Дијаспора

ПОТЕКЛОТО НА ЛУ (ИЛИЈА) ВЛАШО ОД СЕЛОТО БРЕЗНИЦА, КОСТУРСКО ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (4)

1ija21

1ija21

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО – АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“

Во првиот дел од монографското дело под наслов „Прва генерација“ е забележано следното: Роден сум во Охајо. Но, моите родители дојдоа од Брезница, мало село во денешна Егејска Македонија. Татко ми, Зисо Влашо, веројатно никогаш претходно немал патувано подалеку од неговот село кога бил дете. Во тоа време, само да стигнеш до најблискиот град Лерин (Флорина), кој бил оддалечен некои 20 до 25 милји, требаше многу да патуваш на магаре или пешки. Така што дури и помислата да го преминеш океанот била застрашувачка. 

Сепак, тој дојде во САД во 1914 година, на возраст од 16 години, заедно со неговиот татко – мојот дедо, Ило, чие име го носам јас – и неговиот брат Кано, и резервирале пат до Њујорк. Тие престојувале кај роднини во Медисон, пред да се преселат во Синсинати и на крај во Кентон, Охајо, да најдат работа.

Дедо ми го заработил своето „богатство“ – колку што мислел дека му е потребно – во САД и се вратил во Брезница, но татко ми се вратил во 1928 година само да си најде невеста. И ја најде совршената невеста во Тина (Атина Кристоу) Малта. Се сеќавам дека мајка ми ни кажуваше дека таа не очекувала тој и неговото семејство да ја изберат бидејќи била премногу млада, имала само 17 години.

 Но, фамилијата Влашо дошла во посета и се било договорено. Во денешно време тоа може да звучи необично, но меѓу нив се разви вистинска љубов.

Татко ми се врати на работа во САД во 1930 година. Шест години подоцна, тој испрати абер да ја повлече и мајка ми и нивниот син, мојот постар брат, Стив.

 Оф, што не би дал да можам да седнам со татко ми, да се напијам една македонска ракија и да ја слушнам неговата приказна!

Што го натерало да си замине? Што го врати назад во САД? Зе мене голема непознаница – тој никогаш не зборуваше за тоа – но, верувам дека татко ми бил еден од многуте Македонци кои си заминале поради тоа што Грција го правела на нивната земја. Грција припои голем дел од Македонија, вклучувајќи го и родното село на татко ми, во 1914 година, по Првата Балканска војна. Тие започнале со етничко „чистење“, менувајќи ги имињата на луѓето и на селата, за тие да звучат и изгледаат грчки.

Ситуацијата само се влошувала. Грчката влада почнала да ја уништува историјата; палела книги и документи, уривала гробишта и ги менувала називите на градбите. Во средината на 1940-тите години, таа укинала државјанство на 44 000 македонски деца и ги депортирала во бегалски кампови надвор од земјата; дополнителната приказна во склоп на ова поглавје објаснува како фамилијата на татко ми, од тие причини, сега е раселена насекаде низ светот.

Дури и пасошот на мајка ми тогаш станал грчки. Билетот од трета класа за нејзиното патување во САД со бродот „Италија“ го имаше нејзиното сменето презиме, од Влашо, на грчка транкрипција Власас. Таа пристигна во Њујорк со син кој бил многу возбуден што ќе го види татка си.

Но, младиот Стив учел грчки јазик, не македонски јазик, во селското училиште, кое било под управа на грчката влада. Така, тој го поздрави татка си на грчки јазик. Мајка ми јасно се сеќаваше на тој момент.

„Јас не сум Грк!” татко ми одговори, навидум доста строго. Јас и мојата помлада сестра, никогаш не го научивме тој јазик. А мојот брат, никогаш повеќе нема да го зборува.

Во текот на нашето детство, нашите родители правеа отстапки за грчкиот јазик. Тие го зборуваа кога не сакаа ние, децата, да разбереме што кажуваат. И кога не носеа во црква за Велигден, најблиската православна црква во Кентон беше грчка. Така што таму и одевме – но само за Велигден.

Нашите родители имаа пријатели кои беа Грци – нашиот проблем беше со владата, не со луѓето – а мама и тато зборуваа на грчки јазик кога тие пријатели ни доаѓаа во посета. Моите родители не беа образовани, но зборуваа три јазици – македонски, грчки и англиски јазик.

Немавме фамилија во Кентон, така Македонската патриотска организација (МПО) беше таа која ги спојуваше сите за време на семејните настани. Одевме на специјални настани и пикници, можеби неколку пати во годината. Имаше доволно луѓе во областа Кентон, што се собираа околу 50 до 100 луѓе за секоја прослава.

1ija213  

Семејството Влашо во Брезница

Со нетрпение ги очекувавме прославите. Имаше игранки (вечеринки) со македонски свирачки групи. Не знаев баш добро да танцувам, но тоа беше време кога се дружевме со луѓе кои ни беа пријатели. Со години, се што знаев за Македонија како земја, беше МПО.

Сакам да им кажувам на луѓето дека сум пораснал на село, но тоа село од Македонија се пресели во Кентон, Охајо. Нашиот јазик беше македонски јазик. Зборувавме македонски цело време кога бевме дома. Никогаш не научив да читам на македонски, но се раскажуваа приказни и песните кои се пееја беа од селото. Јадевме македонски јадења до толку што еднаш се пожалив на мајка ми: „Зошто не можеме да јадеме нешто американско, како што прават сите други?“

Денес, се би дал мајка ми да е тука и да ми направи едно македонско јадење. Имавме манџи, звучи исто како италијанскиот збор за јадење. Но, тие беа различни, секакви. Еден ден имавме говедско месо со компири, или грав и слични работи. Децата од соседството не разбираа што е тоа и постојано не задеваа: „Зошто секогаш јадете манџа – немате ли ништо друго?“

Јадевме пита полнета со сирење, со спанаќ, со праз или кисела зелка. А за тоа имаше и добра причина; навистина заситуваше и не беше скапа. Јадевме пржени пиперки со домашен леб кој го правеше мајка ми. Алвата беше редок десерт бидејќи путерот и шеќерот беа многу скапи. Но, ми беше омилена. 

А и ракијата. Беше семејна традиција да се направи, како што беше македонска традиција да се пие. На есен татко ми секогаш правеше вино. Ќе позајмеше мелница, како преса, за низ неа да го истиска и испресува грозјето, за да направи ракија.

Ноќе, ќе отидевме до кај еден од соседите кој имаше тоа што јас го викам казан. Ќе се прикрадевме во темница за да го однесеме и никој да не нè види – можеа да не пријават за прекршување на законот за алкохолни пијалаци.

Казанот беше голем бакарен сад, голем колку едно буре за нафта, а капакот имаше една закривена цевка – луле, која излегуваше од него. Во него се вареше смесата од грозје и уште неколку состојки кои се ставаа во казанот, а кондензацијата излегуваше преку лулето. Течноста која излегуваше од лулето се ставаше во шишиња и се добиваше ракија. Не излегуваше многу – бевме среќни ако добиевме две до три шишиња.

Додека ја правевме нашата ракија, секој прозорец и секоја ролетна беше затворена во куќата. Каков показател! Ролетните на прозорците во нашата куќа никогаш не биле затворени во ниедно време.

Продолжува 

1sla2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top