Дијаспора

ГОДИШЕН БАНКЕТ НА МПЦ „РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ОД КЕМБРИЏ, КАНАДА

1kanba1

1kanba1ОД ЦРКОВНОТО ЖИВЕЕЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА

Македонската православна црква „Рождесрквото на Пресвета Богородица“ (“Света Мала Богородица”) од Кембриџ, на 21 октомври организираше заедничка богослужба со повеќе македонски свештеници од македонските православни цркви во Онтарио. Салата беше преполна со верници кои на овој голем празник оддаваат почит на Мајка Богородице.

Со тоа се потврди дека овој македонски православен дом е место на духовен мир за Македонците од Кембриџ, Кичинер, Ватерло и Гуелф. Тоа е место за средби на младите и старите македонски генераци и место каде тие можат да ги продолжат да ги негуваат македонските обичаи, традиции и љубов кон својот мајчин македонски јази и својата земја Македонија.

Инаку, градот Кембриџ каде што се наоѓа цркват „Света Мала Богородица“, го добил името по стариот универзитетски град во Англија. Тој се протега по должината на бреговите на реката Гранд во југозападниот дел на провинцијата Онтарио. На овој град природата му подарила убавини и богатства, па оттука и тој е една од побогатите градски населби во Канада.

Во Кембриџ живеат околу сто и дваесетина илјади жители, од кои поголемиот дел се од англо-саксонско, а потоа и од германско и шпанскко говорно подрачје. Тој е индустриски град, со развиена лесна индустрија и земјоделството. Кембриџ, заедно со градовите Кичинер, Ватерло и Гуелф е град на бројни паркови и зелени површини. Ватерло и Гуелф пак, се едни од најголемите и најзначајните универзитетски центри во Онтарио, особено Ватерло каде многу од студентите се од македонско потекло, а голем број се стекнали со факултетско образование токму во Ватерло. Во тие неколку градови свиле гнезно над илјада македонски доселеници од Македонија, претежно од Леринско, Костурско, Велешко, Битолско, Воденско, Скопско, Струмичко и од други места на етничка Македонија.

1kanba2

На свечена богослужба во црквата „Света Мала Богородица

Во минатото, македонските семејства од Кембриџ за да ги задоволат своите верски потреби на својот мајчин македонски јазик, патувале стотици километри до македонските православни цркви “Свети Наум Охридски” во Хамилтон и “Свети Климент Охридски” во Торонто. Затоа, се појави желбата за своја црква, особено кај семејствата од егејскиот дел на Македонија, врз кои се вршело силно грчко влијани и пропаганда.

Така, на 28 јули 1987 година, група на Македонци, се собрале во таканаречената „Македонска берберница“ во Кембриџ каде одлучиле да формираат македонски клуб. Целта на новоформираната асоцијација била да прерасне во место за средби на Македонците од сите делови на Македонија, кои живеат во Кембриџ, Кичинер, Ватерло, и Гуелф, а потоа да се формира македонска православен духовен национален дом.

Така, во почетокот на 1994 година тие ги започнале преговорите за купување на една зграда на Копската православната црква во Кембриџ. На 15 август истата година, црквата беше купена и адаптирањето во македонски православен дом. Инаку, овој црковен комплекс се состои од црковен храм, крстилница, сала за помали црковни обреди, сала за прослави, административни простории, библиотека, соба за свештеникот, и паркинг.

Новата македонска православна црква го доби името на мајката Божја “Света Мала Богородица”. Потоа доби одобрување од Светиот архиереј синод на Македонската православна црква во Македонија и се прикличи кон семејството на македонските цркви во Канада. За кусо време црквата беше подготвена да им служи на македонските иселеници. Така, првата богослужба на македонски јазик се одржа на денот Мала Богородица, на 21 септември 1994 година од страна на архиепископот охридски и македонски, поглаварот на МПЦ господин господин Михаил, митрополитот  господин Кирил, а присутен беше и авторот на овие редови Славе Катин, како гостин од Македонија и како потпретседател на Комисијата за односи со верските заедници во Република Македонија.

Тие се сретнаа  и разговараа со голема група иселеници од македонско потекло кои живеат во Кембриџ и околните градови. Оваа средба остави длабок впечаток кај сите присутни кои беа охрабрени за да преземат уште поголеми активности на духовно, културно и национално поле.

Секоја година, Македонци од овој дел на Онтарио го слават големиот празник Рождество на Пресвета Богородица, кој е патрон на црква  “Света Мала Богородица”. Оваа година бројот на пријавени гости беше голем, а салата во црквата е релативно мала. Затоа  Управата на Црквата, на чело со свештеникот Гоце Деспотовски решија  да го организираат годишниот банкет на црквта во големата сала на соседна македонска православна црква „Свети Наум Охридски“ во Хамилтон.

Така, 23 септември 2023 година за Македонската православна црква „Рождество на Пресвета Богородица“ (“Света Мала Богородица”) ќе остани во долго сеќавање, не само како годишен банкет на црквта, туку и како заедничка вечер на Македонците од сите ближни градови и места од Мисисага до Нијагарините Водопади. Преполнетата сала со гости ја поздрави Бранкица  Матевска, претседател на Управниот одбор  на црквата “Света Мала Богородица”  , а гостите ги  забавуваше позната музичка група „Децата од Буф“ и естрадниот уметник Соња Лозановска, кои успееја да ја направат вечерта  незаборавна со нивните македонски песни и ора,

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top