста љубопитно момче и авантурист. Еден ден кога бил мал, отишол надвор на прошетка со една млада бејбиситерка од соседството и паднал во реката Хамбер и, според кажувањето на брат му, еден господин скокнал и го извадил од водата. Сепак, Блер имаше поинаква верзија – дека двајца мажи во морнарска облека во чун го извлекле на брегот на реката. Во секој случај, имал голема среќа.

Во текот на таа иста недела, еден продавач дошол во нивниот дом да ги измери прозорците и го паркирал својот автомобил во предниот дел на куќата кој се наоѓал на врвот на улицата, на стрмнина. Бидејќи Блер имал испитувачки дух, се качил со помош на една штица, влегол во автомобилот и некако успеал да ја ослободи рачната сопирачка.

Автомобилот почнал да се движи надолу по улицата и, повторно, некој скокнал во автомобилот и го спасил Блер од катастрофата што следела. Следниот ден пишувало во весникот што се случило кога Блер бил спасен, но тој рекол: „Не знам зошто го сторив тоа“ и тоа станало интересна приказна од секојдневието.

Првично, браќата учеле во државното училиште „Свонси“, но ја имале таа привилегија да го посетуваат колеџот „Свети Андреј“, приватно училиште за момчиња во Аурора. Колеџот „Свети Андреј“ бил во интернат и секое утро учениците морале да стануваат рано, да го наместат креветот, да ги светнат чевлите, да одат на молитва во капела, а потоа да појадуваат.

Секоја недела учениците оделе в град да присуствуваат на служба во црква по нивен избор. Уште од рана возраст Блер имал дарба за спорт и токму тука имал можност да учествува и да игра во многу спортски тимови како што се: крикет, ватерполо и фудбал.

1skend12

Bолницата „Свети Јосиф“ во Торонто

Амбицијата на Блер во тоа време, според писмото од директорот, била да стане одбранбен играч во фудбалскиот тим. Морал да оди на лекарски преглед пред да учествува во каква било спортска активност и откако утврдиле дека има срцев шум, не му дозволиле повеќе да спортува. Поради овој проблем и од причина затоа што го обзела носталгија и не уживал да биде далеку од дома, тој се вратил во својот град Торонто за да го продолжи школувањето. Брат му Џон продолжил со учењето и дипломирал на ко- леџот „Свети Андреј“.

За Блер немало здравствени правила што ќе го спречат да учествува во кој било спорт бидејќи тој е роден спортист. Во младите години играл хокеј каде бил голман. Учествувал на спортските натпревари „Хамберсајд“ и бил одбранбен играч во фудбалската екипа на средното училиште и шампион во пинг-понг. Преку бизнисот, членовите на неговото семејство биле членови на „Вестон голф“ и „Кантри клуб“ и како јуниор Блер бил брилјантен во голф и ветувал голема иднина, но, за жал, го напуштил интересот за овој спорт, но продолжил да игра колку што можел почесто.

Блер живееше и дишеше за спортот и имаше радиофоничен спикерски глас. Можеше да ги рецитира составите на тимовите и статистиката за секој играч во Големата лига, бејзбол, фудбал, хокеј, и за тековните и за многуте години наназад. Секогаш зборуваше за неговата желба да стане спортски коментатор.

Сепак, по завршувањето на средното училиште, Блер се приклучил во семејниот бизнис на татка си и брат му и останал таму додека компанијата не се продала во 1984 година. По продажбата на компанијата, Блер работел во фирмата „Декорал пеинтинг“, како менаџер на канцеларијата, во „Симпсон“ со скратено работно време, а потоа 25 години работел во „Сеарс“до неговото пензионирање во јуни 2012 година.

Блер ги сакаше и почитуваше својот брат и снаата Мерилин, како и нивното семејство. Тие му беа единственото негово семејство во Канада. Блер како личност беше многу чувствителен и внимателен, беше длабоко погоден од разделбата на своите родители кога имал само седум години и од прераната смрт на мајка си.

Единствениот подарок што му беше многу драгоцен од мајка му беше еден прекрасен синосив џемпер-палто и секогаш кога не се чувствуваше добро, ќе го облечеше бидејќи тоа му даваше утеха. Тој исто така беше тажен и огорчени од прераната смрт на неговиот внук Блер Андреј (Дру) кој беше крстен по него.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top