Дијаспора

ЕРУСАЛИМ И ОХРИД – ГРАДОВИ НА ВЕЧНОСТА (37)

1ctki123456

1ctki123456

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИН

Ерусалим е град на вечните убавини и на светите места. Низ милениуми  населението на Ерусалим, но и тие што доаѓале и доаѓаат да му се поклонат, го воспевале и го воспеваат како град на вечноста, како центар на светот, како главен град, како град со голема политичка моќ…Охрид, пак, кој поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како балкански и европски Ерусалим. Охрид е познат и како „град на светлината“, што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид

При посетата на Ерусалим се уверивме дека тој е исто­рис­ка крстосница на многубројни свети места; со посебна архитектура обли­кувана исклучително од ерусалимски камен ваден од пусти­ната со конфи­гурација на мали ритчиња од чии ви­со­чинки може  да  се види Мртвото Море. Инаку, уште од времето на Британците пос­тои за­кон со кој се регу­лира  изградбата  на  сите згради, куќи  и други об­­јек­­ти, да бидат исклучително со бел делкан камен (мермер).

Во Ерусалим, западниот ѕид, наречен од британската ман­да­торска  управа како „Ѕид на плачот“, поради секој­дневните, честопати со солзи накапени моли­тви на Евреите свртени со лицата кон ѕидот, се смета за последен остаток за најголемото свети­лиш­те во јудеизмот. Тоа е храмот кој на едно возвишение во Еру­салим го изградил Соломон, синот на кралот Давид, пред 3.000 години.

Често се вели дека историјата на човештвото е оградена со ѕидови. Меѓу нив, три заземаат посебно место: Кинескиот ѕид, граница меѓу цивилизацијата и вар­варството; Берлинскиот ѕид, сведоштво за една умисла да се пресече живото европско ткиво на два де­ла; и Ѕидот на плачот, симбол на секојдневната сред­ба на Евреите од целиот свет со својата судбина.

За Ерусалим се вели дека е град на вечните убавини и на светите места. Низ милениуми  населението на Ерусалим, но и тие што доаѓале и доаѓаат да му се поклонат, го воспевале и го воспеваат како град на вечноста, како центар на светот…

Според тоа тој има повеќе имиња што му се дадени во Светото писмо, во Мојсиевите записи и во литературата. Израелците го нарекуваат Јерушалаим, од каде потек­нува и денешното негово име – Ерусалим, што значи „град на мирот“. Меѓутоа, за постоењето на  Еру­салим – местото на Христовите маки, смртта и вос­крес­нувањето, во текот на последните два миле­ниумa не е врзан поимот мир.

Ниту на едно свето место во светот не потекле толку потоци крв како овде. Ни­ка­де толку жестоко не се воделе борби, никаде толку гневно не се мразело и напаѓало како во овој свет град што е сместен на студените и сиви карпи на планината Јуда. Трите светски религии – еврејската, христијанската и муслиманската, од градот напра­виле центар на раздорот. Истовремено, никаде не се кажале толку многу молитви како во Ерусалим.

Приказната за Ерусалим почнува кога моќ­ниот крал Давид го купил ридот над градот. Целта му била да изгради свет храм каде што би бил сместен Заветниот ковчег во кој се чувале плочите со Десетте Божји заповеди што Господ, преку Мојсеј, им ги објавил на децата на Израел. На кралот Давид, моќниот творец на првата еврејска држава, сепак, не му било дозволено да го изгради храмот, не­говите ра­це биле крвави. Таа света должност ќе стане ама­нет на неговиот син Соломон.

Уште од Мојсеј, од колено на колено се пренесувал споменот на илјадниците Евреи кои останале затрупани под камењата на египетските пирамиди. Градењето на светиот храм како трајно седиште на Заветниот ковчег, би требало да биде паметник  за годините на ропството, но и решеност ни­когаш повеќе да не се градат кули за туѓите господари или бесконечно да се талка по пустините. Со храмот, Евреите се пронаоѓаат самите себеси, на својата земја, под сенката на светилиштето кое ќе биде печат на нивниот сојуз со Бога. Градот Еру­са­лим станува свет град, а храмот светост над светос­тите.

Охрид, пак, кој поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како балкански и европски Ерусалим. Охрид е познат и како „град на светлината“, што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид. Тој без сомнение е еден од најважните градови на Балканот. Научниците сè уште ги откриваат многуте тајни што ги крие, додека Охрид полека еволуира во еден од најмодерните и најживописните градови во Македонија и на Балканот.

Охрид е македонскиот град во југозападниот дел на Македонија, на североисточното крајбрежје на Охридското Езеро, кое по градот го носи и своето име. Исто така, Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија.

Според една легенда, која ја запишале Браќата Миладиновци, кога се правела Охридската крепост, царот Јустинијан се качил на ридовите на кои лежи градот и гледајќи ја прекрасната околина извикал „ох рид“, т.е. каков убав рид и оттогаш останало градот да се вика Охрид

Според податоците, градот прв пат се споменува 2.400 години пред новата ера. Лихнид се наоѓал на патот Виа Егнација, наjстарата и наjзначаjната римска сообраќаjница на Балканот. Бригијците (Фригиjците) и Енхелеjците го сочинуваат наjстарото население кое може според името да се идентификува во пошироката област на Охридското Езеро.

Исто тка, Охрид се споменува и во V век од страна на римските историчари како добро утврден град со многубројни кули, кој, како и другите римски градови, се брани од силните напади на скитачките племиња. Во Х век Охрид, како престолнина на цар Самуил, има обновени и доста јаки тврдини – Охридското Кале.

Меѓутоа, Охрид како и Ерусалим, не само што бил најважниот град во регионот, туку бил и најважниот образовен центар и извор на писменоста на сите словенски народи. Во Охрид се наоѓа најстариот универзитет во Европа (IX век), додека во местото Плаошник близу градот се наоѓа реставрираната црква Св. Климент чии наоди укажуваат на фактот дека  таму имало универзитет од XIII век.

Според историските податоци, пак,  се знае дека охридските архиепископи, односно патријарси, се институирале со името на Јустинијана Прима од 535 година. Затоа уште повозвишено е значењето на ма­­ке­донската културно-духовна престолнина. „Јус­тинијана Прима“ со едикт на Јустинијан Први, роден во селото Таор кај Скопје, била прогласена за прва по ранг црква по Романија која го опфаќала просторот и на пропаднатото Западно Римско Царство. Тој примат траел 10 години, по што „Јустинијана Прима“ била прогласена за еднаква на Рим и Константинопол „за сите времиња“, што никогаш не е отповикано.

Охрид во православниот христијански свет го нарекуваат град на вечноста на Балканот. Според легендите, градот во минатото имал 365 цркви – колку и денови во годината. Исто така, овој езерски град има сличности со вечниот град во Израел, со Охридското Кале, црквата Св. Софија и Галеријата на охридските икони, црквите Свети Климент, Свети Наум,  убавата црква Св Јован Канео, Националниот музеј кој ги чува сесловенските икони и ракописи и многу други споменици од минатото. Затоа, често пати Охрид го викаат балкански Ерусалим.

Продолжува

1sla1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top