Дијаспора

УЛОГАРА И ЗНАЧЕЊЕТО НА РЕЛИГИИТЕ ВО САД И МАКЕДОНИЈА (32)

1ege2

1ege28

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО – АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“

Сите ние сме верници на еден Бог, без оглед на нашата религија. Но, нашите пристапи можат да бидат многу различни. 

Мојата религија е клучна за мене. Јас верувам во Исус Христос. Но, јас не сум евангелист; Се обидувам да го правам тоа со пример. Можеби некој ќе рече: „Ми се допаѓа тоа што го прави. Што е тоа – можеби неговата вера?“

Поминав низ неколку кризи – особено кога почина Џен, мојата прва сопруга – и не знам како некој би го направил тоа без вера во Бог и Исус. Во такво време, нема со кого друг да разговараме.

При една од моите први посети на Македонија, мојот пријател Ристо Гуштеров ме покани да одиме во неговото родно место, Радовиш, каде што беше планиран парастос за 40 дена од смртта на неговата почината сестра. Ристо таму градеше нова црква и таа требаше да биде нешто навистина посебно за Радовиш, но во тоа време не беше завршена. По богослужбата имаше ручек, а Ристо ме замоли да му се придружам со тројца свештеници на црквата.

Ме запозна со попот Коста и со другите двајца, помлади свештеници. Седев спроти попот Коста и уживав во ручекот. Не го очекував барањето од Ристо кое излезе од ведро небо: „Кажи им што мислиш за нивната црква“.

Ристо и јас разговаравме за разликите меѓу Македонската православна црква и мојата Обединета методистичка црква, но не бев подготвен да ме фрлат во огин пред тројца свештеници. Сепак, под претпоставка дека веројатно никогаш повеќе нема да ги видам — и бидејќи немав избор — им ги кажав моите размислувања за разликите.

Им објаснив како нашата служба е помалку формална и вклучува различн

а проповед секоја недела, и како собраните верници учествуваат во службата. Посебно зборував за нашите младински програми. Всушност, повеќето мои коментари беа концентрирани на нив, бидејќи младите се иднината на секоја црква.

Им кажав за младинските програми на црквата Методист на Северен Нејплс (North Naples Methodist), каде што сум член, и предложив црквата во Радовиш да размисли во врска со отворање некоја програма за млади. Попот Коста, кој многу внимателно слушаше, рече: „Би сакал да видам за што зборувате“.

Таму, на лице место, Ристо рече: „Јас ќе го купам авионскиот билет. Вие погрижете се за сè друго“.

Направивме соодветен аранжман со мојата црква, а Коста пристигна во Нејплс на почетокот на мај 1998 година. Се испостави дека ова беше следниот ден откако јас и Пети се венчавме, но успеавме се да направиме како што треба.

Имав договорено тој да престојува со другите членови на црквата; Не сакав тој да слуша само од мене, туку да добие перспектива и од другите членови. Тој не зборуваше англиски и, непотребно е да се каже, јас бев единствениот што зборуваше македонски. Но, некако можеа да се разберат.

Попот Коста беше со нас 10 дена. Му ги покажавме сите младински програми како што се одвиваа. Тој беше гостин на нашата неделна служба и беше претставен на собраните членови. Пред да замине од Нејплс имаше само едно барање: да најдеме дрес на Мајкл Џордан за неговиот внук. Ние тоа и го направивме.

На мојата следна посета во Македонија, решив да отидам и да се видам со него.

“Што мислиш? Да организираме младинска група овде во Радовиш?“ Прашав. Одговорот беше категоричен „Да!“

Организиравме програма за спортски активности, како кошарка и одбојка. Идејата беше дека ако можеме да ги собереме младите околу црквата за овие активности, некои од нив ќе се заинтересираат и за црквата. Утврдивме буџет, а мојата работа беше да ги обезбедам парите потребни за набавка на опремата.

Сè уште имам една од првите молби за собирање средства што ги испратив:

„Во 49-57 година од нашата ера, Павле направил две мисионерски патувања во Македонија, ширејќи го Исусовото слово. Денес, воената акција, војната на Балканот, имаше огромно емотивно, финансиско и политичко влијание врз народот на Македонија. Никогаш не била поголема потребата да се зголеми христијанството во тој дел од светот. Во 2000 година, можеме да направиме некоја разлика. Поддржете ја нашата младина која сака да се поврзе со попот Коста“.

1ege22Црквата „Св. Тројца“ во Радовиш

Обединетата методистичка црква Нејплс се согласи да помогне во финансирањето. Одржавме неколку настани за собирање средства, меѓу кои и една македонска вечера со полнети пиперки, колбаси, грав и десерт, која ја подготвија неколку македонски жени.

Без поддршката на нашиот духовен водач, свештеникот Тед Сотер, проектот MМM никогаш немаше да се оствари. Тој ја даде својата согласност и своето време. Што е најважно, тој му дозволи на својот персонал да помогне во проектот (Свештениците Стефани Кембел и Лиза Лефков). Кога попот Коста беше во Нејплс, Тед помина цел ден со него, покажувајќи му некои од локациите кои другите никогаш не би ни помислиле да му ги покажат. Тој издвои простор за време на богослужбите да го промовира проектот и во неколку наврати користеше текст од Библијата за Македонија во својата проповед. 

Од патување таму до патување тука

Водејќи се по ентузијазмот за изградба на Македонската младинска мисија, дојдовме до идеја всушност да испратиме неколку американски младинци од мојата црква во Македонија да ја посетат радовишката младина и да помогнат во нивната програма.

Со 15 деца, на возраст од 9 до 14 години, избрани за патувањето, ги собравме средствата и ги заклучивме плановите за патување во 2001 година.

Патувањето никогаш не се оствари.

Тензиите меѓу Албанците и Македонците растеа откако Гласност почна да го растура Советскиот Сојуз и Југославија се раздели на етнички ентитети. Поттикнати од новоформираната албанска национална ослободителна армија, етничките Албанци во Македонија одлучија дека сакаат автономија и/или право да се приклучат на Албанија. До 2001 година, воените дејствија вклучуваа вооружени борби и убиства. Кога почна да се појавува на американската телевизија, родителите почнаа да ги повлекуваат своите деца од патувањето. И искрено не можев да ги обвинувам.

Но, не се откажавме од идејата за младинска размена. Наместо тоа, рековме, зошто да не ги донесеме децата од Радовиш во Нејплс?

Со неколку повици во Радовиш планот се смени, и Македонците ќе дојдат во Нејплс. Попот Коста и радовишани ги избраа своите 11 претставници. Само еден од нив беше над возраста што ја баравме – постаро момче кое мораше да го придружува својот брат; неговите родители не му дозволуваа на помладиот брат да дојде без него.

Тој всушност можеби извлекол најмногу од патувањето. Години подоцна повторно го видов. Одев по улица во Радовиш кога слушнав како некој вика: „Господине Лу, господине Лу!“ Тоа беше момчето, сега млад човек, што работеше за градот, копајќи ровови. Беше толку возбуден што ме виде и не можеше доволно да ми се заблагодари за неговото патување кое може да се случи еднаш во животот.

Сепак, некои од децата дојдоа со погрешна претстава за САД, мислеа дека насекаде ќе најдат каубои кои пукаат со пиштоли. (Веројатно не им паднало на памет дека нивните родители нема да им дозволат да дојдат доколку тоа беше вистина.)

Изнајмивме автобус да ги земеме од аеродромот во Мајами. Се разбира, тие беа гладни по нивното долго патување и, се разбира, сакаа да одат во Мекдоналдс; ги однесовме во првиот покрај кој поминавме.

Продолжува 

1slavek3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top