Дијаспора

ИВАН ТРПОСКИ – ПОЗНАТ И ПРИЗНАТ ИСЕЛЕНИК ВО СИДНЕЈ, АВСТРАЛИЈА (1)

1iv21

1iv21

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА ИВАН ТРПОСКИ ОД СИДНЕЈ, АВСТРАЛИЈА ВО ДЕЛОТО „ОВА Е МОЈОТ ЖИВОТ“

Монографијата за иселеникот Иван Трпоски под наслов „Ова е мојот живот“ е издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, отпечатена на 520 страници на македонски и на англиски јазик во кое е дадена животната приказна исполнета со текстови кои се значаен прилот и придонес кон осветлување на голем број аспекти од животната, историската, иселеничката и творечката вистина за поетот, писателот, библиотекарот, општественикот и ентузијастот големиот Македонец Иван Трпоски.

Во исто време делото претставува интересна страница од мозаикот на македонскиот иселенички летопис во Сиднеј, Австралија, но и во пошироките простори на петтиот континент. Делото  е отпечатено по повод 80-от роденден (21 јуни) на познатиот и признат македонски иселеник Иван Трпоски од Сиднеј, Австралија,  чиј рецензенти се Д-р Науме Радически и д-р Димитар Пандев

Иван Трпоски е почитуван и горд Македонец. Тој е познато, доблесно име, активист кои со својот ангажман, со неговата активност во Македонската заедница во Сиднеј, остава достоинствени пораки за времињата идни и за генерациите следни. Тој пленат со неговото родољубие и силната посветеност за афирмација на македонското име, јазик, идентитет, култура и традиции во мултикултурна Австралија.

Според биографските податоци, Иван Трпоски е роден на 21 јуни 1942 година во село Волино – Охридско, Македонија. На 26 август 1968 година го напушта Волино и Македонија и се доселува во Сиднеј, Австралија. Тука станал член на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј од 1979 година на Училишниот одбор за Нов Јужен Велс, од 1980 година на Друштвото на писателите на Македонија од 1988 година и член е на Друштвото на новинарите од Македонија од 1995 година.

Новинарскиот и публицистичкиот живот на Трпоски започнува во 1979 година, кога станал член на Литературното друштво „Григор Прличев“ кое е формирано од група вљубеници на поезијата, на чело со познатиот иселеник Душан Ристевски.

Инаку, списанието „Повод“ од Сиднеј било едно од позначајните македонски гласила не само во Австралија туку и во светот кое излегувало подолго време. Тоа е прво македонско списание за литература и култура на петтиот континент и единствено од ваков вид меѓу иселеништвото. Излегувало како орган на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, кое е формирано на 31 март 1978 година.

Иван Трпоски бил активен новинар и член во Редакцискиот одбор на списанието „Повод“ до крајот на неговото објавување. Уште со самото формирање на друштвото, членовите нашле просторија која требало да ја делат со другите заедници, па така почнала размена на книги. Секој вторник навечер членовите на друштвото се собирале и доброволно ги донирале своите книги во библиотеката, во која, временски растел бројот на книгите. Потоа, во соработка со Матицата на иселеници и со Министерството за култура, бројот се искачил на неколку илјади наслови. Така, била формирана самостојната библиотеката на Друштвото, која е прва од таков вид во иселеништво, во која Иван е библиотекар 38 години..

Со своја поезија настапувал на „Млада Струга – 1979“ година и на Струшките Вечери на Поезија во 1987 и 1995 година каде читал свои стихови на манифестацијата „Мостови“. Со поезија е застапен во зборниците: „Видици“ (Сиднеј – 1984), (Скопје – 1988), „Наши патеки“ (Мелбурн – 1986), „Иселенички поетски меридијани“ (Скопје – 1997), „Охридски литературни творци од Прличев до денес“ (Охрид – 1999), „Коти на копнеж и страст“ ( Сиднеј – 2003), како и во антологиите на англиски јазик: Антологија на македонската поезија“ (Сиднеј – 1997), во Австралиската антологија „Лигаво огледало“ (Бризбен – 1998), и во антологијата на 21-от светски поетски конгрес „Отворени граници“ (Сиднеј – 2001) и „Рејунион“ (Сиднеј – 2003). Исто така е застапен и во Енциклопедиите на Австралија и Македонија.

Автор е на збирките поезија: „Површински корења“ (Сиднеј – 1985), „Големиот брод“ (Скопје – 1988), „Оковано море“ (Сиднеј – 1988), „Преселба на запад“ (Сиднеј – 1990), поемата „Тодорка“ (Скопје – 1995), „Свитило“ (Сиднеј – 1999), „Меѓу две огништа“ (Охрид – 1999), „Немирни ветрови“ (Сиднеј – 2004), „Љубовна имагинација“ (Сиднеј – 2004), „Зад синиот бран“ (Штип – 2008), „Угрејсонце во мојот сон“(Скопје – 2013) и на англиски (Штип – 2013); на патописите: „По патот на сонцето во Македонија“ (Сиднеј – 2000), и „Македонија моја татковина“ (Сиднеј – 2002). Исто така тој е автор на книгата „Македонски демонстрации во Австралија“ (Струга – 2004), на книгата со биографскиот запис „Спасе Трпоски – живот и дело“ (Струга – 2008) и на книгата „Македонија – не те забораваме“ (Штип – 2016).

Наградуван е на многу конкурси за поезија и проза, но најзначајни се: „Иселеничка грамота“ – 1995 година која ја додели Матицата на иселениците од Македонија за најдобар поет од дијаспората, награда за поезија од Интернационалната Библиотека во Квинзланд во 1998 година; награда „Македонско сонце“ за литература и култура во Сиднеј во 2004 година и награда за најдобра поетска збирка песни на поет од дијаспората му додели Советот на Струшките вечери на поезија во Струга во 2013 година.

За општествена дејност има добиено повеќе награди и признанија меѓу кои се: од Општината Кантебери за Почесен граѓанин во 2010 година. Државната награда на Нов Јужен Велс за Сениор на годината во 2011 година наградата – медал Заслуги за Македонија од претседателот на Р. Македонија, Ѓорѓе Иванов во 2016 година и државна награда за Општествена доброволна работа во регионот Св Ѓорѓи во 2018 година.

Иван Трпоски е личност за почит и пример од кои можат и треба да се огледаат и други Македонци во двете татковини, Австралија и Македонија. Неговото дело „Ова е мојот живот“ претставува убав пример и патоказ на еден честит и благороден Австралијанец од македонско потекло во чиј живот и дела се испреплетени неговите две татковини, Македонија и Австралија. Затоа неговото дело е убав пример и патоказ на еден честит и трудољубив австралиски Македонeц, на кого татковините му се и радост и тага и восхит.

Животната приказна на Иван Трпоски е, истовремено и скромен дел од историјата на Македонците во иселеништвото, а преку него и на нивната татковина – Македонија. Зашто она што се случувало од исконските времиња на Филип Втори и Александар Трети – Македонски, преку незаборавните битки на цар Самуил, до оние на Гоце Делчев, Даме Груев и сите борци по нив, ги отсликуваат историските голготи низ кои минала Македонија, се’ до нејзиното прогласување за самостојна, демократска и независна држава. Затоа, може да се рече дека со монографскиот труд на Иван Трпоски „Ова е мојот живот“ во скромни рамки се проектира најновата фаза на македонската иселеничка историја, голгота, вистина минато и сегашност и љубов кон македонска вистина и кон Македонија.

Затоа, може да се заклучи дека монографското дело „Ова е мојот живот“. “е публикација која отсликува дел од животната приказна на Иван Трпоски.Таа претставува своевидна сага за жилавоста, макотрпението, упорноста и истрајноста на Иван кој педесетина години живее во демократска Австралија. Неговата судбината е слична или идентична со судбините на голем број други иселеници од етничка Македонија кои „свиле нови гнезда“ насекаде во светот, но останале да бидат чувари на македонското име, вистина и на татковината Македонија.

Проодолжува

1slave 1 Подготвил: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top