Дијаспора

ДОАЃАЊЕТО НА СОПРУГАТА НА ИВАН, НАДА ВО АВСТРАЛИЈА (18)

1josi1234

1josi1234

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА ИВАН ТРПОСКИ ОД СИДНЕЈ, АВСТРАЛИЈА ВО ДЕЛОТО „ОВА Е МОЈОТ ЖИВОТ“ 

Ова продолжение ќе го посветиме на љубената на Иван Трпоски, неговата сопруга Нада во Австралија. Притоа ќе пренесеме интересни случувања во тие почетни години на нивниот успешен брак во новата средина во Австралија. Така, за ова продолжение Иван ќе го напише следното:

За пречекот на Нада најпрво зедов годишен одмор, потоа ор­ганизирав стан, а најпосле морав да организирам и нејзин пречек. Богоја и Јованка Бочески ветија дека тие ќе дојдат и со нивниот автомобил ќе ја превозиме Нада од пристаниште до дома. Босан-скиот Србин Мијо вети дека ќе ја донесе жена му за да подготви ручек. Така, дента пред да дојде Нада, јас си ги накупив сите по­требни намирници и пијалаци.

Нада се збогува со мајка ѝ Мара, прва од лево, стрина ѝ Трајанка и маштеата Менка Трпоски во Охрид (1970 год.)

Утрото на 12. 7. 1970 година точно во 7.00 часот тропнаа на врата Богоја и Јованка, а веднаш по нив, Војсе Иваноски ги довезе Мијо, неговата сопруга и трите нивни деца. Па така, најпрво наз­дравивме за светиот празник Св. Петар и Павле (Петровден), кој се совпаѓаше дента, а потоа и за Надиното доаѓање во Австралија. И покрај богатата гардероба што ја поседував, а имав да не претерам, околу петнаесет чифта чевли и што уште не друго. Сум купувал сè што ми се допаѓало, бидејќи немаше кој да ми прави програма во купувачката. За тој ден одбрав модерен англиски костум со џелат-ка, убава вратоврска со чапрак на неа, а на ракавите од кошулата опалски копчиња. Повторно ќе се правам зет, само овојпат за иста­та невеста. Се прекрстив и замолитвив кон Господ бог, што здрава и жива ќе ми ја донесе сопругата. Некој ќе се засмее за оваа молит­ва, но не е за смеење. Луѓе сме. Таа е млада и патува подолго време со разни луѓе, наеднаш ќе ја удрат хормоните в мозок и ќе заборави дека треба некој да ја пречека во Сиднеј. Па ако не ја најдеме таму, ќе испадне по онаа народната: Бендисан, не целиван! А бев сведок и видов што се случуваше кога патував со бродот.

Еве сме подготвени и тргнуваме за на пристаниште во Пир-монт. Уште од далеку го догледавме на бродското пристаниште и грчкиот брод „Патрис“ кој веќе беше засидрен. Луѓе како испуште-но улиште се раздвижуваа по морските кејови. Меѓу нив ги забе­лежавме најновите волински гастарбајтери Тоде Лабоски и Трене Иваноски, а со нив и коселчанецот Никола Трајчески. Тие ми ка­жаа дека Нада ја виделе на бродските тераси. Ми ја покажаа каде е застаната. Ми тропна нешто радосно во душата, па посакав вед­наш со мимика и викотници да ѝ покажам дека сум тука. Погле­дите ни се сретнаа. Ја видов милата моја сопруга како ми мавта со раката. Имаше рамна фризура, која послушно ѝ се крепеше на рамената. Облечена беше во синкаст волнен фустан кој немирно ѝ го притискаше бујното младо тело, прекриен со бело лесно џем­перче. Еве, по толку допишување, сега и физички ни се сретнаа нашите погледи. Не ја кријам радоста. Заемно бевме среќни. Пред да излезе Нада, луѓето во шеги ме искапија. Тешко тебе, ми велат, ти ќе си знаеш вечерва што ќе те снајде. По двегодишна осаменост, засушените алати во плуски ќе ви се претворат…!

Најпосле, еве ми ја сопругата. И таа стапна на австралиското копно. Се затрчуваме еден кон друг и низ весела смеа се слеавме во силна прегратка. Ја милувам по лицето, по косата, по телото. Срце­то силно ѝ тупоти. Очите ѝ се влажни. Целата е втурната во мене.

– Мислев дека ќе умрам пред да се видиме – со прекинувања на збо­ровите милно ми шепоти. Пријателите дојдоа да се поздрават со неа, а претходно дофрлуваа шеговити зборови упатени на наша сметка. Меѓу пречекувачите беа и братучедите на Нада, Науме и Климе Три-фуноски од Ливоишта, Трајче Шапкароски од Велгошти, Мијо и многу други. По поздравите и фотографирањето, со автомобилите се упативме дома. Тука нè пречекаа домаќинот Божин Николоски, Мијовата фамилија и соседите кои потекнуваа од ресенските села. Се наздравуваше со алкохолот што го донесе Нада: ракија и вињак, а и со австралиските пијалаци, виски, пиво, вино и разновидни безал­кохолни пијалаци. Грамофонот што го купила во Џибути трештеше со најнови македонски песни. По неговиот замор Мијо продолжи со неговата излитена виолина да дрнка и пее. Беше весело.

Не кријам, ќе признам. Еднаш кога влегов в соба за да земам некакви работи, внатре влезе и Нада. Нејзините очи просто ме молеа за да ѝ ја сми­рам љубовната вртоглавица. Јас ја помилував по лицето, по косата и страсно ја бакнав. Таа се запали, ме држеше за раце, целата залепена во мојата прегратка. Нема што да чекаме. Ја заклучивме вратата и се грабнавме како крадци за да ѝ се оддолжиме на љубовта. Низ рафал-ните бакнежи, пропратени со силни стисоци на истакнатите љубов­ни облици. Побрзавме со расфрлување на долните облеки, анасетот на оргазмот обострано беше мошне брз. Овој крадливски љубовен настан беше многу краток, спрема оној кој ќе треба да се одржи ве­черта, а на кој ќе треба да се допре секое видно и скришно мевце на двете наши запалени тела.

По претераното конзумирање алкохол, Хрватот Френк почна да јаде стакла од чаши, подоцна ќе се истепаа со Војсе, потоа со Мијо и на крај со Тоде. Нему маицата во крв му ја натопи. Ги сми­рив некако па почнаа повторно да се гушкаат, пеат и играат.

Вечерта ни дојде на посета поранешниот газда Трајче Спи­роски со сопругата Трајанка и децата Ленка, Љупчо и Гордан. Трај­че нè покани на свадба од некој негов роднина. Прифативме. Па така, Војсе со својот автомобил нѐ одвози со Нада, Тоде и Френк на свадбениот церемонијал на кој беше мошне весело. Во тогашните времиња во Австралија, на веселбите беа добредојдени и непока-нетите гости.

Нада кога дојде во Австралија почна да ги збира моите па­рични заеми. На Зарко Бочески му имав дадено 100 долари, на Боге Бочески 100 долари, на Андон Стоески 110 долари, на Тоде Ла­боски 60 долари, на Соколе Донески 30 долари, на Војсе Иваноски 10 долари, на Андон Стоески 115 долари итн.

Нада веднаш се вработи во фабрика за проверување на што­фови. Фабриката се викаше „Глобе“, а се наоѓаше во населбата Ен­море. На работа одеше и се враќаше пешки, а патот ѝ одземаше пет до осум минути.

Во писмото од татко ми имаше кратко писмо од маштеата Менка, а наменето за Нада. Еве неколку цитати од тоа писмо: „Здра-во несто Иванице, писмото ваше го добивме и научивме дека све добри, здрави и живи и све среќни што све заедно. Несто Иванице, со ногу голем поздрав од мене свекрвати Менка, несто писмово ти го пиша и плача како за ќерка, ми е жаљ за тебе и затва несто олку плача, а и за Иван, ако не су го родила ама ве сакам несто како свои чеда. Несто да ми кажиш како ти е животот таму дали се навикна или уште неси. Да ми пуштиш една слика со Иван, ногу сака да те гледа, ми се чинит од некаде пак ќе дојш и ќе ми се смејш како ми се смејше кога беше овде. Несто не ти бара ништо, ќора дода, само слика и ќе чека да ме израдвате со друго. Ние сме здрави ко воуци и кај мајка ти Мара се арни сношти бев и им однесов шамија за да е клат на чатија, брати Јонче е крена куќата. Несто Иванице сега да ти кажа Горица и Диме станаа и си се вселија во нивната куќа. Се шо најдоа пајнци лајци кренаа одовде. Сега несто создравје да ве најт писмово мое ве поздрвјам ја мајка ви Менка.“

Другиот ден им вративме одговор и им пративме слика и 53 долари. Деновиве на стан кај Божин дојде Цветко Димоски од Из-деглавје. Добар по душа, но неписмен по ука. Писмата за пријателите и за сопругата му ги пишував јас. Најмногу скршен се чув-ствуваше кога сакаше тој нешто љубовно да ѝ напише на сопру­гата, па се срамеше од мене тоа да ѝ го каже. Јас како човек од доверба му стоев на расположение и во строга дискретност, што и денес, по 40 години, таа обврска ја чувам. На барање од татко ми, му испратив уште 50 долари за да ги измири трошоците.

Во писмото од брат ми Спаско читам: Во Перт не слегувам јас за да го пречекам помалиот брат Ангеле, бидејќи ќе потрошам многу пари. Ангеле ќе дојде кај мене со еден мој пријател. Овде работат следниве волинци: Науме и Ристе Кожески, Ѓорше Лош­коски, Никола Војданоски, Димитри Маркоски, Диме Велјаноски, Љубе и Томе Јакимоски и Илија Илинкоски.

Препорачано писмо добивме од татко ми и од братучедот Кристафил. Еве ги новостите: Трпо ви испраќат извод на родени, сакат да го земете и него во Австралија.Тој е малолетен, па не знам дали ќе успеам или не, но ќе пробам. (Документите од Трпе со плачење ги поднесов на 15. 12. 1970 година. Ја проколнував и суд­бината и самиот себе, зошто се откорнавме од татковината сите, особено еве и ова младо дете кое нема ни 18 години).

Кристафил ми јавува дека се свршил за Вера Мартиноска од Мислешево, студентка на ВП во Битола. На свршувачката било многу весело, но на Кристафил не пошле да му честитаат неговите најмили: дедо му Никола, стрико му Љубе и сестра му Веса. Дедо му Никола и стрико му Љубе, останале затворени во одајче и не излегле и по молбата на Кристафил упатена до нив.

Проодолжува

1sla2 Подготвил: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top