Дијаспора

ИЗРАЕЛ ВО СОСТАВ НА МАКЕДОНСКАТА ИМПЕРИЈА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ (30)

1lamn1456

         1lamn1456

     ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИН

Според голем број светски автори Александар Македонски (Александар Велики) бил брилијантен, човек со големи амбиции кој го освоил светот и ги проширил  своето кралство и границата на Античка Македонија. Немилосрден, моќен и мистичен, Александар го урнал стариот поредок, ги продолжил и проширил идеите на неговиот татко Филип Македонски и создал нова светска држава, според своето сопствено убедување

Денес, ние Македонците, правдолјубивите научници и реалниот свет сме сведоци на тоа дека одреден број земји, „потковани„ со ненаучни факти и невистини, а поддржани од некои глобални политики на одредени големи сили, за жал и голем страм сакаат да ни го одземат нашето минато, сегашност и иднина и да ја изменат античката македонска библиска и денешна историја, култура, религија, јазик и македонската вистина.

Често се поставуват прашањата: Од каде потекнува Александар Трети Македонски? Кој е Александар Велики? Какво е неговото потекло, образование, воспитание? На која нација му припаѓал? Кои беа неговите знаења, умеења, намери, погледи, постигнувања? Каков бил неговиот одност кон културите надвор од античката Македонска империја  кон античките Елини-Грци и кон нивните градовите-држави (полисите), кон империите, кон глобалниот свет воопшто? Како тој станал најголем освојувач во целокупната историја на човештвото?

Многу прашања, многу одговори од илјадници научници, намерници и вљубеници на ликот и делото на Големиот Александар Трети Македонски, кој оставил вечни траги и за кој се напишани милиони страници од папируси до современи средства за информирање.

Тој ги отворил широко портите ние денешните Македонците да се запознаеме со нашето минато, а таа дејност да ја продолжат бројни интелектуалци, зошто во овој долг и богат со настани временски период, само два народа се нарекле Македонци: античките Македонци  и сегашните Македонци кои денес живеат на просторот на етничка Македонија и на сите континенти во светот.

Тој е херој во многу религиозни и световни дела во европскиот средновековен романтичарски период, квази-посветен човек во талмудската литература, Бог во Коптската црква на Египет, а и нов Ахил во грчката традиција Неговото персиско име Искандар, се уште предизвикува необични реакции кај некои народи кои се населени во пустите предели што се протегаат од Каспиското Mope до горните притоки на реката Инд.

Секоја светост, за да остане трајно во ко­лек­тивното паметење и да биде вечна инспирација на новите генерации, мора, најпрвин, да биде осквер­навена. Храмот во Ерусалим бил разурнат од вавилонскиот крал Набу-кодоносор, а Евреите биле про­терани како робови во Вавилон. Оттогаш потекнува псалмот кој со текот на времето се претвора во зак­лет­ва. Тој гласи: „Ако те заборавам Ерусалиме, нека ми се исуши десната рака, јазикот нека ми се залепи со непцето, ако те заборавам, ако ти, Ерусалиме, не ми бидеш најголема радост“.

 Во летописот на Ерусалим се наоѓа и Александар Македонски. Имено, Ерусалим бил освојуван од бројни воини, меѓу кои и од Александар Македонски. Ин­тересно е тоа што градот доживува значаен процут за времето на Александар Македонски, кој овде дошол во 332 година, пред новата ера, про­терувајќи ги оттука Персијците. Во неговото време, како и во времето на неговиот наследник Птоломеј, Ерусалим јакнел како религиозен центар и станал израз на духовната хармонија на Израелците.

Познато и потврдено е дека, походот на Александар Македонски против Персија бил успешен. Во неколкуте поголеми борби персиската војска била разбиена, а со тие територии загосподарил Александар Македонски. На тој начин и Евреите, кои дотогаш се наоѓале под власт на Персија потпаднале под власта на Македонија. Овој настан ја засегнал политичката и економската положба на еврејскиот народ и неговиот внатрешен живот, неговиот бит и обичаите, културата и, воопшто, целокупното живеење на еврејскиот народ.

Во врска со покорувањето, односно завладувањето со Евреите, при нашата посета на Израел ни беше речено дека меѓу Евреите останала забележана и една интересна легенда која пластично го претставува и „Освојувачот“” Александар Македонски. Имено, во еврејската историја се раскажува дека Александар Македонски на враќање од Египет, каде што бил примен со големи почести и прогласен за син на Богот Амон, решил да го завладее и Израел. Самарјаните по поразот на Персијците на Ис, побрзале да му ја изразат својата покорност на македонскиот завојувач и без отпор ја примиле неговата власт.

Меѓутоа, јудејските управници, кои се чувствувале обврзани со клетвата за верност кон персискиот владетел, одбиле да го сторат тоа. Нивното обраќање го разгневило Александар Македонски, кој решил да ги казни и тргнал на чело на армијата кон Ерусалим. Така, имено дошло до легендарната епизода што се одиграла пред древните ѕидишта на бесмртната еврејска престолнина.

Кога ја виделе опасноста од „Освојувачот“Јудејците вознемирени, побрзале да формираат многубројна делегација од првенци и свештенослужители, кои требало да го омекнат гневот на Александар. Тие облечени во великолепни свештенички одежди и со запалени факли во рацете го дочекале пред градските ѕидишта, на чело со првосвештеникот Јадуа.

Потоа, историската легенда зборува дека кога Александар се исправил пред јудејските свештенослужители и првенци, кои го очекувале, како да настанало некак-во чудо. Изненаден, тој го запрел својот коњ, и на големо изненадување на неговите полководци и придружбата, пристапил кон првосвештеникот Јадуа, и со почит му се поклонил. Од неговиот претходен бес немало ниту трага.

Полководецот Парменион не се воздржал и го прашал царот зошто толку бргу неговиот бес се претворил во необична милост кон покорените Евреи.

Ти си највеликиот цар на земјата – рекол Парменион Зошто се понижуваш, поклонувајќи се пред овој стар Евреин?

Александар, меѓутоа, ја прифатил раката на првосвештеникот и одговорил:

„Кога бев уште во Македонија и мечтаев да ја покорам Азија, ми се јави на сон едно чудно провидение, кое многу прилегаше на ликот на овој првосвештеник. Тој ми претскажа да не се плашам и да го преземам својот поход, бидејќи походот ќе заврши со блескава слава и со големи победи. Сега, кога го видов јудејскиот првосвештеник, се сетив за мојот сон. И поради тоа сакам да бидам милозлив и великодушен кон народот на чело на кој стои овој свештенослужител“, меѓу другото рекол Александар Македонски.

Потоа, легендата вели дека Александар Велики го поткрепил со својата моќна десница стариот белобрад првосвештеник и заедно со него, влегол во Ерусалим. Меѓутоа, неговото влегување во Вечниот град било не како покорувач, туку како најверен пријател, со цел да му принесе на Храмот жртва на израелскиот Бог. Наредниот ден Александар Македонски им соопштил на првенците дека им дозволува слободно да ја извршуваат својата власт и верските обичаи, според нивните закони и разбирање.

Продолжува

1sla1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top