Дијаспора

ВИТЛЕЕМ – РОДНОТО МЕСТО НА ИСУС ХРИСТОС (22)

1kro2

1kro2

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИН

Според Новиот завет, Исус Христос е роден во градот Витлеем, најсветото место од сите свети места за христијаните. Секоја година илјадници верници и посетители доаѓаат во Витлеем да се поклонат на светото место во пештерата и во црквата „Раѓањето на Исус Христос“. Овој храм доживеал многу архитектонски градби и надградби и постојано бил зголемуван во различни периоди од историјата. Црквата претставува творечко постигнување на човештвото преку вонредно убавите креации на повеќе библиски мотиви, содржини и специфични христијански карактеристики.

Таму, во срцето на Палестина, се наоѓа едно од најсветите места на оваа Земјина топка, црквата „Раѓањето на Исус Христос“. На истиот плоштад се наоѓа и џамија. Таму се случува истовремено да се слуша молитва од џамијата и чукање на камбаните од црквата. Овие два звука, на овој познат плоштад во Витлеем, даваат еден вид хармонија, што само по себе е чудо на денешнината. Исто така, кон ова свето место, припадниците на муслиманската вероисповед покажуваат голема почит спрема Исус, кој го сметаат како битна фигура во нивната религија

Ова место има енергија и смиреност, која  дава сила да се издржи со часови стоејќи само за поклонување на местото каде што Исус е роден. Искуството од посетата на Витлеем е тешко да се искаже со зборови, тоа може да се почувствува само во тоа свето место  На неколку чекори погоре, во срцето на Витлеем, се наоѓа црква која е подигната на местото каде што Дева Марија за првпат го надоила Исус. Според преданијата, на тоа место паднала капка млеко на карпата. Таа капка, е причина зошто карпата станала бела. Затоа на тоа место има убав храм, во кој се поставени уникатни икони и кои се карактеристични само за оваа црква.

Денес, Витлеем е туристичко место и е преполно со гости од целиот свет, особено за време на деновите на одбележувањето на раѓањето на Исус Христос – Божиќ. Таму Божиќ се слави три пати во текот на годината. Католиците, кои се собираат од целиот свет, заедно со палестинските католици Божиќ го слават на 25 декември (според Грегоријанскиот календар), православните христијани го слават на 7 јануари (според стариот – Јулијанскиот календар), додека верниците на Ерменската православна црква го прославуваат Божиќ на 19 јануари.

Витлеем се наоѓа на десетина километри јужно од Ерусалим. Градот е лоциран на планината Јудеја и по многу нешта наликува на ридот од библиските времиња. Денес на овие карпести површини се изградени свети христијански места, цркви, манастири и други верски објекти, во знак на сеќавање на божиќната ноќ. Сето тоа го враќа верскиот изглед на градот како во вре-мето од раѓањето на Исус Христос. Витлеем е град под палестинска автономија, со население од околу  триесетина илјади жители, од кои околу 70% се муслимани, а 30% се христијани.

Она што некогаш била пештера издлабена во карпа, денес е просторот на црквата „Раѓањето на Исус Христос“ и претставува најсветото место на сите христијани во светот. Според историските податоци на црквата „Раѓањето на Исус Христос“ се вели дека во 332 година императорот Константин ги поставил темелите на денешниот храм. Величествената и најкарактеристичната црква во светиот храм „Раѓањето на Исус Христос“ има оригинални мозаици од тој период со големи уметнички креации во различни бои.

Во текот на бурната историја за доминација, црквата била урната, но во периодот на царот Јустинијан повторно била обновена. За одбележување е тоа што пристапот, влезната врата која е наречена „врата на понижување“ е многу ниска и посетителот на симболичен начин, се наведнува или се поклонува на Исус Христос, за да се чувствува како да влегува во пештерата каде е роден Спасителот.

Местото каде бил роден Спасителот Исус Христос се наоѓа во карпа до која може да се дојде со подземни кружни скали. Денес 14-зрачната Сребрена ѕвезда го означува светото родно место на Исус Христос. Тоа ги прикажува 14. генерации од Аврама до Давида, потоа 14. генерации од Давида до Вавилонската  Империја, како и 14. генерации од Вавилон до Исуса Христа. Каменот на кој мајката Божја, Дева Марија го породила својот син Исус е во близина на Сребрената ѕвезда. Постојат тврдења дека оригиналниот камен бил однесен во Рим за време на крстоносните војни.

Раѓањето на Исус Христос во пештерата не е случајно, туку тоа било за да се покаже дека целиот свет е една темна пештера, дека само Тој може да светне. Раѓањето на Господ Исус Христос се случило во Витлеем, а Витлеем значи дом на лебот, да се покаже дека само Тој е единствениот леб на животот, достоен за вистинските луѓе. Во црквата велат дека Христос е роден без покрив над главата, бидејќи се очекува во христијанските срца и души да биде неговиот дом и засолниште.

Многу различни случки се забележани за црквата „Раѓањето на Исус Христос“ во текот на еден долг период на посети на христијаните од целиот свет на ова Свето место. Така, во 1850 година, во внатрешноста на црквата имало пожар од запалените свеќи, при што изгореле голем број икони. Затоа, Наполеон III поставил ѕид направен од азбест, кој сè уште стои и денес. Исто така, има и бројни христијански, а и непријатни случки кои остануваат забележани во историскиот развој на Црквата и Витлеем.

Базиликата „Раѓањето на Исус Христос“ е поделена и раководена од римокатолички, грко-православни (елинистички) и ерменски свештеници. За жал, тоа се случува во христијанството, особено во Израел. Сите тие три претставници на своите цркви имаат свое време за молитва.  Посетителите, христијаните, на кои ова им е најсветото место, палат свеќи, се молат за да им се исполнат нивните желби, едноставно, се молат на Бога.

 И ние при нашата посета на Израел, со помош на палестинска заедница, малку на чуден начин го посетивме Витлеем, местото каде бил роден Исус Христос и запаливме свеќи, се помоливме на Бога, се почувствувавме возвишено, необично, единствено, што беше голем момент во животот за нас христијаните од Македонија.

Меѓутоа, имавме мала непријатна сцена во црквата „Раѓањето на Исус Христос“. Имено, при нашата посета на ова свето место, храмот беше, празен, а времето за молитва, според распоредот беше на елинскиот (грчки) свештеник. И кога на свештеникот се претставивме дека сме од светата земја Македонија, тогаш, за жал, тој заборави дека служи на Бога и реагираше многу нехристијански, особено кога го фотографиравме епископскиот престол.

За среќа, веднаш по нехристијанската средба во Светиот град, се сретнавме и со еден ерменски свештеник од Ерменската православна црква, кој беше мошне љубезен со нас и нè третираше како вистински христијани. За возврат, ние му подаривме книга со македонски репродукции на икони и фрески од бројни македонски православни цркви и еден Библиски речник на македонски јазик. Притоа, тој изрази голема благодарност на пријателската и со слична судбина Македонската православна црква и на македонскиот народ. Исто така, голема чест ни беше укажана и во католичкиот дел на Светата црква, каде, по препорака на Ватикан бевме гости на еден бискуп од Католичката црква.

Ја напуштивме црквата „Раѓањето на Исус Христос“ и се упативме во центарот на светиот град Витлеем, каде имавме средба со нашиот пријател со кого имавме другарски и пријателски врски уште од времето кога со него студиравме во Скопје. И оваа средба беше трогателна, незаборавна, пријателска…Со нашиот пријател, неговото семејство и пријателите кои топло не пречекаа, зборувавме за минатите поминати времиња во Македонија, за иднината на Палестина, на Израел, на Македонија, за космополитскиот иден свет на мајката Земја. Во вечерните часови го напуштивме Витлеем и се упативме кон Ерусалим.

Продолжува

1slav katПишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top