Дијаспора

ДОАЃАЊЕТО НА ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ ВО СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ (13)

1cari123

1cari123

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Името и делото на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски е тесно поврзано со неговата втора татковина – Соединетите Американски држави (САД). Затоа во оваа пригода ќе дадеме кус историски преглед за САД, земјата во која живее, се развива, проширува, опстојува и постигнува напредок семејството Атанасоски

Соединетите Американски Држави – ветената земја, како ја нарекваат Македонците и другите доселеници, се сојузна република со Северна Америка, сместена меѓу Атланскиот и Тихиот Океан, меѓу Канада и Мексико, составена од 50 сојузни држави и еден сојузенокруг. Заедно со Аљаска и Хаваите, таа е една од најголемите во светот, во која живеат над 250 милиони жители. Најголем број Американци се доселени од Европа, првенствено од Велика Британија и од Ирска, потоа од Германија, Италија, Русија од Октомвриската револуција), од Полска, Норвешка, Шведска, потоа има бројно црнечко (африканско) население, Индијанци, Јапонци, Кинези, Македонија и други народи.

Главен град е Вашингтон, кој се наоѓа во Сојузниот округ Колумбија и заедно со предградијата има над три милиони жители. Други важни метрополи се: Њујорк, Чикаго, Лос Ангелес, Филаделфија, Детроит, Бостон, Балтимор, Кливленд, Сан Франциско и други. Релјефот на САД е многу разновиден: континенталниот дел се дели на неколку големи географски области, различни по простор и природни богатства. Таму владее од континентална, суптропска, приморска, континентално-планинска и арктичка до умерено топла океанска клима. САД располага со големо богатство на планини, езера и реки. Најпознати езера се: Горното, Хјурон, Мичиген, Ири и Онтарио, а од реките Мисисипи, Мисури, Рио Гранде Колорадо и други.

Најстари познати жители на денешната територија на САД се Ескимите и Индијанците. Се претпоставува дека од Европјаните на Северноамериканскиот континент први дошле Норманите пред илјада години. Кристифор Колумбо ја откри Северна Америка во 1492 година, а во почетокот на 16 век почнаа да доаѓаат и првите европски колонисти од: Англија, Франција, Холандија, Шведска, Шпанија, кои, за да освојат простори, воделе војна со Индијанците

Инаку, во интервјуто што го водевме во телевизијата „Сонце“ на 29 април 2012 година, бизнисменот Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски беше искрен, расположен и отворен во разговорот и во продолжение, меѓу другото за неговото преселување во Соединетите Американски Држави одговори на моите прашања како што следното:

СН-К: Како се снајдовте во Њујорк и како течеше животот?

ЃА: Со авион преку Ирска и Атлантскиот Океан се приземјивме на аеродромот во Њујорк. Во овој мегалополис стасав на 28 април 1970 година. Таму ме чекаа брат ми и неговата девојка, па заедно отидовме во станот каде што тие живееја во познатиот кварт Менхетн.

Во Њујорк останав седум години. За мене е значаен овој огромен град бидејќи таму се исшколував и некако Њујорк го чувствувам како мое родно место. Три години работев како инженер, меѓутоа со брат ми решивме, наместо за други, да работиме за себе. Затоа отворивме своја компанија во Милфорд, место оддалечено еден и пол час од Њујорк.

СН-К: По Њујорк, дали следи Флорида и нови предизвици?

ЃА: Во почетокот стартувавме како три компании. Останавме таму до 1980 година. Потоа размислувавме да се преселиме на Флорида, каде веќе една година произведувавме специјални машини за повеќе фирми што имаа потреба од нив. Кога се поврзавме како три компании со останатите, добивме работа од познатата фирма „Кодак“. Натаму го проширивме производството и правевме машини кои одеа на јапонскиот пазар. Кога веќе направивме за Јапонија, тогаш ние произведовме и за нас. И бизнисот ни тргна многу добро.

Конечно, решивме да се преселиме на сончевата Флорида, која климатски ни беше мошне добра опција. Дојдовме до Ормонд Бич. Таму купивме триесетина хектари земја до една главна магистрала. Имавме многу идеи, бевме доста ангажирани и посветени на тоа да успееме, па така започна нашата флоридско – американско – македонска лична, семејна и бизнис приказна.

Инаку, во Њујорк од 1974 до 1980 година бев секретар на Македонското друштво кое беше наше убаво катче во мегалополисот на Ист Ривер. А во Њу Џерси одев во нашите духовни храмови „Св. Никола“ и „Св. Кирил и Методиј“, за која црква татко ми даде донација, бидејќи тој по една и пол година дојде кај мене во Њу Џерси заедно со мајка ми и сестра ми. А јас за црквата на Флорида дадов 188.000 долари. Во меѓувреме кога добив државјанство по четиринаесет години, е, тогаш навистина бев горд и задоволен. Во 1984 година дојдов во Прилеп. За првпат по подолго време. И така речиси на секои две години сум во мојата Македонија.

1cari1234Мостот Бруклин во Њујорк

СН-К: Идеите, идеалите и битката за самостојна Македонија, дали отсекогаш сте ја носеле во себе и постојано сте ја промовирале?

ЃА: Доаѓам во мојата татковина за која уште одамна пред 1991 година, насекаде велев дека ќе биде самостојна, суверена, независна Република Македонија. И пред осамостојувањето, Македонското друштво организираше демонстрации пред ОН, затоа што ние и тогаш се залагавме да имаме суверена Македонија. И предадовме документ со нашите барања во тој дух. Сакам да истакнам дека за време на приемот во Организацијата на Обединетите нации, отидовме заедно да се радуваме и да го прославиме големиот чин.

Во 1992 година се организиравме шеесет и двајца Македонци – патриоти, се собравме и се договоривме да создадеме организација – „Македонски светски конгрес“. На тој конгрес мене ме избраа за претседател и развивме доста значајна активност. Лобиравме и лобираме за вистината на нашето име и нашите национални достоинства во мултикултурното американско општество. Постојано на реверот ја носам значката на која се наоѓа цела етничка Македонија и горд сум на тоа.

СН-К: Нели корените не се забораваат, каде и да се наоѓа човек во светот?

ЃА: Да. Јас сум роден во Марул, Прилепско и таму сакам да изградам една викенд куќа. Барем еднаш нека е годишно, меѓутоа ќе одам да седнам, да си приспомнам на моето време, да ги видам градините и полето. Да си муабетиме со моите драги пријатели и роднини. Во Прилеп имам многу пријатели. И не само во Прилеп, туку речиси во сите градови во етничка Македонија. Далечината го прави своето но носталгијата и спомените траат вечно.

Ние Македонците од сите делови на нашата земја веќе еднаш треба духовно да се обединиме и економски да се поврземе. Работам на таа стратегија подолго време и се надевам на нејзино реализирање.

СН-К: Вие сте лауреат на повеќе награди и признанија, ќе издвоите ли некои?

ЃА: Кога луѓето го ценат и валоризираат трудот и активноста, тоа некако се преточува во награди и признанија. Добитник сум на наградата „Елис Ајленд“. Тоа е големо признание, бидејќи влегов меѓу стоте избрани луѓе од разни земји, кои се наградени за хуманитарни, бизнис, културни и други придонеси и мисии. Кога се даваше дипломата, носев значка со шестнаесетзрачното сонце. Со душа и со срце работам за македонската кауза. Тоа беше своевидна промоција на Македонија.

СН-К: Во 2013 година се навршија стоте години од Букурешкиот договор, како гледате на овој погубен договор за Македонија?

ЃА: Во 2013 година, на 10 август (житар), требаше да се обединиме сите Македонци, од сите делови на етничка Македонија, и се разбира од Австралија, Америка, Канада и Европа. Да излеземе масовно и во тој момент да прогласиме дека Букурешкиот договор веќе не важи, затоа што нема македонски потписници. Не е лесно, но ако го почнеме тој процес да го запознаеме светот со вистината, ние ќе успееме да ги постигнеме целите за кои се залагаме.

СН-К: Имате силна љубов кон црквата, дали сте верник?

ЃА: Верувам само во Господ и во никој друг. Го молам Тој да ѝ помогне на Македонија, рече на крајот од разговорот бизнисменот Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски.

Продолжува

1slavek1Пишува; СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top