Дијаспора

ПОЛИТИЧКА ТЕНЗИЈА И ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ТРАГЕДИИ (31)

1kir2

1kir2

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО – АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“

Еден од ретките моменти кога Борис спомна политика во нашите разговори е кога ги опиша тешкотиите што ги имал со тогашниот премиер Бранко Црвенковски. Црвенковски со задоволство го малтретирал. Борис се обиде да работи со Бранко, но секогаш бил одбиен. 

Друг пат, тој ме најде додека бев во Вашингтон за да ме замоли да отидам кај конгресмените и сенаторите за поддршка на една контроверзна македонска кауза.

Тој беше под голем притисок да потпише – или да не потпише – документ со кој се одобрува нов универзитет во Тетово. Администрацијата на САД го поддржуваше универзитетот, а Борис сакаше и поддршка од Конгресот.

Универзитетот нудеше наставна програма на албански јазик, на што многу етнички Македонци, вклучително и оние во владата, силно се спротивставуваа. Земјата сè уште беше под одредена тензија, откако сепаратистичките албански бунтовници земаа оружје в раце, но Трајковски планираше да го поддржи новото училиште.

„Морам да го потпишам, бидејќи работев за мир помеѓу сите луѓе во Македонија“, ми рече тој. „Ако не го потпишам и попуштам под притисокот, морам да се запрашам кој е Борис Трајковски?“

Тој имаше одлични односи со американскиот претседател Џорџ В. Буш. И двајцата беа методисти и се поврзаа за време на нивните средби во неколку наврати. Борис ми кажа дека за време на насилните вооружени судири со албанските бунтовници, по војната во Косово, Буш ќе му се јавеше за да му каже дека мисли на него и се моли за него и за земјата.

Во тоа време се запознав и со Зоран Јолевски, тогашен секретар во кабинетот на претседателот на Македонија.

Секогаш кога ќе одев да го посетам Борис во зградата на Собранието, иако тој ќе речеше дека ќе биде слободен, секогаш требаше да го чекам. Така, седнував со Зоран и ние двајца воспоставивме одлични односи поради тоа што многу пати чекав претседателот да се ослободи. Го имам посетено Борис околу 20 пати, така јас и Зоран имавме доволно време да се запознаеме.

Подоцна Зоран Јолевски стана македонски амбасадор во САД, а потоа и министер за одбрана.

Борис Трајковски загина во авионска несреќа во која загинаа сите патници и членови на екипажот, кога одел на економска конференција во магливо време. 26 февруари 2004 година беше тажен ден за неговата земја и лично за мене.

Напишав писмо во кое им кажувам на Македонците кои беа моите размислувања за него. Но, направив грешка што не присуствував на неговиот погреб. Размислувањата пред мојата одлука беа дека на погребот ќе присуствуваат илјадници луѓе.

1kir22

Заклучокот е: Пред да почине, тој не можеше да натера десетина луѓе да одат со него по улица поради нивните етнички и верски разлики. Но, кога тој почина, илјадници одеа по неговиот ковчег.

Долго време размислував за тоа. Тоа е животна лекција која треба да ја научиме и да ја пренесеме. Зошто постапуваме правилно кога некој ќе почине, а не кога е тука со нас на земјата?

СТРАНИЧНА ДОПОЛНИТЕЛНА ПРИКАЗНА НА ПОСЕБНА СТРАНИЦА

Запознавање со татковината

Македонците во лидерство: Меѓу многуте настани на кои присуствував поради мојата работа со Македонија беше и 18 септември 2007 година, полагањето заклетва на Срѓан Керим од Република Македонија за претседател на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Каков горд момент да се биде таму додека еден Македонец беше назначен на највисоката функција во Обединетите нации!

Пренесување на историјата: Во 2009 година во Австралија беше објавена книга со наслов „Портрети на паднатите борци за слобода“ од Виктор Бивел. Оваа книга беше споменица за 370 Македонци кои ги загубија животите борејќи се за слобода во денешна Егејска Македонија (Северна Грција).

Бев толку импресиониран од оваа книга бидејќи го опфати регионот на селото на моите родители, Брезница. Еден од борците што ги споменува беше таткото на мојот добар пријател, Крис Манговски, кој исто така живее во Нејплс. Неговиот татко бил убиен во Брезница и бил погребан во селото. Го сметам Крис за братучед и можев да му помогнам да добие маркер за гробот на неговиот татко во селото.

Крис има сопствена неверојатна приказна. Тој е еден од „Децата белгалци“, деца земени од своите домови во Македонија со изговор дека ќе бидат заштитени од војната што се одвива таму. Наместо тоа, тие беа испратени во домови во други земји, без намера да ги вратат кај нивните родители. На интернет има документарни филмови како „Следната година, во Лерин“, кои ја раскажуваат приказната од нивна гледна точка.

„Портрети на паднатите борци за слобода“ беше само на интернет. Го контактирав авторот Виктор Бивел и тој се согласи да ми ги даде авторските права да ја печатам во САД.

Испечатив 100 примероци и му дадов примерок на секој Македонец и на сите други кои беа заинтересирани сè додека примероците речиси ги снема. Сакав што повеќе луѓе да ја дознаат нивната приказна.

Продолжува 

1slavek3Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top