Дијаспора

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА ЛУ ВЛАШО ВО АМЕРИКА (6)

1vistin123

                                         1vistin123

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО – АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“

Мораш да имаш нешто во главата инаку никогаш нема да бидеш успешен.

Иако завршив стручно средно училиште, секогаш знаев дека ќе одам на колеџ. Прашањето беше само каде и кога ќе одам.

Моите родители, и двајцата, исто така влијаеа на мојата одлука само со тоа што претпоставуваа дека тоа ќе се случи. Тоа секогаш се претпоставуваше, се подразбираше. 

Сепак, тоа не се случи со спортска стипендија.

Едно време мислев дека ќе можам. Многу се заинтересирав за кошарка и фудбал. Почнав да тренирам во Младинската асоцијација на млади христијани (YMCA), каде имаше тим кој играше со други регионални тимови и беше на 10 улици оддалечена од кај нас. Бев низок по раст, но тоа не ме спречи. Играв одбрана и бев одбранбен играч во фудбалскиот тим.

Но, кошарката беше мој спорт. Играв кога можев, и додека стигнав осмо одделение, бев доволно добар за директорот на училиштето да сака да ме врати да можам да играм уште една година за тимот Белден Биверс (Belden Beavers).

Тренерот на нашиот кошаркарски тим беше Боб Де Пјетро, кој исто така беше и помошник тренер во средното училиште Кентон Мекинли (Canton McKinley High School). Во тоа време, Кентон Мекинли беше познато насекаде во државата поради тимовите кои излегуваа од него, и тој сметаше дека имам потенцијал да играм во Мекинли. Се согласив.

Во меѓувреме, работев се што работеа сите момчиња на моја возраст за да заработат пари: носев стапови за голф на тие што играа голф и одвреме навреме, пред машините да ја превземат таа работа, работев на „берење“, собирање топчиња кои играчите на голф ги удираа за време на тренинзите во локалниот кантри клуб.

 Летото пред да почнам да одам во Кентон Мекинли, „берев“ за еден професионален асистент. Само што ја кренав главата откако му собрав една топка, кога ме погоди друга топка точно во коската над левото око.

Веднаш ме однесоа во болница каде поминав цели 10 дена. Всушност, тоа беше единствениот период во мојот живот кога сум бил пациент во болница. Загубив повеќето од видот на тоа око од повредата на очниот нерв. Окото функционира, и можам нормално да си го живеам животот, но не можам многу да видам нешто што се наоѓа право пред мене. Веднаш научив, а во следните 70 години потврдив, дека има причина зошто господ ни дал две очи.

По таа повреда, завршија моите спортски денови. Им дојде крај на моите соништа за фудбал. Отштетата што ја добив за повредата на окото ми помогна да платам за колеџ, за мојот прв автомобил, и на крај, за мојата прва куќа. Една година поминав во Мекинли и потоа се префрлив во стручното средно училиште, Кентон Тимкен, насока книговодство.

Сепак, Кентон Тимкен добро ме подготви за колеџ и за периодот потоа. Беше навистина прекрасен и горд ден кога ја добив наградата за Заслужни поранешни ученици (Distinguished Alumni Award) во 2008 година, чест која не ја очекував, но сепак многу ја ценев.

Дури и во средното училиште бев навистина ангажиран. Се кандидирав за претседател на класот во завршната година и изгубив за толку малку гласови разлика, така што се бараше повторно броење на гласовите.

И други работи, покрај моите родители, влијаеа на тоа да останам на патеката кон колеџот, иако не бев секогаш свесен дека тоа се случува. 

На мојата прва работа преку лето во Репаблик Стил, во третата смена од 23.00, навистина ми беше напорно. Ми ги даваа најлошите работи во фабриката. Сте виделе ли некогаш топилница? Јас сум видел. Сум бил надвор од вратата, од дупката. Моравме таму да ставаме згура, и личеше на пудинг или на супа. Но, вжештена.

Исто така сум работел и кај ѕидарите, кои ги поправаа печките за правење железо. Кога ќе извадеа една од печките за да ја заменат, во подрумот под отворените огнови на печките, имаше едни што се нарекуваа коцки. Тоа се мали тули наредени во редици и гарежот од печката паѓаше на нив, како пепелта од решетката за скара.

Една од моите работи беше да влезам внатре ползејќи со копач во рака и една направа како санка која на неа имаше заврзано јаже. Ќе ја ископавме целата гареж на таа санка и тие ќе ја извлечеа. Тоа беше највалканата работа во фабриката.

Имавме еден надзорник кој го викавме Шпанец бидејќи беше од Шпанија, иако мислам дека се викаше Фернандез. Никогаш не можев да сфатам зошто ми ги даваше сите тие тешки работи.

                  1vistin123.4

                                                      Куќата на Влашо во Кентон

 Неговите баба и дедо имаа бар на крајот од улицата. Една вечер, кога го видов внатре, одлучив да влезам.

 „Не ми е намера да се жалам. Мило ми е што работам бидејќи ми требаат пари“, му кажав. Но, го прашав, зошто ми ги дава сите тие тешки работи.

„Намерно го правев тоа“, ми одговори тој..

 „Зошто?“ прашав.

Тој одговори: „Не сакав да станеш еден од оние момчиња кои мислат „Сега работам и заработувам, нема да се вратам во училиште.“

Му реков дека есента дефинитивно се враќам во училиште.

Следното лето, ми даваше лесни работи.

Дополнителна приказна 1

 Грчката влада и Македонија

Замислете си да не можете да го зборувате вашиот мајчин јазик.

Замислете си да сте принудени да го промените вашето име.

Замислете си никогаш повеќе да не ги видите родителите

Замислете си да бидете одвоени од вашите браќа и сестри

Замислете си никогаш да не можете да го посетите вашето родно место.

Замислете да бидете мачени поради тоа што сте.

Замислете гробовите на вашите семејства да бидат уништени.

Замислете вашата црква да биде изгорена.

Не треба да си замислите – ова беше реалноста на Македонецот во Грција.

Факти од краткиот филм „Егзодусот на Македонците од Егејска Македонија“

Продолжува 

1slavek3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top