Дијаспора

ДЕЛ ОД ЖИВОТНОТО ИСКУСТВО НА ИВАН ТРПОСКИ ВО МАКЕДОНИЈА (4)

1ova12

1kro3

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА ИВАН ТРПОСКИ ОД СИДНЕЈ, АВСТРАЛИЈА

ВО ДЕЛОТО „ОВА Е МОЈОТ ЖИВОТ“

Во ова продолжение ќе претставиме дел од детските денови на Иван Трпоски поминати во селото Волино, Охридко, Република Македонија, пренесувајќи ја неговата верзија на сеќавањата и случките во неговото  детство. Еве што пишува  Иван:

Овде е мирно, застани. Седни до мене. Не, немој овде, ќе си појдеме дома.

Дома, каде дома? Знаеш дека во една соба сите спиеме, и мојот родител и сестри ми и двегодишниот син Диме. Тој, пак, само да се помрднеме на рогузината, веднаш се разбудува. Жено, седни кога ти велам. Тоде, мало ни почина, ќе ни треба друга рожба. А и воено време е, може да ме земат војник, па никојпат повеќе да не се видиме.

По убедувањето, таа, засрамена, најпрво погледна наоколу, за да види да не има некој што сè уште останал во полето, а потоа полека седна до мажот.

Ете, така, не треба да се плашиш, ти си со мажот, не си со кој-годе.

Знам, само се срамам денски, не сакам да ни се гледаат срамотиите.

Е, ако де, убаво е од време на време да си ги видиме и на­шите физички облици. Почесто се љубиме ноќно време или кри-шум и набрзина.

Не, испотени сме, ќе ни биде гнас. Нека сме. Ние сме сопружници и не треба да се срамиме од тоа.

По краткото договарање, тој почна во еден здив да ѝ ја за-прегнува долгата бела кошула, да ја милува по белите бутови, на кои никогаш не допрел сончев зрак.

Полека, чекај, најпрво да го одврзам појасот за да го слечам клашеников… Неговите панталони брзо се лизнаа по нозете и џа-маданчето и кошулата, тие се веќе легнати на засушената есенска

трева. Рацете забрзано им се вкрстуваат по разголените кожи. Се милуваат по градите, по папоците, по нозете. Лакомо се бакнуваат, онака како страста нив ги намамува. Тој е веќе над неа. Милно и душка по лицето, гушата, градите. Ја стиска по бутовите, задникот, босиците… Со раширени нозе и стиснати раце околу неговиот врат, таа милно му се предава на љубовното блажество. Блискоста на половите органи, пак, им ги пали нивните страсти и ги сили кон полова кулминација. Во еден миг и тоа се случува. Така заграбени ритуалниот љубовен танц заеднички го одржуваат. Наизменично се стенка, офка, јачка… Се милуваат, бакнуваат, касаат… Оргазмот е кулминација што ги втиснува телата и ги присилува за да се спојат во едно. По празнењето на хормоните телата полека им се опушта-ат. Таа сетно си ги покрива разголените делови од телото, а тој, накашлувајќи се, победнички ѝ се насмевнува:

Ова ни беше едно од најубавите љубовни доживувања. Така нека биде, но немој да си ми рекол дека оваа беше само моја желба – посрамена таа му возврати на мажот. – Сега об-лекувај се, ајде да си одиме додека не нѐ фатил дожд.

Во топлото неделно претпладне, во новосоградениот дом ос­танаа само мајката Љуба, тетката Македонка и детето Диме. Дру­гите ги забраа пред себе биволите и заминаа в поле. Пареата од жешкиот леб се прошири наоколу. Тетката Македонка му скрши од лебот на тригодишниот внук Диме и подавајќи му го, го седна на едно трупче во дворот. Кокошките му се насобраа околу него. Фр-лајќи им по трошка од лебот, тој им се радуваше на нивното лакомо гракање. Наеднаш таквиот џагор со силен глас го прекина мајката Љуба која легната на сламата во еден агол од пондилата ѝ вика на золвата: „Македонке, брзо доаѓај, вади го бебево, тоа е веќе на врата!“ „Не, несто, јас сум млада и ми е срам да помогам во таква работа“, засрамено Македонка ѝ одговори на невестата.

Таа ја ос­тави родилката во морничави стенкања и офкања и избезумена се растрчува кон кај деленицата, пред чија врата заврескоте: „Стрино Николице, трчај мори, невестата Ноумица се пороѓа в пондила“. Бисера, се насмеа, ги изми рацете и со забрзани чекори влезе кај родилката. Глетката ја збунува. Детето е половина надвор, нема време за барање пелени. Таа ѝ клекнува меѓу нозете на родилката и му го постила својот скутник на новороденчето. Бебето, искрваве-но, ослободувајќи се од мајчиното легло, со силен глас го објавува доаѓањето на овој свет. Овој плачлив крик кој го вознемири двае­сет и првото јунско претпладне, полни девет месеци се исчекува-ше.

Така, сега гласот брзо ги исполни празните куќни простории, двориштето, цела Долна маала па сè до сред село допре. Да, така и треба. Нека дознаат мештаните на Волино дека селото се збогати уште со еден нов волинец, а Македонија со уште еден нов Маке­донец. Бисера, држејќи го искрвавеното бебе во својата скутина, ѝ ја објави радосната вест на родилката: „Неесто Наумице, јуначе роди! Нека ти е здраво и живо. Голем маж да порасни и родите­лите да ги одмени. Детево на тебе наликува. Сега кажи ми каде е ножот за да го пресечам папочново црево?“ ‒ ја запраша Бисера родилката. „Не знам, стрино. Немам памет во главава.

Видете, ако не е в ноќви, сигурно Науме го има земено в поле, пресечете го со нешто, со што било“, болежливо им одговара родилката. Македон­ка го здогледа српот што висеше обесен на башлакот, го зеде и ѝ го подаде на стрина ѝ Бисера. Таа за момент го вудвосува ’рскавото црево околу сечилото, трга и папокот го пресече. Па така мајчи­ниот деветмесечен спој со новороденчето и мајката засекогаш се прекинува. Мајката, по ослободувањето од својот пород, стана, се изми и го зеде детето во своето нарачје, го помилува по главчето и уморно прокоментира: „За вакви малечки суштества колкави маки мајките поднесуваат.

Но тоа е дел од човечкиот живот што мора да се издржува“. По доаѓањето од поле, Македонка, на своите, во еден здив им ја објави радосната вест за новороденчето. Секако, во можностите од тогашните услови, таткото Науме утешно ѝ се заблагодари на стрина му Бисера, парично ги награди децата кои се насобраа за да го видат новороденчето, а најбогато го награди братчето Диме. Ете така им се роди третото дете (второ живо) на брачната двојка Љуба и Науме Трпоски.

Проодолжува

1slave 1 Подготвил: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top