Дијаспора

АКТИВНОСТИТЕ НА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ ВО СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС ВО САД (25)

1isel3

1isel3

Бизнисменот Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски е активен во македонските организации од неговото пристигнување во САД па до денес. Toj особено беше активен во „Светскиот македонски конгрес“ (СМК). А, СМК е широка организација која го форсира цивилното општество и економскиот развој, ги координира и им дава техничка поддршка на невладините органи- зации.

Оваа организација е една од највлијателни- те македонски невладини организации во светот. Еден од најактивните членови на Конгресот, секако, бил бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, кој во 1993 година беше избран за претседател на Светскиот македонскиот конгрес за Северна Америка. Неговата работа во СМК особено резултираше со организирање хуманитарни активности за спонзорирање на истражувачки работи од областа на историјата на Македонија.

Во исто време кога бизнисменот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски како еден меѓу економски најуспешните Македонци во светот, беше претседател на Светскиот македонски конгрес за Северна Америка беше и потпретседател на Светскиот македонски конгрес. Во  август  1994  година  –  претседателот  на „Македонскиот  светски  конгрес“  за  Северна Америка, господинот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, кога  Македонија  беше  меѓународно  призната, иако не под нејзиното уставно име, ги изложи своите  погледи  за  можностите  за  македонски економска преродба и за нејзиниот натамошен демократски развој. Тој му порача на македонскиот  народ  дека  заслужува  да  има  повеќе  и, меѓу другото,  рекол:

„Драги браќа и сестри Македонци и Македонки, од мое лично име и од името на Светскиот македонски конгрес за Северна Америка, сакам да ве поздравам сите коишто сте присутни овде, и другите коишто ја следат програмата на Радиото и на Телевизијата во Македонија. Јас би сакал уште еднаш да ја потенцирам улогата на Светскиот македонски конгрес и работата која минатата година ја оствари овој Конгрес за Северна Америка.

Ние активно се вклучивме со американските колеги и бизнисмени во заедничката соработка во што побрзо воспоставување на дипломатска соработка и дипломатски односи меѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија, а што е многу значајно и да се отвори американска амбасада во Македонија. Но, сè уште тоа не е направено, а не е направено поради тоа што некои состојби во Македонија треба да се расветлат, а американската влада и американските сенатори веќе суштествено ги согледуваат работите во нашата земја.

1isel33

Зградата на ОН во Њујорк

Оние луѓе кои денес се наоѓаат на власт, не ја водат политика- та по демократски пат. Затоа, јас ги поканувам сите Македонци да работиме заедно во името на демократијата во Македонија, а со тоа останатите западни земји, кога ќе видат дека ние работиме на една таква западна демократија, најверојатно ќе се  обидат да ни помогнат во изградбата и иднината на државата Македонија.

Друго што би сакал да го напомнам е дека Македонија треба да се изгради како правна држава во која на секој Македонец ќе му бидат загарантирани исти права, а со тоа, се разбира, и еднаквост пред законот. Исто така, сакам да напомнам дека Светскиот македонски конгрес се заложи преку светските организации за човекови права да испрати комисии во егејскиот дел на Македонија за пребројување на македонското население, кои констатираа дека има повеќе од еден милион Македонци.

Јас конкретно сум разговарал со повеќе сенатори  од  Соединетите  Американски  Држави и веднаш по моето враќање и по завршувањето на Второто генерално собрание, веќе имам закажано состанок со неколку сенатори кои ќе ги запознаам со ситуацијата во Македонија. Уште еднаш сакам да  напомнам дека македонскиот народ заслужува повеќе отколку што има денес.

Тоа ние можеме да го оствариме со една економ- ска програма, а познато е дека Македонците се способни луѓе зашто во коренот и генот тоа им е всадено од памтивек. Некои Македонци, овде во Македонија, велат дека не сме организирани и дека не можеме да работиме, а како може Македонецот патувајќи надвор од Македонија, во Германија, Америка и Австралија да биде меѓу првите.

Со тоа тенденциозно сакам да кажам: како што можеме да ги изградиме западните земји, уште поубаво можеме да ја изградиме нашата земја. Затоа, уште еднаш ги повикувам сите Македонци со заеднички сили и од срце да почнеме да работиме заедно за изградбата на нашата татковина. На крајот – Да живее Македонија!“, рекол Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски.

Во историјата на Светскиот македонски конгрес (СМК) е забележано дека тој е прва и единствена меѓународна невладина, непартиска и непрофитна организација кога и да е формирана во историјата на македонскиот народ која претставува неформален Светски Парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет. Мисијата на СМК, пред сè, е благородна и патриотска. Имајќи предвид дека секоја благородна  работа  е  неблагодарна,  не се очекуваат ниту ќе се очекуваат ексклузивни резултати преку ноќ. СМК, всушност, не е манифестација, туку континуиран долгорочен процес на кој влијаат голем број поединци, групи, движења, настани, интереси, држави, разузнавачки служби, меѓународни процеси…

Основна цел во почеток беше да се подигне нивото на свеста кај Македонците во сите делови на   Македонија и во целиот свет. Бидејќи, македонското прашање на Балканот не може да се решава и да се третира парцијално, сепаратно, туку интегрално, СМК има за цел да ја наметне свеста за потребата од помирување и обединување во една единствена меѓународна организација. Преку таквата организација ќе се артикулираат интересите на Ма- кедонците независно од нивната политичка припадност, верско уверување, социјално потекло, општествена положба и државјанство кое го поседуваат.

Исто така, не треба и нема да се прави разлика на национално ниво пред домицилните власти во земјите каде што Македонците живеат, работат, престојуваат, учат, студираат, така и на меѓународно ниво пред меѓународните организации  кои  ги  третираат  човековите  права и слободи. Во овој поглед, СМК ја оправда таа своја мисија. Се разбира, престојат уште многу задачи, затоа што освојувањето на правата е динамичен процес, еднаш стекнатите права треба постојано да се унапредуваат, да се повторуваат, бидејќи права кои не се знаат или забораваат, исто како и да не постојат. Таквите обврски за правата на Македонците во етничка Македонија и насекаде во светот се, токму, на Светскиот ма кедонски конгрес.

Продолжува

1slavek1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top