Дијаспора

ДВАЕСЕТ И ПЕТ ГОДИНИ АКТИВНОСТ ВО РАБОТАТА НА ЛУ ВЛАШО (17)

1unai1222

1unai1222

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО – АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“

Бевме една од најраните жртви на интеграција – LBO миг во 80-тите. Најпрво ни пристапи „Канадиан Пацифик“ (Canadian Pacific), компанија со разновидни производи со седиште во Калгари. Сакаше да добие поголем удел во опремата за служење храна отколку што имаше со „Сиракуз Чајна“ (Syracuse China) во Њујорк.

Тоа го доживеавме како катастрофа. Во ретроспектива, можеби тоа ќе ни обезбедеше повеќе години отколку што ќе ги добиевме со новите сопственици.

Се боревме жестоко – нашиот генерален директор Дејвид Б. Микер, кој всушност беше сопственик на помалку од 3 проценти од акциите на компанијата, ги покани сите американски компании за кои тој мислеше дека се компатибилни, да понудат подобра цена од „Канадиан Пацифик“. Тој дури и поднесе жалба до Канадската амбасада во Вашингтон за да ја почитува независноста на една американска компанија и го однесе случајот во новата администрација на Реган.

Јас бев дел од целиот тој труд. Ги придружував претставниците на сите заинтересирани компании при посетата на нашите погони. Имиња како „Армко, Американ Брендс“ и „Рајтеон“ (Armco, American Brands, Raytheon) беа во игра, Кога дојде најдобрата понуда – 460 милиони долари, 40 долари за акција, од „Дарт&Крафт“ (Dart & Kraft) во 1981 година – се почувствувавме  како да не спасил витез на бел коњ.

Но, не за долго. Дојде крај на традициите, културата и на голем дел од раководството.

Денот после преземањето, Дејвид Микер беше назначен за претседател на нашата подружница – убава титула, но без работно место. Се уште се сеќавам на разговорот со Харланд Мишлер, сабота вечер по пристугнувањето на првата понуда. Откако си заминавме од настанот на кој што бевме, си подадовме рака и Харланд рече, „Беше забавно, но сега е готово.“ Тој беше во прво. Во времето на преземањето, јас веќе бев со 20 години искуство. Во следните шест месеци, се чувствував како да сум добил уште 20 години.

 На брзина, добивме нов претседател, виш потпретседател на финансии и потпретседател на производство/инженерство. Не долго потоа, членовите од тимот на нашиот извршен менаџмент почнаа да си заминуваат. Јас бев најмладиот службеник кој остана и одлучив да останам и понатаму.

Нашиот нов преседател  одлучи да живее во Дејтона, на 25 минути оддалеченост, а приказната беше дека тој им посоветувал на сите службеници кои ги донесе со себе да го сторат истото. Тоа би спречило секаков вид инволвирање во заедницата, нешто по што службениците во Хобарт беа познати во минатото.

Јас и новиот претседател сосема добро соработувавме. Но, иако мојата титула беше еден од извршните директори, почнав да се чувствувам како да сум, всушност,  сметководител на фабрика.

Бев во процес на откривање како ќе успеам да се снајдам во оваа нова организација кога добив една понуда која беше премногу добра за да ја одбијам: меѓународно претседателство во НАА.

Ова беше најважното здружение за сметководство на менаџмент низ целиот свет. Тоа беше извонредна чест. Сепак, тоа беше работно место на доброволна база и мораше да продолжам да работам. Новиот претседател на Хобарт ме поттикна да го направам тоа. Така, следните две години, 1982 и 1983, патував во безброј градови каде имаше ограноци и во голем број градови кои беа сосема нови места за мене – Цирих, Париз, Велика Британија и Мексико Сити.

Не дозволив ангажманот во НАА да ме одвлече од работата во Хобарт, но го губев ентузијазмот за новиот Хобарт. Неговиот менаџерски тим беше критички настроен кон се што сме направиле. Беше тешко да се слуша, но сакав да видам како е да се работи за голема корпорација. До ден денес, се уште не ми е јасна нивната филозофија. Ми беше збунувачко зошто некој би купил една компанија затоа што е водечка во светот, а потоа би почнал да ја растура и да ја менува.

На крај, одлучив дека тоа не е за мене. Се вработив во Хобарт и не знаев многу за тоа како е да се работи во голема корпорација. Најнакрај, останав 25 години, а ќе останев и уште се додека не се пензионирав доколку не ја купеа компанијата.

Тоа беа добри 25 години во добра компанија.

Мојата службена оставка беше планирана за 30 јуни 1984 година, но моите планови ги кажав во февруари, а последниот ден во канцеларијата ми беше 31 март. Компанијата организираше ручек, а Џон Лаферти ми се најде за последен пат: тој направи коктел забава во Кантри клубот на Трој со моите соработници, поранешните менаџери и директори.

Таа вечер моите коментари беа во оваа насока: Животот е добар, уште сум млад и имам многу можности пред мене. Моето семејство е со добро здравје, Винс треба да прави свадба во мај, а мајка ми се уште е жива. Се беше добро.

1unai122

Синот на Лу Винци Влашо

Она што не го знаев е дека мајка ми нема да ја дочека свадбата на Винс. Таа почина во април месец, на возраст од 73 години.

 Тоа беше крај на моето работење за голема компанија. Во ретроспектива, научив дека во менаџментот донесуваш секаков вид на одлуки, но најтешки се оние кои се поврзани со животите на луѓето и нивните семејства. Можеби не би ме сметале за добар менаџер бидејќи секогаш ги земав предвид личните животи на луѓето.

Од друга страна пак, можеби и бев добар менаџер токму поради тоа. Кој ќе знае?

Како што го завршувам поглавјето за Хобарт во оваа книга, свесен сум дека сум испуштил многу важни настани и луѓе од тие 25 години.

На пример, моите секретарки, Сенди Хит и Линда Поторф, тие ми беа десна рака кога работеа со мене. Оваа книга немаше да биде напишана доколку Линда не почна да става некои од моите датотеки од Хобарт и од НАА во папки, пракса која до скоро ја применував и самиот. Овие папки се одлични за поттикнување на меморијата.

Секретарката на Џон Лаферти, Дороти Шулц, секогаш ми помагаше и мене.

Повторно морам да кажам дека изоставив многумина кои ги ценев и почитував. Толку многу луѓе требаше да се споменат, толку многу работи требаше да се вклучат. Се обидов да ги вклучам работите кои ми се најјасни во меморијата. Но, тоа не значи дека другите не беа важни; сите беа важни и ќе ми останат вечно во сеќавање. Сите тие ја направија компанијата да биде одлична како што си ја знаевме!

Дваесет и пет години се долг временски период. Но, гледајќи наназад сега во 2022 година, се чини дека е многу кус период.

Македонија доаѓа во НАА

За време на годините поминати во Хобарт, не видов многу од Македонија, но таа секогаш беше со мене. Дури ми беше дел од говорот на Меѓународниот годишен состанок на сметководители на менаџмент во Вашингтон Д.Ц. како негов претседател.

За овој настан можеби беа пристуни околу 2000 до 3000 луѓе во просторијата. Беше посебен бидејќи и моето семејство беше таму, вклучувајќи ја и мајка ми и сестра ми Кристина, и нејзиниот сопруг, мојот пријател од Хобарт, Волт Јанг.

За мајка ми, тоа веќе беше еден голем ден. Ќерката на еден мој пријател кој работеше во републиканската партија, ја зема мајка ми и ја прошета насекаде во Вашингтон, ги имаше сите пропусници, уживаше и во посетата на Белата куќа. Мајка ми не можеше да поверува. Таа никогаш немала видено такво нешто, секако не во сопствената земја. Да те придружуваат да влезеш внатре, да се однесуваат добро со тебе и да ти овозможат разгледување – таа се врати и се чувсвуваше како да е на седмо небо.

Таа беше на вечера кога го одржав говорот: „Додека седиме тука, во главниот град на нашата држава, повторно се потсетуваме до некој степен дека нашите сегашни деловни и економски проблеми се создаваат од премногу влада. Сега е време ние да ја исполниме нашата задача и да обезбедиме нашиот систем на слободна пазарна економија да не изгуби на сила, за нашите деца да ги имаат истите можности кои ги имавме и ние.

„Да, мене можноста ми е доста позната. Татко ми емигрирал во оваа земја, а мајка ми му се придружи во 1936 година. Јас сум роден во 1937 година. Стојам тука пред сите вас оваа вечер како жив доказ дека можноста заедно со малку труд, може да доведе до тоа еден млад Македонец-Американец од Кентон, Охајо и Трој, Охајо, да настапи пред оваа група на водечки луѓе во сметководството во сенката на главниот град на нашата држава. 

„Мама и тато, ви благодарам што ми ја дадовте оваа можност.“

Продолжува 

1slavek3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top