Дијаспора

ДЕЛ ОД РАБОТНИТЕ И ДРУГИТЕ ОБВРСКИ НА ИВАН ВО АВСТРАЛИЈА (19)

1ctki12345

1ctki12345

И ова продолжение е исполнето со бројни активности на Иван Трпоски во Австралија. Притоа ќе пренесеме интересни случувања на полето на работата и активностите на овој истакнат македонски иселеник. За ова продолжение Иван ќе го напише следното:

Во стакларницата сакаа да ме сменат од денска да работам во попладневна смена за цело идно време. Денес е 8 мај 1972 година. Јас и онака бев револтиран од робовската работна дисциплина, па си ги побарав парите и веднаш завршив. На сјодвење се пријавив во Бирото за вработување во Њутеон, каде ми рекоа за кратко ќе

морам да причекам. На улица го сретнав Перо Сидороски од село Опеница, Охридско. Ми рече да појдам кај нив, примале работни­ци. Фабриката во која работеше Перо се викаше „Вин Фуд Продукт“, а се наоѓаше во населбата Мериквил. Во таа фабрика се преработуваа цреши и други овошни плодови, кои по преработката се извезуваа по слаткарските продавници. Другиот ден, во фабриката појдов точно во 7.00 часот и шефицата, г-ѓа Вајт, ми даде формулар што го исполнив и веднаш ме пушти да работам на машина со една убавка 18-годишна Либанка, Марија. Со неа над светлото ги над-гледувавме црешите. На црешите им ги вадевме семките (коските), на кои машината не успеала да им ги истисне. Тука работеа око­лу педесетина жени и десетина машки работници.

Платите ни беа пониски отколку во претходните фабрики. По неколку дена Перо Сидороски ја напушти работата, со образложение дека платата му била многу ниска. Овде се запознав и се спријателив со повеќето од вработените, особено со предработникот Тони Јаковчевиќ кој почесто ме оставаше да работам прекувремено. Прекувремената работа обично се состоеше само во чистење, односно миење на подот. Подоцна тој ме превезуваше со неговиот автомобил од дома до работа и обратно. Му плаќав според цената на возниот билет.

На 19. 5. 1972 година во писмото од татко ми Науме пишу­ва: На свадбата од Лазор и Маладенка Иваноски некој возач со ав­томобилот го удрил Ристе М. Стоески и му ги повредил ногата и раката. По повредата веднаш бил префрлен в болница. Во давање помош најмногу се истакнал Илија Илинкоски, кој целиот бербат се направил од излиената крв. В болница, со повредениот, покрај Илија, отишол и татко ми.

Зорка, сопругата на Павле Андроникоски, по 12 години не-родство, на свет донесла машко дете – Ѓорше. Трпе го вратиле вла­стите од Австрија поради малолетност. Сега за 6.000 динари днев­ница работи со фасадерот Власе Бочески.

На 21. 5. 1972 година јас и Тоде Лабоски со сопругите појдовме во населбата Дапто, 100 километри јужно од Сиднеј, на свадба од волинецот Лазор Бочески и ложанката Љуба Танеска.

Од 23. 5. 1972 година, мојот шеф Бил Вајт ми даде подобра работа и платата ми ја зголеми за 4 долари на недела. Владата, на сите работници во Нов Јужен Велс ни ги зголеми платите за 2 дола­ри неделно. Сега ми беше подобро бидејќи имав повеќе слободно време за седење. Бев одговорен на 10 казани каде се вареа цреши, издробени репи и лушпи од лимони и портокали. Нив ги затоплу-вав во две печки, во кои правев сируп од вода и шеќер. Секојдневно црешите, репките и ситно исечените лушпи од лимони и портокали ги подигнував со сирупот по неколку проценти. Кога ќе ја добиеја одредената јачина, нив од казаните ги црпеше друг човек и им ги носеше на жените за да ги пакуваат.

Додека печките го загреваа со пареа сирупот, јас се одморав. Тука работеа педесетина жени од кои половината беа распуштеници. Меѓу десетината мажи, пак, тука работеше и уште еден Македонец, Вангел од битолско. Тој им правеше многу смешки на жените. Кога јадеше, било што да било, велеше дека е Маде од Македонија. Еднаш си направи и сендвич. На целиот леб му ја ископа средата и лебот го наполни со грав и пиперки. Па кога го јадеше, од притискањето на рацете од стра­ните, грав му течеше по рацете и ракавите. Засмеан и замачкан по долгите мустаќи, со оџагарени очи, ќе речеше: Ова е македонски сендвич! Па така, покрај него во мензата и мене ми се смееја при­сутните, прашувајќи ме зошто и јас не јадам македонски сендвич? Но Вангел си беше таков, природен македонски патриот. Не може­ше секој да го имитира. Подоцна тука се вработи за кратко и брат му на Ѓорѓи, Митре Роштанковски.

На сопругата Нада два пати ѝ се случија несреќи. Еднаш пад­нала и со раката се потпрела на стаклото од скршеното шише од млеко. Со неколку копци ѝ ја сошија дланката. Другиот пат кога сакала да се симне од автобус прстенот и се заглавил на некоја метална шипка, па за малу ќе си го откинела прстот. Сепак, двете несреќи – среќно минаа.

Третиот ден со сопругата Нада, со Ѓорѓи Роштанковски и со Џејн бевме во зоолошка градина. Беше интересно патувањето со брод од Циркулар Кју до Варунга и назад. Погледот кон Сиднеј е брилијантен. Во Зоолошката градина нема измени, секогаш е исто: животни, птици, риби и изведби.

На 6. 7. 1972 година купив машина за пишување со латинич-ни букви „Оливети“ од Ѓорѓи Роштанковски за 50 долари. На 13. 7. 1972 година бев на забар за да ги поправам забите. Забарот беше Кинез и за 4 заби што ми ги пломбира ми наплати 20, а на сопругата Нада што ѝ го извади катникот ѝ зеде 3 долари. На 24. 7. 1972 година добив писмо од брат ми Спаско и во него чек на 450 долари. Значи ми го отплати долгот. Овојпат писмото му беше читко и уредно напишано, за пример меѓу досегашните.

Истиот ден добив писмо, а во него имаа пишувано по некол­ку реченици: татко ми Науме, зет ми Борис и брат ми Трпе. Велат дека пратките по Диме Чалдрмоски и Ѓорше Лошкоски ги добиле: цигари и по 5 долари за татко ми Науме и зет ми Борис, за Менка шамија, за Трпе мотористичка маица.

Од брат ми Ангеле, од планините во Западна Австралија, до­бивме писмо и негова работна фотографија. На 25. 7. 1972 година добивме писмо, односно покана, од Сергија Секулоски. Еве ја неговата содржина:

Драги братучед Иван – Нада. Бидејќи подготвуваме весела фамилијарна гозба – крштев­ка на нашиот долго очекуван син Самоил, се поканувате на фа­милијарната свеченост да присуствувате во недела на 30. 7. 1972 година.

На 15. 8. 1972 година Ѓорѓи Роштанковски нѐ покани на ве­чера, зашто другиот ден ќе отпатува за Македонија. Мораше на ваков трик да замине. Сам ќе се пријави да служи во ЈНА, за да ги избегне австралиските закони, со кои сè уште таа испраќаше свои војници во Виетнам.

Проодолжува

1sla1 Подготвил: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top