Дијаспора

ГОЛЕМАТА ЉУБОВ НА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ КОН ДРЕВНИТЕ МАКЕДОНСКИ КОРЕНИ (2)

1park1234

1park1234

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Македонија, татковината на Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски е библиска, света земја. Таа со својата древност и милениумска вековитост е гордост, радост и тага, сон и јаве за секој Македонец. Нејзината географска положба ја прави крстосница на различни цивилизации, религии, традиции и обичаи.  И денес Македонија сè уште во себе крие многу тајни од минатото, кои, веројатно ќе бидат предизвик за наредните генерации.

За историскиот развој на Македонија, од античко време па до ден-денес, пишувале голем број странски и домашни автори. Некои се обиделе да ја искриват македонската сторија, а некои лесно ги презентираат историските факти за Македонија и македонскиот народ.

Често се вели дека Македонија е земја на премрежиња, но и земја на убавини, земја на мистерии и опстојувања, каде што силните луѓе преживеале војни, глад, освојувачи, навреди, империи, притоа зачувувајќи ја волшебноста на своето име. Од величествените времиња на Филип и Александар Македонски, преку римските и византиските владеења, преку големите миграции на Словените на југ и потпаѓањето под Отоманската Империја.

Не случајно на многу трговци и каравани низ Македонија им поминувале патиштата, а за многу воени експедиции, војски, победници и поразени таа била многу вековен мегдан. Тоа значи дека секој камен, секоја грутка црна земја, секоја река и планина, зборуваат за бурната историја на Македонија. Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски отсекогаш бил одушевен од она што го слушал, читал и доживувал за античка Македонија. А и неговото родно Марул и Прилеп кои се сместени во Пелагонија, значајниот дел на античка Македонија, ја поттикнуваат неговата љубов кон древните корени

Низ овој долг и богат временски период само два народа го избрале името на оваа земја за нераздвоен дел на својот идентитет – древните Македонци и Македонците денес, а тоа претставува силна врска која датира од пред милениуми, укажувајќи на посветувањето на овие народи на својата библиска земја.

Македонеците се народ на кој најдоброто оро му е античкото оро, кое се вика „тешкото”, затоа објективно и не можеле да имаат поинаква судбина и минато. Македонија, всушност била и е лулка на цивилизациските средишта како една најстара светска цивилизација.Тоа се потврдило со фактот дека со името Македонија уште во античките времиња се означувала една мала покраина во непосредна близина на Пела, денешното село Постол – престолнината на античкото македонско царство. Исто така треба да нагласи дека Македонија како историско и географско подрачје се споменува како земја на неколку места и во Библијата.

Инаку, Долна Македонија, за разлика од Горна Македонија претежно е рамничарска земја. Таа на југ ја ограничуваат водите на Егејското Море, на југозапад водите на Термајскиот Залив и Перијанските Планини, на запад планините Вермион, Верас и Пајко, на север планинските масиви на Балкан, а на исток ридестата разделница меѓу долините на Вардар и Струма. Вардар ја дели Долна Македонија на источна и западна.

Западната половина на Долна Македонија физички и географски е карактеристична по централната рамнина создадена од наносите на реките Вардар, Бистрица, Лудијас и Галикос. Оваа плодна земја (со површина од околу 1.500 километри квадратни) на југ ја ограничуваат водите на Термајскиот Залив, на југозапад планините на Перија, на запад планината Вермион, на север планината Пајко, а на исток реката Вардар.

Се чини Филип II Mакедонски и Александар III Македонски (Велики), се најзначајните личности во античкиот период. Тие биле воини, стратези, генијалци и кралеви на античка Македонија. Тие го сменија текот на историјата, границите на континентите и филозофијата на животекот. Затоа и по околу три илјади години останаа да бидат непресушна инспирација и восхит за вечни времиња.Филип II Македонски (359–336 година пред Христа) потекнувал од династијата Аргеади. Тој бил син на кралот Аминта, а станал македонски крал на 23- годишна возраст. Филип монархот со сета своја мудрост, знаење, искуство, воинственост и храброст, ги отворил вратите на својата родна Македонија кон светот.

1park12345Златниот ковчег со шеснаесет кракото македонско сонце од Кутлеш (Палатица)

Меѓутоа, најголем територијален, политички, воен и економски подем и процут, незапаметен и незабележан каде било на друго место на планетата Земја, Македонија доживеала во времето кога на престолот дошол најуспешниот мудрец, стратег, војсководец и бестрашен борец Александар III Македонски (Велики). Бил роден во Пела, од таткото Филип и мајката Олимпија Епирска, во јули (златец) 356 година пред Христа, од династијата Аргеади.

Стекнал слава на генијален стратег, воин, војсководец, мудрец и визионер за голема светска држава. Со своите успешни воени походи ги покорил Анадолија, Сирија, Египет, Персија и Месопотамија, проширувајќи ги границите на Македонија сè до Авганистан и Индија. Под неговата команда на илјадници километри квадратни биле бројни држави, царства, империи, племенски заедници, народи и нации.

Насекаде каде што војувал и освојувал, тој воведувал посебна власт и управа, при што ги почитувал и локалните традиции и обичаи. Истовремено бил иницијатор и организатор на големи градителски подвизи. До ден-денес останале траги од некои имиња, градови, места и обележја подигнати во Александровото време.

Само еден месец пред да наполни 33 години, легендата умира под сè уште контроверзни околности во јули (златец) 323 година пред Христа, во Вавилон. Хероите заминуваат – но делата, записите, преданијата, митовите и легендите остануваат. Александар III Македонски (Велики) впиша ново поглавје во светската историја, воената доктрина, во литературата и културата.

Затоа, Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски отсекогаш бил одушевен од она што го слушал, читал и доживувал за античка Македонија, особено за Филип и Александар Македонски. А и неговото родно Марул и Прилеп кои се сместени во Пелагонија, значајниот дел на античка Македонија, ја поттикнуваат неговата љубов кон древните корени на Македонија.

Така, во една пригода ке изјави дека секогаш ја следел и ќе ја следи идејата на најголемиот Македонец на сите времиња – Александар Македонски, кој не поробуваше туку обединуваше народи. Така, таа ѕвезда – водилка Ѓорѓија го води кон духовното спокојство за повторно воскреснување и вековно опстојување на македонштината. Името македонско достојно прозвучува во светот.

Последен доказ за тоа е признавањето на Република Македонија под уставното име од страна на САД, втората татковина на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. Полека но сигурно му се остваруваат сонот и визијата за иднината на неговата татковина. Тој знае дека патот е тежок, но верува дека вистината ќе ја победи неправдата – Македонците ќе го остварат отсонуваниот сон, денот да ги раздени во нивната Македонија, онаа Александровата со наш обединет Егеј, Пирин, Вардар, Голо Брдо, Гора, Мала Преспа.

Продолжува 

1sla2 Пишува; СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top