Дијаспора

НОВОДОЈДЕНИ МЛАДИ СТУДЕНСТИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО НЕЈПЛС, ФЛОРИДА (33)

1vldo5

1vldo5ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО – АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“

Голема група нè чекаше пред црквата во Нејплс, каде на секој од гостите, вклучително и еден свештеник, Стојан, кој ја придружуваше групата, им беа доделени семејства домаќини за две недели што ќе престојуваат тука.

Некои од децата беа фасцинирани од начинот на живот на семејствата со кои престојуваа; за други беше слично на она што го имаа дома. Кога тоа беше изводливо, децата беа ставани во семејства домаќини кои имаа деца на нивна возраст за да можат да делат слични интереси. Дури и без да ги знаат јазиците, тие најдоа начини да комуницираат.

Групата донесе фрескоживопис како подарок на црквата во Нејплс. Во текот на неделата тие присуствуваа на нашите богослужби, а ние ги слушавме како ја кажуваат Господовата молитва на македонски за нас.

Организиравме се што беше потребно децата да го видат најдоброто и најлошото во овој дел. Ги видоа печалбарите кои работат на фармите како берат овошје и зеленчук; го посетија и одморалиштето во Нејплс. Тие го посетија затворот, па можеа да видат дека „слободата“ овде не значи дека можете да правите што сакате. Тие, исто така, посетија судница во владиниот центар на округот Колиер.

Тие можеа да видат поинаков владеачки систем на дело: Едно од прашањата за судијата што ја поздрави нашата група беше „Кому вие му поднесувате извештај?“ “Никому. Јас сум газда на оваа судница“, им одговори тој.

Алигаторите беа огромна атракција. Многу им се допаднаа локалните плажи, а ние ги однесовме и на возење со брод. Тие беа почестени со ручек во Вергина, со нејзините македонски врски. Ги запознавме и со Бургер Кинг, кој всушност им се допадна многу повеќе од Мекдоналдс.

Дури ги однесовме и на една од локациите на Хабитат фор хјуманити, каде што помогнаа во изградба на една куќа.

Се разбира, главната причина за посетата беа младинските програми на методистичката црква Северен Нејплс, а тие ги видоа и учествуваа во сите програми. Локалниот весник, Нејплс Дејли Њуз, објави неколку статии поврзани со оваа тема „Посветени на Бога“ (Hooked on God).

Сите деца од Македонија беа одлични, но двајца од нив станаа неофицијални водачи – Љупчо Димитриев и неговата сестра Вера Димитриева. И двајцата сега се во адвокатска професија, Љупчо во Радовиш, а Вера во Скопје.

Сè уште ги имам писменцата за благодарност и песните што ги испратија децата, а кога и да се вратев во Радовиш после тоа, тие беа во црквата да ме поздрават со прегратки, бонбони и цвеќиња. Секогаш ги прашував како оди нивната младинска група и дали се среќаваат неделно. Нивниот вообичаен одговор беше „не секоја недела“. Исто така прашав: „Дали ја читате Библијата кога ќе се сретнете?

„Ние не. Попот ја чита“, беше одговорот. Сè уште имаше голема разлика од активното учество со децата на кое јас сум навикнат.

На една од моите посети, со нас беше и протоерејот. Тој не беше вклучен во нашата дискусија, но очигледно слушна еден од моите коментари и сакаше да каже нешто, мислам. Тој се сврте и ме праша пред младите: „Зошто не им ја кажеш вистината и не им објасниш како католиците се одвоиле од православните, а подоцна протестантите од католиците?

Мислам дека тој беше загрижен што се обидувам да им влијаам како да ја практикуваат својата вера. Тоа воопшто не ми беше целта; Единственото нешто што сакав да им пренесам е тие да имаат вера во Бога и да бидат редовно присутни во црквата.

 Се воздржав и одговорив на неговото прашање покажувајќи го прозорецот кон дрвјата на ридот. „Некогаш имаше само едно дрво, но со текот на времето таму пораснаа многу други, а сега имаме шума“, им реков на сите во групата.

Јас не сум некој кој брзо размислува; тие зборови најверојатно дојдоа директно од Бога.

 Подоцна, седнав покрај протоерејот на ручек, а тој беше срдечен и разговорлив, но помислив дека тоа ќе биде крај на македонската младинска мисија. Среќен сум што можам да кажам дека не беше така.

Ден кој ќе се памети за црквата Св. Троица Радовиш

За време на многуте мои посети на Македонија имав задоволство со Ристо да ја посетам новата црква што тој ја градеше во Радовиш. Ристо го финансираше целосно како подарок за Радовишани и тоа е еден величенствен подарок.

1vldo55

Радовиш

Гледајќи ги деталите вградени во црквата во различни фази беше неверојатно и едукативно. Структурата е извонредна и сликите на Библијата од украинскиот сликар Анатолиј Гајданака кои ги покриваат ѕидовите се сите прекрасни уметнички дела, како и нејзините фрески.

Црквата е толку впечатлива што е наброена во водичите за туристи како нешто што мора да го посетат луѓето кои доаѓаат или поминуваат низ градот.

Бев поканет во Радовиш на осветувањето на црквата на 12 октомври 2003 година. Пасторот Стефани Кембел, која имаше голема улога во македонската младинска мисија на мојата црква, ме придружуваше во Македонија за осветувањето.

Тоа требаше да биде монументален настан. На настанот кој траеше цел викенд имаше гости од целиот свет, меѓу кои и еден кој не планираше да дојде: претседателот на државата.

Во автобусот од Скопје за Радовиш дознав дека претседателот Борис Трајковски не доаѓа на отворањето на црквата.

„Како мислите не доаѓа?“ Прашав. Не знаеја зошто, а не беа ни сигурни дали е поканет. За да го решам проблемот, додека се уште бев во автобус го зедов телефонот и му се јавив. Можам да се сетам на тоа како се одвиваше разговорот:

„Г-не Претседателе, слушнав дека не доаѓате во Радовиш на отворањето на новата црква“, реков.  

„Мислам дека не сум поканет“, рече тој. „Покрај тоа, би ми било непријатно, бидејќи тоа е православна црква, а јас сум методист. Не сакам вниманието да се насочи кон тоа“.

Продолжува 

1slavek3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top