Дијаспора

ПРВАТА РОЖБА НА НАДА И ИВАН ТРПОСКИ ВО АВСТРАЛИЈА (20)

1park123

1park123

Ова продолжение е исполнето со бројни семејни активности на Иван и Нада Трпоски во Австралија. Притоа ќе пренесеме интересни случувања на полето на семејството и првата нивна рожба. За ова продолжение Иван ќе го напише следното:

На 17. 3. 1976 година, во попладневните часови, со сопругата Нада и со Мирче и Донка Симоновски отпатувавме во болницата Кинг Џорч во Њутеон поради породилни болки. Утрото на 18. 3. 1976 година, точно во 8.35 часот, Нада со царски зафат ја роди на­шата прва и единствена ќерка Билјана. Овој датум е најрадосниот датум во нашиот заеднички живот. Ова мала искра ни го осветли нашиот деветгодишен заеднички живот, кој го минавме во моно-тона темнина. Нашата среќа е неизмерна. Со нетрпение чекавме за да го видиме ова мало наше створение, оваа наша лоза и наша иднина.

Така, по веста за породувањето, со младата брачна двојка Донка и Мирче Симоновски, најпрво купивме букет свежо цвеќе и некои производи за родилката, потоа појдовме за да ги посетиме Нада и малото наше бебе. Нада сè уште спиеше. Да не ѝ го нару-шуваме сонот, ние појдовме да ја видиме малечката убавица. Сес­трите ни го покажаа бебето, кое имаше црна коса, собрани очиња и прчесто носе. Телото ѝ беше прошарано со сè уште свежа крв и безгрижно мирно си спиеше. Наеднаш ми се стемни во главата, ме фати некаков јад, мислите ми заталкаа некаде далеку, далеку преку мориња и меридијани. Па, обвинувајќи ја судбината, се запрашав: зошто сме осудени да живееме вечен номадски живот. Зарем ова прва наша рожба, што будно ја исчекувавме полни девет години не заслужува неа да ја видат и нашите најмили во татковината.

Но мислите ми ги прекратија Донка и Мирче Симоновски кои стис­кајќи ми ја раката, ми ја честитаа радоста со зборовите: Нека ти е жива ќерката, таа на тебе наликува! Ја оставивме Нада да спие. Јас се поврткав низ пазариштето во Њутеон и во 12.20 часот на пладне повторно се вратив во болницата. Нада кога ме виде почна да плаче. Ми вели што се случи со бебето. Мене не ми го покажаа? Добро е, здраво е, живо е! Имаме ќерка. Ѝ го подадов букетот. Се прегрнавме. Бебето се роди на 18. 3. 1976 година, само еден ден по изградбата на сиднејскиот мост Хаба, кој свечено е пуштен во упо­треба на 19. 3. 1932 година, чија изградба траела 8 години, а на кој работеле 1.600 работници од кои 16 погинале и во чија конструк-ција е потрошено 52.000 тони челик.

Таа се роди со 50 см. должина и со 3 кгр и 5 грама тежина. Веднаш за радосната вест им кажав на Трајанка и Трајче Спироски, на Марија и Ламбе Петрески, на фа­милиите од Крсте, Спиро и Митре Роштанковски, на Дана и Сер­гија Секулоски и на други пријатели. Секако телеграфски веста им ја јавив и на нашите најблиски во Македонија. Нада во болницата седа десет дена за кое време мене ми дојдоа на пиење неколку де­сетици луѓе од Сиднеј и Волонгонг, а братучедот Насте Терзиоски со својата колешка дојде дури од Мелбурн. На 26.3.1976 година со Лазор Стојоски, неговата сопруга Стојна и син им Денис, поминав­ме низ продавниците во Мериквил каде купиме креветче, облека и се што е потребно за женско бебе. Другиот ден, кон квечерина, ни ја пуштија Нада од болница. Медицинска сестра ни го донесе бебето надвор, на која јас ѝ дадов 10 долари. После со автомобилот на Лазор се одвозивме до дома. Но пред да излезе Нада од болница дојде Сергија Секулоски со фамилијата кој со видео камера сни­ми неколку кадрови од овој многу важен наш фамилијарен настан. Кога сјојдовме дома таму нè пречекаа Донка и Лилјана Војданоски кои имаа наредено на масите мезе и пијалаци, а со балони и кук-лички го имаа декорирано креветчето на бебето. Вечерта и другите вечери повторно почнаа да навраќаат и други пријатели.

Нас со Нада првата вечер со трето лице во нашиот дом ни беше мошне необична. Бебето кога ќе заплачеше, Нада го нудеше со млеко од своите гради, но понекогаш тоа бараше нешто друго, тоа не знае да ни каже, а ние не знаевме што да му правиме. Но, полека потребите нè научија, па така си почнавме нов живот, среќни, весели, насме­ани. Нада повеќе нема да ја проколнува судбината и себе што девет години ги мина во молитви и плачења. Еве, среќата ни се насмевна и нас, па ајде да зачекориме напред, зашто сега сме веќе тројца, а можеме да бидеме и повеќе. Господ нека ни е на помош нас и на сите добронамерни луѓе – амин!

Во писмото од брат ми Диме кој го има пишувано на 18.3.1976 година, (на роденденот од Билјана), пишува дека татко ми Науме во Струга се оперисал од диво месо во стомакот, односно тумор, па бил многу загрижен за своето здравје.

Во првото писмо што ни го испрати вујко ми Благоја Спиро­ски се вели: Внучко Иване, сите бевме весели кога ја слушнавме радосната вест за вашето првороденче. Јас ја разбрав веста од тат­ко ти Науме кога го посетив во струшката болница. Ми кажуваше и плачеше. Ваква новост од вас тој чекал девет години. Ваквата прекуокеанска вест многу го импресионирала та почесто од радост плачел. Весел е и дедо ви Целе Спироски. Весели се сите роднини и пријатели. Еве во знак на пријатно расположение на бебето му испраќам банкнота од 5.000 динари, завршува вујко ми Благоја.

Во второто писмо од брат ми Диме се вели: Три дена и три ноќи во куќата од татко ми Науме се јаде и пие. Тоа ни го јавува и сестра ми Ристана, која вели дека цело село дојде да ни честита, таа наброја само две-три фамилии кои не пошле за да им честитаат.

Во писмото од татко ми Науме се вели: Не жалев за да ги на-пијам пријателите, оваа вест за мене е богатство. Чувајте ја малата! А во писмото од маштеата Менка се вели: Му благодарам на Господ што ви подари ќерка за да бидете смешани во луѓе. И по­желувам весело детство и долг и среќен живот. Во писмото од брат ми Трпе разбравме дека веста за раѓањето на нашата ќерка, а него­ва внука, многу го развеселила, па таму, во пеколните предели на Западна Австралија, на своите соработници по број вели дека биле 12 ги почестил со голема пијачка, а на Билјана и имаше пуштено 10 долари, и за нас со Нада по 2 долари за да се напиеме. Честит­ки добивме и од баџанакот Ѓорше Лошкоски. Писмо добивме и од братучед ми Кристафил, кој вели: веселата новост за раѓањето на вашата ќерка Билјана ни отвори мотив за да продолжиме со допи­шување…

На 2. 4. 1976 година, по долгото чекање за да ѝ одбере име на малата, кумот Танас Калајџиески од Струга, ние не дочекавме. Така. во детската амбуланта во Белмор Нада им ја пренесла нашата желба бебето да се вика Билјана. Ете. од тој момент на ќерка ни ѝ остана вечно и вековито тоа име охридско и македонско.

На нашите најблиски роднини им испративме писма со по една фотографија од Билјана и парично по 5 или 10 долари за на­пивање. На 25. 4. 1976 година, Велигден, со сопругата Нада и ќерка ни Билјана, Стеван и Мара Војданоски нè одвозија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Розбери, каде што попот Владимир Попоски ѝ отпеа молитва на Билјана. На враќање појдовме кај Стеван каде поручавме и ги вративме Нада и Билјана дома, а јас зедов шише виски и со Стеван и неговата фамилија се вративме повторно в црква. Запаливме свеќи за здравје и излеговме надвор каде што со напивање и кршкање на црвени јајца си го честитавме најголемиот христијански празник воскреснувањето на Исус Христос и за мо­литвата на ќерка ми Билјана. Така надвор се изнајдовме со многу Охриѓани, Стружани и други познати Македонци. Спрема бројот на посетители во овој храм, за овој ден, се поминати десетина илја­ди Македонски верници. На вториот ден од Велигден дојде дома за да ја прегледа Билјана д-р Аткинсон придружуван од една убава, млада девојка. Рече дека бебето убаво напредува. Нада им даде по неколку црвени јајца.

На 6. 5. 1976 година, на ден Ѓурѓовден, дојде брат ми Трпе од Западна Австралија за да ја види Билјана. Се изненадивме, зашто тој на ненајавено ни дојде. Документите што ги испратив во Емигрешиун, од брат ми Диме и шура ми Јонче Иваноски, ни ги вратија со негативни од­говори; Австралија повеќе не прима неквалификувани работници!

На 27. 6. 1976 година се одржа крштевката на ќерка ни Билја­на. Крштевката се одржа во црквата „Св. Кирил и Методија“ во Роз­бери, а неа ја изврши свештеникот Владимир Попоски. За кум при крштевањето го овластивме брат ми Трпе. На веселбата учествуваа 150 гости, а се одржа во просториите на Вик Петерс Меморијал Хол

во Елвуд. Имаше музички оркестар кој ги разонодуваше присутни­те. Беше многу весело, особено кога играа постарите луѓе Крсте Роштанковски и Науме Јакимоски. Сергија со својата видео камера успеа со неколку кадри од настанот да остави вечен белег од овој наш фамилијарен историски настан. На веселбата имавме присут­ни: Хрвати, Италијанци, Грци, Австралијанци… но најбројни беа Македонците. Поради работни обврски на веселбата не ни дојдоа тетиновците Милан Стоески и Живко Тупанчески и првите брату­чеди од Нада, Илинка Ѓорѓиоска и Лазор Иваноски со фамилиите.

Веднаш по крштевката од Билјана, другиот ден си одеше за Мешеишта кумот на Нада Ристо Војданоски. Отидов на аеродром за да го испратам. По него за татко ми пратив – 50 долари, за брат ми Спаско – кутија цигари, за мајка ѝ на Нада, Мара Иваноска –шамија.

Во писмото, татко ми, покрај другото вели: на ден Иванден по неколкумесечно лекување, почина вашиот дедо, стрико и на мајка ви Љуба, Вангел Спироски. Веднаш му јавивме на братуче­дот Ламбе Петрески, со кој отидовме кај син му на Вангел, Божин Спироски за да му изразиме сочувство.

На 4. 7. подоцна вечерта, за Западна Австралија замина и брат ми Трпе, кого го испратив на локалниот аеродром.

Проодолжува

1sla2 Подготвил: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top