Дијаспора

ПОЧИНА НЕДА ЛОЗАНОВСКА –ЧЛЕН НА ЛИТЕРАТУРНОТО ДРУШТВО „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ ОД ТОРОНТО

1br1234

                                  1br1234

На 10 март 2023 година  во Торонто, на 85 годишна возраст, почина Македонката Неда Лозановска, родена Василевска која беше позната и призната во македонската заедница како поетеса и афирматорите на македонскиот јазик, култура, обичаи, религија, на македонскиот народ, на Преспа, и на Македонија. 

Неда Лозановска беше родена на  25  август  1938  година, пред славењето на Света Голема Богородица, во селото Штрбово, во Преспа. Се омажила за Алексо Лозановски од селото Арвати, исто така во Преспа. Во Штрбово го поминала детството и го завршила основното образование. Во 1965 година со семејството се доселува во Битола, а во 1971 година, заедно со сопругот Алексо и децата Здравко и Соња заминуваат за Торонто, каде семејството Лозановски живее повеќе од педесет години. Иако ова доблесно семејство живее во демократска Канада, тоа остана доследно на својата вековна македонска национална припадност и на своите корени во Македонија.

Родно место на Неда Лозановска е Штрбово, кое се наоѓа на десната страна на асфалтниот пат Макази-Маркова Нога. Тоа го зафаќа средишниот дел на источната страна на брегот на Големото Преспанско Езеро, во подножјето на Баба Планина, каде и се наоѓа убавата куќа на Неда и Леко Лозановски и на нивната фамилија. Селото е планинско, и се издига на надморска височина од околу 900 метри, чиј атар зазема простор од околу 10 километри квадратни. Во него преовладуваат шуми, пасишта, обработливо земјиште и плажи на Преспанското Езеро

Штрбово е старо христијанско село во кое секогаш живееле православни Македонци. Се претпоставува дека настанало во XV век, а можеби и порано. Тоа најпрво се споменува во Слепчевскиот кодик од 1548 година

Се пренесуваат сеќавања дека Штрбово трипати било дислоцирано. За потеклото на името на селото Штрбово постојат две преданија. Според првото предание, бегот што ја поседувал земјата бил штрб во забите, а според другото, селото го добило името од обликот на земјиштето каде било сместено.

До Втората светска војна во Штрбово немало ниту еден човек со завршено средно образование, но во слободна Македонија со вишо или високо образование се стекнале преку педесеттина штрбовчани.

Денес многу интектуалци од Штрбово се стекнале и со научни звања, магистри и доктори на науки. Од Штрбово потекнуваат д-р Владимир Филиповски, професор на Економскиот факултет во Скопје; д-р Јулија Филиповска, професор на Универзитетот во Барцелона, Шпанија, потоа м-р Јонче Филиповски и факултетски образованите штрбовчани, меѓу кои Митре Фотевски, Цветко Цветковски, Спасе Диневски, Блаже Диневски, Спасе Кирјаковски, како и иселениците Блаже, Славе и Јонче Малинајдовски во Охајо, Јонче Диневски во Торонто и други.

Посебно место му припаѓа на Никола-Коле Гроздановски, кој е и лекар и сликар роден во Штрбово, а живее во Загреб. Често за него се вели дека е уметник од Загреб, лекар од Охрид и вљубеник во Преспа. Овој познат и признат Македонец беше првиот претседател на Македонската заедница во Хрватска

Меѓу познатите штрбовчани е, секако поетесата Неда Василевска – Лозановска, која во изминатите педесетина години во Канада, таа беше една од активистите во македонската заедница во Торонто. Меѓу другото, таа беше еден од првите членови на Литературното друштво “Браќа Миладиновци” при МПЦ “Св. Климент Охридски” од Торонто, во кое била и потпретседател.

Објавила десетина поетски творби во Канада и во Македонија. Нејзино прво поетско остварување е стихозбирката “Молк” објавена во 1993 година. Потоа ги објавила стихозбирките: “Напуштени дворови”, 1994, “Премолк” и “Моите мисли и зборови”, 1998, “Подмамка”, 2002, “Подалеку од занесот”, 2004, “Туѓи патишта”, 2006, “Загриз во сонот”, 2008, “Бесоница”, 2009, “Ѕвездена везилка”, 2010, стихозбирките „Небесна ѕвезда“ и “Разделба” во 2011 година и „Автобиографијата“, објавена во 2014 година.

Стихозбирката „Молк“ на Неда Лозановска  е прво нејзино поетско дело, подготвено и објавено во 1993 година. Во ова дело може да се види дека, бескрајни се тагата и копнежот далеку од родното огниште. Проклетсвото е судбината на откорнатикот. Како што поетски ќе рече и Неда  „Таму ни животот е живот, ни сонот е сон“. Затоа со право се вели дека болката како релевантен потсрек на поетската инспирација, како еден вид напишано правило, се преповторува и во случјаот со Неда Лозановска. Таа како Македонка далеку од сопствената грутка земја и коренот, домаќинка и мајка, честопати сама со себе, го започнувала своето преслушување на минатото низ  стиховите.         

Книгата “Молк” донесува само помал дел од фондот стихиви, кои ги создавала авторката, но сосема доволни на број да го презентираат нејзиниот поетски свет и да ја потврдат како автор во иселеништвото и во Македонија.

Стихозбирките ,,Напуштените дворови”, 1994 година, “Премолк” и “Моите мисли и зборови”, 1998 година се стихозбирки за Македонија, каде е огништето на Неда. Со тоа, поезијата на Неда Лозановска, всушност е претстава за темното и светлото. Затоа и Неда ќе напише:

„Ние, откорнатите, во душата имаме тешка болка, во нас ја носиме старата слика. Кога се враќаме во нашето родно место, гледаме споменици, гледаме камења кои ги покриле трнливи капини, синорите се сменале, а на нашите плеќи товарот останал. Иако купивме куќи, купивме и таму имаме, стан, куќа, нива, друга куќа во селото Штрбово, сè е под своја стреа. Ние одиме и се враќаме со тела студени, над облаци лебдиме, иако чуваме автомобил во Македонија, останавме туѓинци“.

За целосна слика за Неда и нејзиниот сопруг Алексо и нивното семејство Лозановски, за нивната семејна прикаска, судбина, успеси, за нивното  постигнување  на  литературно поле и с’е  она што значи Неда и Алексо е дадено во делото „Автобиографија“ на Неда. Во делото, на  еден  многу  интересен,  наративен  начин, се вметнати   многу    убави описи, романсиерски обиди, мудри изреки, поучни совети, а со тоа се презентирани историскиот, животниот, семејниот, иселеничкиот и творечкиот опус, пред сè на поетесата Неда Лозановска.

Неда Лозановска беше голем роднокраен поборник и вљубеник во македонскиот поетски пишан збор. Во исто време со својата поезија е позната, не само во македонската заедница во Торонто, особено преку Литературното друштво „Браќа Миладиновци” што е во рамките на МПЦ „Свети Климент Охридски“, туку и во Македонија.

Со право се вели дека поетесата Неда Лозановска беше на распетие меѓу Преспа и Торонто. Како резултат на тоа, во Македонија, меѓу другото, таа беше член на Друштвото на писателите на Македонија, учесник на Струшките поетски вечери, добитник на “Иселеничката грамота” што и‘ ја додели Матицата на иселениците од Македонија, како и беше добитник на други награди и признанија. Затоа е големо задоволството кога ќе се најде успешна Македонка во светот, која голем дел од својот живот го посветила на пишаниот збор за Македонија.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top