Дијаспора

ДЕЛ ОД ПРИКАЗНАТА ЗА СУДБИНАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (28)

1vl91

Dusan11

Монографското дело „Лу Влашо – американски син на Македонија“ е издание на „Македонска искра“  од Скопје, отпечатено во 2022 година, на 330 страници на англиски и македонски јазик, чии уредници се новинарката Херит Хеитаус од САД и публицистот Славе Катин од Македонија. Тоа е животна приказна за Лу (Илија) Влашо, роден Американец со македонско потекло од Егејскиот дел на Македонија, познат признат и доблесен бизнисмен во Соединетите Американски Држави 

Животната приказна на семејството Влашо е многу интересна страница од мозаикот на македонскиот иселенички летопис во САД, но и во пошироките простори на северно-американскиот континент. Лу, чие македонско име е Илија, е познат активист за афирмација на македонското име, јазик, идентитет, култура и традиции во мултиетничката мапа на САД. Животната приказна на семејството Влашо, истовремено, е и скромен дел од историјата на Македонците од Егејска Македонија, на Македонците во иселеништвото, а преку него и на дедовкста татковина – Македонија.

Ние Македонците во етничка Македонија и насекаде по свeтот, заедно со нашите соседни нации и држави, треба да бидеме горди што бројни факти од досегашните историски, научни, културолошки, археолошки и иселенички наоди и вистини потврдиле, дека на голем број личности со балканско, европско и светско значење, корените  им се и од Македонија.

Сето тоа треба нас Македонците да не поврзува и зближува со балканските соседни држави и нации, а не да не разделува, како што се примерите со договорите за „добрососедство“ со Грција и Бугарија, заедно со „напатствијата“ од Албанија, Заборавајќи ја eдна од најголемите христијански заповеди кoja гласи: “Сакај го ближниот како што се сакаш себе си”

Монографското дело „Лу Влашо – американски син на Македонија“ е посветено на доблесниот Македонец, бизнисмен, истакнат хуманист и докажан донатор, духовен-посветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската земја, Лу (Илија) Влашо. Тој се залага за афирмација на етничка Македонија Таквата угледна бизнис личност, вљубеник во американскиот и во македонскиот народот насекаде по светот и во својата татковина Македонија, секогаш го водела светата мисла да остави вечни траги за идните македонски генерации.

Монографијата, главно, е наменета за идните генерации, кои се раѓаат, растат и се формираат воСАД, со цеп да нв ги заборават сопсгвените корени. Затоа овде се опфатени два века, целиот дваесетти и почетокот на дваесет и првиот век и нсторијата на семејсгвото Власхо со дадените координати во просторот и времето што таа го опфаќа.

При мојата прва посета, им беше потребно извесно време на луѓето околу мене да почнат да зборуваат слободно. Сите разговори беа некако воздржани. Тетка ми велеше: „Што поставуваш толку многу прашања? Не прашувај толку.“

1dus1

Ме задеваа за тоа што сум толкав Македонец, ми купуваа мали фигури на Александар Велики, кои го покажуваа дека е Грк. Се разбира, тој бил Македонец. Тоа беше културен начин да се мајтапат со мене.

Моите братучеди се родени во Грција, одеа во грчки училишта. Една од моите братучеткии беше врзана со грчката црква – таа беше калуѓерка – и со години таа беше грчки поборник.

На почетокот дури се обидоа да ме убедат дека се Грци. (До ден денес, официјалниот став на грчката влада е деја нема Македонци во Грција.). На крај им реков: „Како тогаш знаете македонски јазик? Нели е пренесен преку вашите претци?“

После тоа, никогаш веќе не ме задвеаа за тоа дека сум Грк бидејќи беше очигледно дека македонскиот јазик тие го научиле од нивните родители и баби и дедовци. Така и јас го научив. Тие не го зборуваа јазикот многу често, но со мене добро комуницираа.

Фактот што тие се идентификуваа како Грци ме натера да работам уште посилно да ги убедам дека се Македонци. Но на крајот, не морав. Си знаеја дека се.

Моите вујковци се вратија таму, не поради тоа што е Грција – но поради тоа што беше македонска татковина од која беа принудени да избегаат. По неколку ноќи и малку ракија, тие стануваа се порасположени да ми ги кажат нивните приказни. И какви приказни беа тоа!

Вујко Васил Малта мораше да го напушти селото за да избега од борбите помеѓу партизанските и грчките армии. Ќе го натераа или да се приклучи на армијата или ќе беше стрелан.

Тој се сеќава дека требаше да ги помине планините без да се подготви  – всушност, тој носеше одело, како да ќе оди во црква или на интервју за работа. Немаше ниту вода, и беше дехидриран и загрижен за тоа дали жив ќе успее да избега.

За среќа, една група Македонци го најдоа во Албанија и му дадоа вода која му беше најпотребна, а тој им се прикдружил на пат кон Полска. Таму најде работа како кројач, според неговиот занает, а почна и течно да зборува полски јазик. Се врати во селото после војната без некои поголеми проблеми.

Сопругот на тетка Софија, мојот тетин Никола Панос, исто така мораше да го напушти селото да избега од армиите кои доаѓаа. Тој се сретна со една група која беше на пат за Албанија, каде сакаа да најдат начин да избегаат од земјата. Сите заедно се качиле на брод – тоа бил товарен брод, немаше никакви услови за патници – во Албанија, и не знаеја каде бродот се упатил.

Тоа беше патување од ноќните мори, се сеќаваше тој. Условите беа ужасни: луѓето умираа постојано на пренатрупаниот брод. Ноќе, патниците ќе слушнеа плискање на вода и знаеја дека некој умрел. Телото на починатиот го фрлале во морето.

Патниците претпоставуваа дека можеби се на пат за Турција или некоја источноевропска земја како Украина или Романија. Замислете го нивното изненадување кога бродот пристануваше и тие го слушнаа гласот од звучникот: „Чичко Јозеф Сталин ви посакува добредојде во народна република Русија, другари.“ Русија ги поддржуваше партизанските сили во оваа војна.

А на Русија и беа потребни работници. Никола беше распореден да работи во железара и таму работел цело време додека бил во Русија. Му плаќаа некоја мала плата во рублји и можеше да го заштеди поголемиот дел од платата.

Никола и Софија успеаја да стапат во контакт на многу креативен начин. Едниот ќе напишеше писмо на другиот и ќе го испрател на адресата на мајка ми во САД: Таа ќе го ставеше во плико и ќе го испратеше на едниот или на другиот бидејќи парот не можеше да си праќа писма еден на друг од или во Русија. Навистина многу мудро од нив.

 По многу мака, Никола успеа да излезе од Русија и да се врати во селото по војната.

Продолжува 

1slavek3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top