Дијаспора

ПРИЈАТЕЛСТВОТО ГО ОТОРА ПАТОТ КОН ГОЛЕМИОТ ЧОВЕК (21)

1vistin123

1nij4

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО – АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“.

А тоа беше одличен бренд. „Попсикл“ имаше околу 200 производни линии, сите регистрирани. Го ангажиравме истот адвокат кој го користеше и Сара Ли за да ја зачуваме безбедноста на брендот: Секој пат кога во весник ќе се појавеше зборот „Попсикл“, и ако немаше заштитен знак на него, тие ни праќаа писмо.

Но, „Попсикл“ беше меч со две острици. Тој не запозна со светот на трошоците во супермаркетите. Дознавме дека всушност треба да купуваме простор во продавниците. Никогаш не сме биле во малопродажба, и кога требаше тој простор да се плати, беше навистиона скапо. Тоа беше тежок бизнис.

„Брендот си имаше свои проблеми. Успеавме да го запреме пропаѓањето,“ ме потсети Рич. „Имаше голема конкуренција во смрзнатите производи. Покрај тоа, „Поспикл“ се сметаше како генерички производ.“

„Почнавме да ставаме акцент на нашата продажна мрежа да го обработува пазарот и тоа го поддржавме со долари за маркетинг.

Исто така почнавме да продаваме верзија на „Попсикл“ без шекер. Имавме кутија со боички како разни вкусови, но нашиот акцент во тоа време беше на понудата без шеќер.Тој сочинуваше 50 проценти од целокупната продажба на произбводи од Попсикл брендот.“ 

Исто така склучивме и договор со „Карнеишн“ (Carnation), да прави бонбони од сладолед. Доволно смрзнати да може да се јадат во рака и со разновидни полнења од сладолед, тие беа многу вкусни. Но, на крај, тие ја предизвикаа нашата пропаст.

Животот во Грин Беј

Една утеха за Џен, која се пресели со мене во овој целосно нов живот, беше ветувањето дека ќе може да си ја изгради куќата од соништата. И тоа го направивме: Бела куќа на два ката која изгледаше совршена во зима како на честитка за Божиќ.

Таа пространа куќа имаше во подрумот фрижидер за замрзнување – далеку стасав од кутијата за мраз во Кентон, Охајо – кој беше полн со сладоледи од сите вкусови. Ги тестиравме и потоа, што да прави човек со останатиот дел од производите?

Едно младо момче по име Карл живееше до нас и често можев да го слушнам како тропа на вратата. И знаев зошто. Тој сакаше сладолед!

Живеењето во Грин Беј исто така значеше дека сме блиску до седиштето на фудбалскиот тим на Грин Беј Пакерс (Green Bay Packers). И додека тие веќе беа пораснати тоа време, некои од посетите кои им беа омилени вклучуваа посети на натпреварите на „Пакерс“.

Проблеми во супермаркетот

Одлично ни одеше со бонбоните „Карнејшн“. Но, потоа во индустријата навлезе бубачка која се викаше листерија, која може да опстојува во замрзната состојба. Нашите производи можевме да ги контролираме, но кога се измешани со други, тешко. Некако, во 1987 година, листерија се појави во една од производните ленти и „Карнејшн“ го зафати лудило.

Управата за храна и лекови пронашла листерија само во 5 серии и никој не пријавил никаква болест од нив. Јас сум благодарен за тоа. Но, компанијата ги повлече сите свои бонбони. Бев повикан да одам во Балтимор за да ги бранам нашите практики пред Министерството за земјоделство на САД, кое ги контролира млечните производи.

Јас сум виш потпретседател на финансии. Зошто јас бев тој кој требаше да не брани? Па, кој друг би отишол, си помислив. Целото искуство доведе до тужба за одговорност и, на крајот, до продажба на нашата компанија во 1989 година.

Во овој момент „Голд Бонд“ беше најголемиот производител и продавач на новитети за сладолед во САД, со големи и многу модерни погони во седум држави.

Поминаа четири години откако се приклучив на компанијата. „Унилевер Гуд Хјумор“, (Unilever Good Humor), чиј производ го произведовме, даде понуда да го купи Голд Бонд, интересен пресврт на настаните — претходно ние бевме тие кои гледавме да го купиме „Гуд Хјумор“. Унилевер, британско-холандска мултинационална компанија, е една од најголемите компании во светот, а семејството Лутси брзо се согласи да го продаде.

1nij44

Нејплс

При купувањето се бараше сите акционери да ги продадат своите акции и клучниот менаџмент да потпише договор дека ќе остане во компанијата. Попладнето на затворањето, јас бев единствениот кој се противеше. Том Џуниор дојде во мојата канцеларија и му реков: Ќе ги продадам своите акции, но и дека е време да го напуштам Голд Бонд.

Можев да ја видам истата иднина што му се случи на Хобарт да дојде и во нашата компанија.

Збогување со смрзнатиот север

Можете да претпоставите – мораше повторно да се селиме. Најверојатно следното место каде што ќе се преселиме е Нејплс, Флорида, каде веќе пуштивме корења. По куса дискусија, одлучивме таму да се преселиме.

 Џен беше и повеќе од подготвена за преселба. Кога ја прашав кога сака да се преселиме, таа рече „Утре?“.

Не сакавме да поминеме уште една студена зима во Грин Беј. Се преселивме во ноември 1989 година и го поминавме Денот на благодарноста во Нејплс. Но, имаше значајни работи на кои се сеќавам од Грин Беј: уживав во пржениците од риба во петок навечер; Станав фан на Грин Беј Пакерс; и стекнав доживотен пријател Рич Рачесон, кој на крајот исто така се пресели во Нејплс.

Што се однесува до Пакерс, професионален фудбалски тим во толку мал град е невообичаено и овозможува чести контакти со тимот. Станавме добри пријатели со Форест и Барбара Грег. Форест беше тренер на Пакерс. Тој ги однесе Синсинати Бенгалс на Супер Бол во 1981 година, непосредно пред да дојде во Грин Беј, а и самиот беше играч кој влезе во Куќата на славните. Таа можност за пријателство не би се случила во огромен град како Чикаго.

Ниту пак Нејплс беше некој голем град. Нејплс беше мека за жителите од Средниот Запад како нас, и имаше дури и неформален „Трој клуб“ на луѓе што ги познававме — лекари, адвокати, наставници, дури и колеги службеници од Хобарт — што живееја таму. Прв пат бевме таму за да го посетиме мојот пријател, Бил Бекер, кој го направи свој дом кога замина во пензија; Вуди Вудсон, пријател на ИМА од Кентон, исто така се пресели таму.

Се шегувам дека кога заминав од Трој, Охајо, на нова работа, мислев дека се упатувам кон југ, но наместо тоа, се свртев и тргнав на север. И првично, прифатив работа во Мајами, па ќе се упатев на југ. Вистината е дека навистина не сакав да работам во Мајами, а можноста во Голд Бонд ми го промени мислењето – и мојата насока на регионалниот автопат 75 – прилично лесно.

Мајтапејќи се до крај, нашите соседи ни го наполнија дворот со пластични розови фламинга непосредно пред да заминеме за Висконсин, со картонски натпис на кој пишуваше: „Мислевме дека кажавте Мајами!“

Сега, сепак, навистина се упативме кон југ, кон Заливскиот брег, на Флорида, каде што ќе се сместиме во помал, порелаксиран град, Нејплс.

Нејплс беше сè што очекувавме да биде. Го нарекуваат „рај“ што и навистина е, со топли, сончеви денови речиси во текот на целата година и со неколку милји долги плажи. Се преселивме во една населба во градот наречена Пеликан Беј, која беше како да живееме во одморалиште.Животот беше добар.

Продолжува 

1slavek3Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top