Дијаспора

ПРОГЛАСЕНИ НАГРАДЕНИТЕ ДЕЛА ЗА ПРЛИЧЕВА НАГРАДА

1djop12345

1djop12345

Жири комисијата во состав на Мери Петковска (претседател),Славица Ристеска и Драгица Митев ги објави наградените дела од традиционалниот конкурс за Прличева награда за 2022 година организиран од Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј.

Конкурсот се организира за последните 45 години и има за цел да ги поттикне Македонците во Австралија да го промовира македонскиот јазик и ја задржува традицијата за негување на македонскиот пишан збор. За четирите категории пристигнаа 44 дела. Жири комисијата ја донесе следнава одлука:

Песни за возрасни

Прва награда: „Од туѓина стигнав“  –  Шифра: дедо и баба, автор Наум Трајчески

Втора награда: „За сите кој се молат за некого“  – Шифра: Те молам за втора шанса, автор Оливера Јовановска

Трета награда: „Од главата си патиме“ – Шифра:?, автор Наум Пауноски

Трета награда: „Казна“ –  Шифра: мајка, автор Наум Трајчески
 

Песни за деца

Прва награда: „Новата учителка“ –  Шифра: Стариот учител, автор Ристе Петрески

Втора награда: „Не е смешно другарче“ –  Шифра:Трендафилчиња, автор Гроздан Јовановски

Трета награда: „Училиште зрак од светла иднина“ – Шифра:Деца,Деца, автор Оливера Јовановска

Раскази за возрасни

Прва награда: „Бројаница“ – Шифра: Бројаница, автор Љубица Поповска

Втора награда: Не припаѓам во твојот свет – Шифра: Те напуштам, автор Оливера Јовановска

Трета награда: „Геноцид“ – Шифра: Планети, автор Велика Џангаловска Гатсис

Раскази за деца

Прва награда: „Нов будилник“ – Шифра:?, автор Гордана Димовска

Втора награда: „Двете мали мечиња“ – Шифра: Планети, автор Велика Џангаловска Гатсис

Трета награда: „Маица“ – Шифра: Маица, автор Љубица Поповска

Првонаградена песна за возрасни:

ОД ТУЃНА СТИГНАВ      

Ко уморена птица

од туѓина стигнав.

В растурено гнездо

јас ноќта ја минав.

Многупати ќерне

се завртев в час.

Наоколу гледав,

не испуштив глас.

Можеби по патот

татко ми ќе мине,

јавајќи на коњот

дома за да стигне?!

Бериќетот сакам

повторно да никне.

Мајка ми од негде

” Сине!” да ми викне!

Ветровите веат,

прашина се крева.

Во куќата наша

сега има врева.

Радувај се, село,

со нас сите збрани-

сонцето те грее

од неколку страни!

Потомци млади

дојдени се тука,

за баба и дедо

срцето им чука.

Дома да се врати

не видоа дедо,

не слушнаа баба

да им каже: “Чедо!”

Наум Трајчески

Првонаградена песна за деца:

НОВАТА  УЧИТЕЛКА            

Од како учителот 

во пензија појде

на негово место

учителка ни дојде.

Се престави таа

со презиме и име

истото го посака

да го сториме ние.

Внимателно сите 

не прозива со ред 

зборовите и беа

послатки од мед.

“Ќе говориме денес

за природата дечиња

во гората знаеме

има многу мечиња.

Природата е мајка 

сите што не храни

од секакво зло

таа нас не брани”.

Ристе Петрески

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top