Дијаспора

БЛИСКОСТА И ЗАЕДНИЧКАТА СУДБИНА НА ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА (34)

1kiru3

1kiru3

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИН

Почнувајќи од древниот период па до денес, Израел како и Македонија бил, е и ќе биде раскрсница на различни нации, цивилизации, култури, јазици и религии. Затоа, со право се вели дека историјата на Евреите и таа на Македонците е тесно поврзана. Почнувајќи од древните времиња на Александар Македонски, периодот на Римјаните и Византија, отоманскиот период па сè до следните светски војни, ќе се види дека Израел и Македонија имале слична, ако не и идентична судбина

Низ овој долг и важен период во Македонија само две нации го избрале името на земјата како дел од нивниот идентитет – древните Македонци и Македонците денес. Македонците ја добија својата независност, социјалните, политичките и културните права во 1944 година, за во 1991 година да се конституира независна, суверена и самостојна држава – Република Македонија.

Евреите, пак, во долгиот и тежок пат на опстојување, во времето кога Римјаните го разрушиле Ерусалим и во пламенот на огинот изгорел Светиот храм, Јудеја била разграбена и опустошена. На Евреите им било забрането да живеат во нивната татковина Јудеја, со што настапило големото еврејско раселување по светот. Потоа во Јудеја дошле муслиманите, крстоносците, Отоманците и секој на свој начин се однесува кон овој народ.

Секако, минатиот век за Евреите е најжалосниот, бидејќи, Ариевците на чело со Хитлер убиле 6 милиони Евреи. Со тоа еврејскиот холокауст не се заборава, туку остави големи лузни во душата на еврејскиот народ и во неговата историја.

Еврејскиот народ постои уште од номадскиот период преку создавањето на првата единствена држава на Евреите од 1030 до 930 година пр.н.е., па преку нејзиното распаѓање, покорувањето на Евреите и нивната емиграција, до создавањето на еврејската држава Изреал, која се реализира дури по Втората светска војна, на 14 мај 1948 година.

Во врска со еврејскиот холокауст, секоја година на 11 март во Скопје пред Споменикот на жртвите од бугарскиот фашистички окупатор, им се оддава почит на македонските Евреи. На тој ден во 1943 година, бугарската полиција на германските нацисти им предала 7.144 македонски Евреи.

Меѓутоа, макотрпниот живот, севкупните состојби, силната љубов кон својата вера, народ, земја, минато и иднина направи и од Македонците и од Евреите да формираат свои суверени и независни држави. Од Израел и од израелскиот народ треба да се учи колку тешко, макотрпно и со многу пожртвуваност се формира држава, како уште потешко се стекнува слободата и, како сето тоа возвишено, со силна вера, со голема љубов и со најголема надеж треба да се брани, гради, чува и развива новосоздадената држава. А, еврејскиот случај на создавање на држава и опстојување на истата е единствен пример во светот.

Инаку, кога зборуваме за судбинската поврзаност на македонскиот и еврејскиот народ и на Македонија и Израел, треба да се спомене дека Република Македонија се граничи со четири земји: Албанија, Бугарија, Грција, Србија и Косово. За жал, овие земји како во договор имаат аспирации и негаторски однос кон Македонија. Така Србите го негираат постоењето на автокефалноста на Македонската православна црква како продолжувач на Охридската архиепископија и не ја признаваат целосно границата меѓу Македонија и Косово.

Грција го негира уставното име на Република Македонија и со сите можни средства се бори да ја потцени и државата и народот со употреба на неприфатливата додавка БЈРМ. Албанија има територијални претензии кон западниот дел на Македонија, каде се случува популациска инвазија. Бугарија, пак, ја признава државата, а го негира македонскиот јазик. Од тие причини и не случајно Македонија е наречена „јаболко на раздорот на Балканскиот Полуостров“.

Исто така, и Израел се граничи со четири држави и тоа: Либан, Сирија, Јордан и Египет. Израел се наоѓа во изолирана положба како еврејска држава која е опкружена од Арапи, кои претежно се муслимани.

Односите меѓу Израел и соседните земји се одразуваат, речиси, на секој аспект на изразувањето на надворешните односи, како и на демографијата, економската и друга политика во текот на историјата. Сите тие соседни земји, на свој начин имаат територијални претензии и се однесуваат негаторски кон еврејскиот народ и еврејската држава. „Затоа и Израел често се нарекува како „јаболко на раздорот на Блискиот Исток“.

Меѓутоа, макотрпниот живот, целокупните состојби, силната љубов кон својата вера, народ, земја, минато и иднина направи и од Македоците и од Евреите да формираат свои суверени и независни држави. Од Израел и од израелскиот народ треба да се учи колку тешко, макотрпно и со многу пожртвуваност се формира држава, како уште потешко се стекнува слободата и како возвишено, со силна вера, со голема љубов и со најголема надеж треба да се брани, гради, чува и  развива новосоздадената држава. А еврејскиот случај на создавање држава и опстојување е единствен пример во светот, од кој може да се учи. Затоа, може да се заклучи дека историјата на Евреите и на Македонците е тесно поврзана. И едните и другите се библиски народи и имаат заедничка судбина.

Во Израел има многу мал број македонски Евреи, кои живеат во повеќе градови и кои се тесно поврзани со Република Македонија. Меѓутоа, врските меѓу двете земји се базираат токму со Евреите во Израел и Македонија.

Македонски православни цркви постојат во голем број прекуокеански и европски земји. Но, се чини дека изградба на македонски храм во Светиот град – Ерусалим е од посебно значење како за Црквата, исто така, и за македонскиот народ во целина. Инаку, идејата за изградба на македонска православна црква во Светиот град е вечна и света уште од времето на просветителите свети Кирил и свети Методиј, од времето на свети Климент и свети Наум Охридски, на цар Самуил, на Партение Зографски, од времето на поглаварите Доситеј и Михаил, до денешни дни кога поглавар е архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Имено, во 1999 година, за време на велигденскиот прием, сега починатиот поглавар на Македонската православна црква г.г. Михаил рече дека Македонската православна црква добила покана од израелските власти да изгради свој храм во таа света земја. Оваа вест беше примена со воодушевување не само кај црковните свештенослужители туку и кај македонскиот народ.

Тогаш беше обелоденета веста за изградба на македонска православна црква во Светиот град  – Ерусалим и беше речено дека можеби, таквата изградба ќе биде реализирана во рамките на активностите по повод 2000 -годишнината од христијанството. Оваа идеја предизвика голем интерес особено кај Македонците во дијаспората, потоа кај бизнисмените кои најавија дека ќе донираат за изградба на црква, исто така, и кај обичните верници.

Се чини дека поддршката на Македонија и на македонскиот народ од страна на Израел е неопходна и многу значајна. Тоа, секако, се потврдува со блискоста на овие две држави и два народа кои имаат слична и идентична судбина, историја…

Продолжува

1sla1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top