Дијаспора

ДЕЛ ОД ЖИВОТНИТЕ АКТИВНОСТИ НА ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД ОД КАНАДА (21)

1ka1

1ka190

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД 

Автобиографијата „Сеќавања” на Дана Скендова-Скотланд, е огледало на нејзиниот животен пат, судбина, минато, сегашност,  дел од нејзините лични и семејни постигнување, како и дел од иднината на  нејзиното семејство. Тоа е дело на издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје во 2015 година, на 220 страници, на англиски и македонски јазик, а го прведе и подготви за печат Славе Катин.

Во вовеведот на монографијата, меѓу другото, се вели декаживотната приказна на семејството Скендови започнала во познатото револуционерно село Неволјани, Леринско, во егејскиот дел на Македонија. Селото во кое се родени или имаат потекло плејада македонски интелектуалци, револуционери, бизнисмени и други  кои се бореле и ден-денес се борат за афирмација на македонските идеали и кои постигнале видни резултати на повеќе полиња.

Животот на Дана Скендова-Скотланд, пак, започнал во Битола во 1944 година, во градот на конзулите и градот на културата и образованието, за потоа во 1952 година заедно со родителите да замине во Канада каде што живее и денес. Од родната Македонија таа го понесе единственото чувство дека е Македонка и дека ќе остане тоа каде и да живее, на кој и да е дел на земјата.

Нема поблагородна работа од чувството да се осветли историската вистина за едно семејство, за една Македонка и нејзиното поколение како што е Дана Скендова-Скот ланд. Проникнувањето во семејните и индивидуалните хоризонти на семејството Скендови и на Дана ја откриваат сликата за судбината на Македонците од библлиска Македонија, особено за прогонетите од своите дедовски огништа, од егејскиот дел на Македонија.

Судбината на семејството Скендови била да ја напушти Македонија во немир- ните времиња исполнети со прогони, не правди, страв и сè она што може да го донесе војната и недемократските системи. Патот ги однел на повеќе балкански простори, за на крајот да се преселат и да го почнат својот живот во Канада, каде Дана со своето семејство живее повеќе од педесет години. Меѓутоа, иако ова доблесно семејство живее во демократска Канада, нивната втора татковина, тоа остана доследно на својата вековна македонска национална припадност и на своите дедовски корени во Македонија.

Во монографијата се дадени многу податоци за семејството Скендови – Скотланд, меѓу кои, и внукот Мајкл кој продолжил да игра фудбал додека учеше во средното училиште Mowat Collegiatie. Кога беше во последната година од средното училиште тој играше на позицијата напаѓач заради неговата брзина и тимот победи на Шампионатот во Скарборо кој што потоа стана шампион на Торонто. Тој, исто така, играше за средношколскиот одбојкарски тим и овој тим исто така постигнуваше успеси и победи на Шампионатот во одбојка кој што се одржа во Торонто. Неговото училиште се гордееше со тимовите, со двете први места и двете нови знаменца кои што се вееја во спортската сала во училиштето.

По неколку години, во пролетта тој можеше да патува со неговиот средношколски фудбалски тим во Миртл Бич на Флорида каде што тие учествуваа на турнир со други канадски и американски тимови. Женскиот фудбалски тим, исто така, се натпреваруваше, така што тоа во- едно претставуваше и мини одмор и можност за дружење.

Тој исто така играше за разни тимови на Скраборо во зимските и летните месеци. Мајкл, исто така, играше една сезона за тимот на Обединетите Македонци кој што учествуваше на Годишниот Црковно-народен собир кога тој се одржа во Торонто.

Мајкл се запиша на програмата за изучување на електричарскиот занает и доби награда на неговата матура од средно училиште за неговата одлична посветеност и марливост. Тој се истакнуваше во кариерата што ја одбра, односно како електричар, следејќи ги стапките на неговиот татко, Алекс и неговиот вујко, Чичо Мајк Димовски. По завршувањето на праксата и студиите на колеџ, каде што доби почести од прва класа, тој доби диплома и лиценца за електричар во декември 2014 година.

Ендрју исто така се запиша на програмата за изучување на електричарскиот занает преку неговото училиште и им се придружи на останатите членови од семејството во овој занает. 

1ka1390

Дел од активностите на Македонките во Канада

Мајкл, Ендрју и Макс исто така почнаа да посетуваат часови по теквондо, но само Ендрју и Макс останаа заинтересирани за овие тренинзи. Ендрју продолжи со тренингот по теквондо и се здоби со црн појас. Тој продолжи со тренинзите и исто така работеше како помошник инструктор со помладите ученици. Тој е многу мотивиран да учествува во овој спорт и се има натпреварувано и на локално и на национално ниво, собирајќи многу награди кои што се ран- гираат од 1-во до 3-то место. Тој исто така играше за рагби тимот на Средното училиште.

Макс кој што е најмалиот внук, уште од мали нозе имаше вродена способност за атлетика и висок натпреварувачки дух. Тој беше еден од најдобрите играчи и најдобар голгетер во неговиот фудбалски тим. Но, тој имаше страст и за кошарка и е извонреден играч. Тој исто така патуваше и играше на турнири надвор од градот, понекогаш и во државата Њујорк. Тој и понатаму е фудбалер со најголем број дадени голови, а во исто време е и еден од најмладите и веројатно еден од најмалите играчи. Тој престојуваше во голем број кампови за тренирање, вклучително и во оној на Торонто Рапторс. Имавме големи надежи за овој млад спортист.

Макс, исто така, оди на тренинзи по теквондо и е исто така во топ форма и еден од најдобрите во неговата возрасна група. Тој се натпреваруваше и на локално и на државно ниво каде што победи на бројни натпревари и освои повеќе награди за прво место. Тој покажуваше голема вештина, особено во спарингување.

Ние имавме можност да одиме и да ги ви- диме успесите и на Ендрју и на Макс и бевме најимпресионирани од нивниот талент за овој спорт за што се потребни голема дисциплина и концентрација.

Јас мислам дека Блер и јас, како нивни дедо и баба, со посветеност и огромна љубов во нашите срца се ставивме на нивно располагање и бевме позитивен фактор во нивните животи. Ние им ја овозможивме на момчињата (со исклучок на Макс) најдобрата возможна нега кога имаше потреба од тоа; кога беа бебиња, деца, млади тинејџери. Ние се забавувавме, се радувавме, имаше смеа, имаше и солзи, но дефинитивно тоа беа најдобрите години.

Ние го правевме тоа од дното на нашите срца и иако јас знам дека нашите услуги повеќе не им се потребни и дека нашата улога во грижата за нив одамна помина, јас чувствувам самоувереност и среќна сум што одигравме улога во нивното воспитување и ние со гордост можеме да кажеме дека имаме одредени заслуги во тоа што тое станаа извонредни млади луѓе.

Јас сум подеднакво горда на сите мои момчиња и сигурна сум дека и Блер би го споделил истото чувство. Ние работевме како тим и без Блер немаше едноставно да биде можно да се води грижа за петте енергични момчиња.

Како што сите ние знаеме, секое дете е уникатно и тоа важи и за сите наши шест внуци, од кои секој има различен карактер и сите покажуваат голем број разновидни интереси, но знам дека сите тие поседуваат способност и одлучност.

Во Канада постојат можности за сите да станат она што сакаат и со напор и мотивација тие може да бидат сигурни дека ќе успеат во она што ќе го одберат.

Крај

1sla1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top