Дијаспора

ИВАН ТРПОСКИ – ПРОЕКЦИЈА НА ЕДНО ВРЕМЕ (3)

iva

iva

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА ИВАН ТРПОСКИ ОД СИДНЕЈ, АВСТРАЛИЈА

ВО ДЕЛОТО „ОВА Е МОЈОТ ЖИВОТ“

Во првиот дел на предговорот на книгата „Ова е мојот живот“ на Иван Трпоски, проф. д-р Димитар Панден напиша дека втобиографијата на Иван Трпоски е историска проекција на едно време во кое се преплетуваат најмалку три генерации поврзани во судбоносни настани преисполнети со подеми и па-дови, со војни во кои не се знае кога пријателот и непријателот си ги менуваат местата, и мирни времиња во кои околината си ја менува ќудта според моменталната позиција во власта. А, можел Иван, ќе рече читателот, убаво да се снајде и во таа наша тогашна земја во која стигнал дури и да се сретне со нејзиниот политички врв, кодиран со името на вечниот претседател, па дури и часкум да биде и негов составен дел, дополнет со неизбежната низа наре­чена ‒ партија, па макар и во следните нејзини израстоци ‒ мла­дина, акција, но ете, секогаш се наоѓа по некоја сопка, најчесто од блиска нога на близинска кота. Потем што единственото решение се крие во она народното: „Што подалеку, тоа подобро.“

И, да се преточи сето тоа во литературна форма, ќе призна-ете, не ќе биде така едноставно. Па, така, оваа автобиографија постепено преминува, парадоксално, но вистинито, во ‒ биогра­фија или, кажано со други зборови, од пикареска, рашамонски преминува во хроника, зашто главниот лик напати менувајќи ја раскажувачката позиција од прво во трето лице, независно од бројот, еднина или множина, ја задржува целосноста на места­та во кои сопрво питорескно пикарествува (живозборечки скит-никува) за отпосле да ужива во плодовите на својата творечка дејност. И, силно да го нагласи своето јас, но и она од него соз-дадено ‒ ние со кое го идентификува своето семејство, како и своето друштво, се разбира, литературно. Тоа го можат само пи­сателите, кои од најобична средба на разминување прават све­ченост во запис, а од неповрзани приказни во кои ликовите од параграф во параграф стануваат сѐ помногубројни ‒ романескна целина, па субјектот напати станува објект, за уште посилно да го осамостои своето јас и заемното ние, а личноста ‒ фигура, но не шаховска или политичка, туку од национално и универзал-но значење. И, таа личност е токму авторот Иван Трпоски, кој како автор го задржува правото да го одбере граматичкото лице за раскажување, не само првото вообичаеното туку и она импе-раторското и владичкото, со кое самиот се гледа од височиините на својата животна патека ‒ третото!

Имено, автобиографијата „Ова е мојот живот“ од Иван Тр­поски, по својата обемност и сложеност, има во себе елементи на пикареска, на оној жанр во литературата кој, колку и да не е македонски, но секако, е медитерански, сепак, се потпира врз она народното: „Преку девет планини и мориња“, па слободно може­ме да прецизираме: Да! Книжевната проекција на раниот период на главниот јас-јунак е една од најдобрите пикарески во македон­ската литература во кои реалистично е отсликано себеснаоѓањето на главниот лик низ сите стапици што му ги поставува друштво­то и општеството, од селското и училишното окружение, преку општинското и партиското, до работничкото и армиското.

И, што е уште поважно, авторот совршено ги совладал, ги усвоил и ги применил во својата автобиографија социолектите на сите овие општествени групи, од кои веќе ништо не останало, освен по не­која трага во литературата, па сето добива еден историски призвук, исполнет со јазична патина, која за социолингвистиката има платинеста вредност, зашто на панорамското платно во првиот дел од оваа автобиографија, во кои се претставени пикарескните случки и трагикомичните несполуки во кои запаѓа главниот, лик маченички и страдалнички распнат на координатите од Волино до Вараждин, од Битола до Белград и од Струга до Сежана, веќе ништо не е останато.

Од друга страна, „Ова е мојот живот“ на Иван Трпоски може да се сфати и како надоврзан диптихон, двотомна целина, во која автобиографското превладува во првиот дел, а биографското во вториот, условно речено, во оној дел што се однесува на австра­лискиот период од животот на авторот, но токму во тој дел во една целина се испреплетуваат честите навраќања на авторот во Маке­донија, кој заминал од својата земја како печалбар и емигрант, а се враќа во неа како реномиран писател и политички заинтересирана личност за судбината на својата татковина.

Низ австралиските настани во кои печалбарењето се препле-тува со творењето, живо прозвучува македонскиот народен јазик говорен надвор од својата матична средина, но и употребуван на сите општествени рамништа, особено преку активностите на Ли­тературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, но и на универ-зитетско рамниште, зашто македонскиот јазик има свои позиции и на тоа рамниште. Притоа, мошне привлечно прозвучува и оној социолект што сосема спонтано се развива меѓу Македонците во Австралија со по некој позајмен или буквално преведен збор.

На тој начин, мошне сликовито во автобиографијата се пре­плетуваат сознајбите дека „животот е борба“, но и дека „животот е патување“. Иван сето ова време се борел и патувал, и сето тоа го преточил во литература.

Автобиографијата на Иван Трпоски е преисполнета со лико­ви и личности, со некои од нив тој се сретнал само еднаш и нико­гаш повеќе, но ги застапил во својот животопис, некои, пак, будно ги следел низ секој нивни исчекор во животот, сплотувајќи се со нив во јазикот како „единствена наша целосна татковина“. Зашто, Македонија е секаде каде што се Македонците, по трагите на авто-биографските раскажувања на Иван Трпоски.

И, на крајот, само да додадам, повеќето од ликовите во оваа книга, зашто секој човек што е внесен во литературата автоматски се актуализира во литературен лик, лично сум ги познавал и сум се среќавал со нив низ разни места и мигови. Уверен сум дека и читателите на оваа книга, сегашните и идните, ако не се најдат се­беси во неа, со име и презиме, секако ќе најдат свој познат, некого од своја рода и природа. И сите тие имаат свое заслужено место во автобиографијата на Иван Трпоски, „Ова е мојот живот“.

Проодолжува

1slave 1
                                              Подготвил: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top