Дијаспора

ЕВРЕЈСКИОТ МЕМОРИЈАЛЕН ЦЕНТАР НА МАКЕДОНИЈА (35)

9o9i8

9o9i8

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИН

Според пишаните документи, пред Втората светска војна, во делот на Македонија која била под окупација на тогашна Југославија брoјoт на Евреите бил следниот: во Битола живееле околу 8.000 Евреи, во Скопје околу 3.000,  а во Штип околу 500 Евреи.

Меѓутоа, во април 1941 година, судбината си поиграла со Евреите, кога бугарската војска, која била сојузник на Силите на оската, навлегла во Македонија и окупирала голем дел од територијата. Во тоа Бугарија видела можност да си ја зголеми територијата и вовеле построги мерки. Така, на 4 октомври 1941 година, Бугарите вовеле закон со кој меѓу другото им забраниле на Евреите да бидат како било вмешани во општеството.

Малку подоцна, Бугарите ги собрале, речиси, сите Евреи од Битола и ги преместувале во посиромашни и помизерни делови за живеење. Наскоро, во 1942 година, Бугарите во Македонија и Егејска Македонија (северна Грција) започнале со депортирање на Евреите.

Ниту еден од уапсените не се вратил. Во 1943 година, во Треблинка биле убиени 98 проценти од вкупното еврејско население во Македонија, што е меѓу најголемиот процент во светот.

Според процените, во Треблинка биле убиени околу 900 илјади луѓе, од кои повеќе од 750.000 биле Евреи. Жртвите на холокаустот во тој логор, кој се наоѓал 100 километри североисточно од Варшава, биле убивани во периодот од  јули 1942 до октомври 1943 година.

Во чест и слава на македонските Евреи е изграден Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија (ладино: Sentro Memorial del Holokausto de los Djudios de la Makedonia; англиски: Holocaust Memorial Center for the Jews of Macedonia). Тој e мултимедијален центар посветен на настраданите 7.148 Евреи од Македонија за време на холокаустот и историјата на Евреите на Балканот.

Центарот се наоѓа во главниот град на Република Македонија -Скопје, Македонија, сместен на местото на некогашното Еврејско Маало. Овој значаен дом на холокаустот претставува мултимедијален центар, составен од неколку делови, кои бea поединечно отворани.

Градежните работи на центарот започнаа со поставувањето на камен-темелник на објектот, на 2 септември 2005 година, со поддршка на Македонска влада, а неговото официјално отворање се случи во 10 март 2011 година, 68 години по трагичниот настан за македонските Евреи.

Средствата за изградба на центарот бea обезбедени од повратот на имотите на Евреите од Македонија, кои ги загубиле животите во нацистичките логори и немаат никакви наследници. Ова беше овозможено преку донесувањето на Законот за реституција, која целосно беше завршена во декември 2007 година. Средствата беа раководени од страна на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, кој е и сопственик на објектот.

Меморијалниот центар е изграден на местото на некогашното Еврејско маало — средиште на еврејскиот живот во градот до нивната депортација во концентрацискиот камп Треблинка. Маалото постоело во градот до катастрофалниот земјотрес, кога било срушено, а подоцна на неговото место постоела Меѓуградската автобуска станица. Овој Меморијален центар се наоѓа зад новоизградениот Музеј на македонската борба, кој излегува на реката Вардар.

Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија беше официјално отворен на 10 март 2011 година, точно 68 години откако бугарските окупаторски сили ги депортирале македонските Евреи во концентрацискиот камп Треблинка.

Со пренесување на трите урни од загинатите Евреи од Битола, Штип и Скопје во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија започнаа церемониите за неговото официјално отворање. Колоната со урните ја придружуваа гардистите на Македонија, а ја предводеа градоначалниците на трите града, високи гости од светот, државни функционери, пратеници, рабини, граѓани. Колоната тргна од улицата „Македониј“и преку Камениот мост стигнала до влезот на Музејот, кој ќе биде вечното почивалиште на погубените македонски Евреи.

На отворањето присуствуваа високи функционери од Македонија, Израел и други земји. Меѓу гостите се наоѓаа: македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, македонскиот премиер Никола Груевски, израелскиот вицепремиер Моше Јалон, претседателите на Црна Гора и Албанија, Филип Вујановиќ и Бамир Топи, како и членови на Кнесетот, поглавари на верските заедници и претставници на дипломатскиот кор.

Веднаш по отворањето,Меморијалниот центар  на холокаустот на Евреите од Македонија предизвика голем интерест. Само три дена по отворањето, тој беше посетен од повеќе од 3.000 луѓе. 

Исто така, треба да се одбележи дека Бехар Израел, најстариот македонски Евреин на 3 мај 2011 година симболично запали шест свеќи во спомен на шесте милиони убиени Евреи од нацистите во Втората светска војна, на комеморацијата што во Меморијалниот центар во Скопје се одржа по повод Јом Ашоа, денот на еврејските жртви на холокаустот, кога воедно се одбележува и востанието на Евреите во Варшавското гето во 1943 година.

Сеќавањето на еврејските жртви на холокаустот е и за 7.148-те Евреи од Македонија кои ноќта меѓу 10-ти и 11 март 1943 година со одлука на владата на тогаш фашистичка Бугарија биле собрани од нивните домови и депортирани во нацистичкиот логор Треблинка во окупирана Полска.

На комеморација присуствуваше и амбасадорката на Германија во Скопје Улрике Кноц и други претставници на амбасади и членови на Еврејската заедница во Македонија.  Лилјана Мизрахи, претседателка на Фондот на холокаустот на РМ, рече оти се надева дека на некое наредно одбележување на Јом Ашоа (што на еврејски значи: страдање, уништување) ќе присуствува и бугарски претставник во знак на извинување.

Тогашнатаа претседателката на Еврејската заедница во РМ Бјанка Суботиќ истакна дека тие, како потомци на македонските Евреи, гордо и достоинствено секоја година го одбележуваат овој ден на местото на некогашното Еврејско Маало, во Меморијалниот центар што во нивни спомен беше отворен пред два месеца.

„Од нас и со нас продолжуваат да живеат еврејската вера, култура и традиција, како дел од етничкото шаренило на нашата татковина Република Македонија. Нека поменот за шест милиони невини жртви, од кои 1 милион деца, здушени  во нацистичките логори и крематориуми,  биде во совеста на секој од нас за зачувување на традиционалните вредности на живеење во заедништво и разбирање, верски соживот и заемна доверба и почит“, рече Суботиќ.

Продолжува

1sla1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top