Дијаспора

ПРОБЛЕМОТ ПОМЕЃУ КРАЛОТ АЛЕКСАНДАР И АЛЕКСАНДАР ЛИНКЕСТИАН (6)

1pove1256

1pove1256

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ВИСТИНАТА ЗА   МАКЕДОНИЈА“ НА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) БРАНОВ ОД КАНАДА

Противењето на Калистен многу го иритирало Александар кој не можел повеќе да ја издржи лутината за непослушноста од Калистен. Калистен исто така беше секогаш на страната на младите војничиња кога ќе направеа некој прекршок. Александар добил информација да тие му спремале и атентат за кој Калистен знаел, а не го известил Александар.

Еден од организаторите бил по име Хермолос кој за време на испитувањето најмногу критички го напаѓал Кралот Александар за нефер и неправилно осудување на македонските Генерали и херои како Филота, Парменио, Клеит, Александар Линкестиан и сега Калистен додека азиските војници не биле каз- нувани за ништо.

Према античките автори како Ариан, Плутар и Јастан, Калистен бил осуден и затворен во же- лезен кафез со отсечени усни, нос и уста, за да го гледаат војниците и да внесе страв на сите оние кој ќе имаат такви намери према него. Александар сакал да му пресуди на Калистен во прису- ство на Аристотел, но бидејќи не било изводливо тогаш тој бил обесен на крст.

Александар Линкестиан бил братучед по бабата на кралот Александар, Евродика. Линкестида бил антички град во близина на денешна Битола.

Жената на Аминта III дедото на Александар, Евродика била од Линкестидското Царство. Евродика имала три внуци од кои едниот бил Александар.

После убиството на Филип II овие трojцa браќа биле осoмничени од Александар како соучесници во убиството на неговиот татко Филип. Поради овoj сомнеж Александар Велики ги ликвидирал двата брата, а едниот истоименик Александар го оставил. Кога Александар ја започнал војната со Персија Александар од Линкестида бил повикан да учествува во македонската војска.

После победата на големата битка кај реката Граник на Александар од Линкестида му бил доделен повисок чин во војската. По извесно време Александар Велики дознал дека Александар Линкестиан пишувал писма за преговори со Дариј, персискиот цар. Тој му напишал дека ако му плател 1000 таленти тој ќе го ликвидирал Александар Македонски. Дариј се сложил со овој план. Кога се дознало и утврдило за овој план Александар од Линкестида бил осуден и погубен.

ДВОБОЈ ПОМЕЃУ КОРАГУС (АЛЕКСАНДАРОВИОТ ТЕЛОХРАНИТЕЛ) СО АТИЊАНИНОТ ДИОКСИППУС (ПРОФЕСИОНАЛЕН БОРАЧ)

Диоксипус бил борач кој бил поголем и поснажен од Македонецот Корагус. После една голема победа на македонската војска Александар Велики организирал спортски игри (Олимпијада) и овие борци требало да излезат на двобој.

Кога дошло закажаното време да се соочат овие два великана на стадионот, имало илјадници навивачи од грчка страна, а уште повеќе биле навивачите од македонска страна.

Уште на самиот почеток на борбата Македонецот нападнал со копје кое било веднаш преполовено од грчкиот борач. Кога Курагус посегнал по неговиот меч, меѓувремено Гркот истрчал, скокнал и го соборил македонскиот борач на земја. Тој му застанал со едната нога на врат, но во тој момент Александар Велики скокнал од своето седиште и веднаш ја прекинал борбата точно во моментот кога Гркот се подготвувал да му го зададе последниот смртоносен убод.

Крајниот исход од оваа борба бил многу понижувачки за Александар Велики и за македонските војници навивачи. Крајно разочарани македонските војници решиле да му се одмаздат на грчкиот победник. Тие решиле да ја сокријат кралската златна чаша (пехар) под перницата во собата на грчкиот борач.

Кога по извесно време Александар ја побарал чашата која била изгубена и не можел да ја најде, по кратко пребарување низ собата на грчкиот борач, војниците је пронашле под перницата на грчкиот борач Диоксиппус. Тој веднаш бил повикан на рапорт кај Александар Велики. Грчкиот борач тргнал да се сретне со кралот, но во моментот пред да пристигне пред Александар извршил самоубиство

Од оваа епизода може да се види колкава била омразата помеѓу овие два народа.

Пред да ја започне големата војна со Персија, Александар Велики планирал да обезбеди политичка стабилност со соседите. Тој со сите соседни држави преговарал за мир. На оние кои не сакале да склучат договор, Александар им објавувал војна. Како прво, Филип и Александар објавиле војна со Атињаните кај местото Коро- неа со катастрофални последици за Атињаните.

После оваа катастрофална војна кај Коронеа грчката доминантност драстично почнала да опаѓа и била заменета со нова доминација, а тоа била македонската.

1pove12567

Кратко време по смртта на Филип, Александар Македонски тргнал во поход за одмаздување со Персија поради злосторствата направени над грчкиот народ и горењето на Атина. Александар, како и неговата војска, биле потполно подготвени за овој голем воен подвиг.

Александар III наследил способна војска која била подготвена да ги жртвува своите животи за Александар и Македонија.

Александар, исто така, бил физички трениран со сите вештини и воени искуства од најдобри воени генерали и војници. Александар бил и психолошки подготвен од неговиот пријател и учител Аристотел. Тој го обожувал Хомер и неговата историја, а особено Ахил бил негов најсакан идол и тој насекаде ја носел Хомеровата книга.

Како прво, тој морал да војува и да се заштити од соседите и нивните постојани напади. Прво, успешно ги нападнал Илирите на запад, па Трабилите на север, Тракијците на исток и сите што имале недоразбирања со Александар III. Се вратил пак на југ да преговара за мир со Тева, но тие решиле да се спротивстават на Александар и неговата војска. Кратко време по неуспешните преговори со Тева, Александар ги нападнал.

Во оваа војна Тева била опустошена и повеќе од шест илјади Теванци биле погубени, а голем број заробени и однесени во Македонија како робови да работат во рудниците. Теванците биле наговорени од Атињаните да им објават војна на Македонците како тие еднаш засекогаш би се ос- лободиле од македонската тиранија. Атињаните им ветиле дека тие ќе бидат помогнати од Атина. За жал, Теванците биле оставени на милост и не- милост на македонската војска.

Продолжува 

1sla2Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top