Дијаспора

ЛУ ВЛАШО – ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ФЛОРИДА (36)

1glasaj123

1klu2

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО – АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“ 

Градоначалникот на Нејплс, Бил Барнет, учествуваше и објави проглас: „Градот Нејплс сака да ги признае одличните односи меѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија. Затоа јас, Бил Барнет, врз основа на овластувањата што ми се доделени како градоначалник на градот Нејплс, Флорида, се гордеам што го прославувам отворањето на Конзулатот на Република Македонија и со ова го прогласувам 8 февруари 2008 година за Ден на почесниот конзулат на Република Македонија.”

(Тоа не остана незабележано од грчките интереси: Панхеленската организација на Тампа (The Tampa Panhellenic Organization) испрати писмо до градоначалникот во кое се спротивставува на прогласот и написите во весниците кои известуваат за настанот, наведувајќи го својот став за Македонија.)

Отворањето го искористив за да воспоставам односи помеѓу Хабитат фор хјуманити Македонија и Хабитат фор хјуманити од округот Колиер. Ги поканив Зоран Костов, шефот на Хабитат Македонија и Сем Дурсо, претседател на Хабитат на округот Колиер, да бидат дел од програмата и формално да потпишат Пакт за партнерство.

Неодамна го запознав Зоран во Македонија и бев импресиониран од работата што ја работи и мислев дека би било одлично за нив да имаат врска со градителот на најголемиот број домови на Хабитат во САД. Може да се појават добри можности за споделување идеи.

Настанот беше огромен успех, просторија преполна со луѓе, а медиумското покривање беше извонредно.

Имавме еден загрижувачки момент. Отворањето беше планирано за следниот ден по Националниот молитвен појадок во Вашингтон, на кој требаше да присуствувавме и јас и Зоран Јолески. Амбасадорот и јас бевме на лет од Вашингтон до Нејплс утрото на денот на отворањето и требаше да пристигнеме со доволно време да ги направиме последните подготовки.

На средината на летот, еден од патниците, како што ни изгледаше нас, доби срцев удар. Авионот беше пренасочен во Шарлот, Н.Ц. поради итно слетување. За среќа, патникот беше добар. Но, целото дополнително време што го имавме да го подготвиме отворањето го изгубивме, и секако доцневме. Посакувам да имам видео снимка од моментот кога конечно влеговме во ресторанот со големи овации за добредојде од гости кои беа претежно Македонци.

Успеавме да добиеме дозвола да го вееме знамето на Република Македонија пред нашиот конзулат на Петтата авенија Југ. Да, знамето на Република Македонија се вееше над Петтата авенија, главната улица во Нејплс, заедно со бронзената плоча со натпис кој го означува Конзулатот на Република Македонија.

Со текот на годините, Конзулатот беше повикан да помогне во многу ситуации, некои мали и лични, некои навистина големи. Еве неколку кои ги паметам: 

Помогнавме на млад пар да посвојат македонски бебиња

Помогнавме на млада жена да се разведе од Албанец Македонец откако увидела дека влегла во лоша врска

Помагање за визи, за референци, обезбедување на специјализирана медицинска опрема и многу други работи беа на списокот на проблеми со кои се справувавме. Луѓето на кои можевме да им помогнеме беа многу благодарни.

Сè додека не бидам официјално известен поинаку, останувам горд што ќе продолжам да и служам на татковината на моето семејство како почесен конзул во Соединетите Американски Држави.

Наоѓање простор во политиката за добра кауза

Како Хабитат фор Хјуманити беше присутен во просторијата при отворање на нашиот конзулат? Пат и јас сме поддржувачи на локалниот Хабитат долг период на време, а уште повеќе откако Лиза Лефков, нашата директорка на црковната младина, замина да се приклучи на Хабитат фор Хјуманити за округот Колиер. Лиза беше вклучена во нашата македонска младинска мисија во црквата и ми кажа дека постои Хабитат и во Македонија.

За мене тоа беше вистинско изненадување, па на моето следно патување во 2007 година во Македонија решив да се јавам во нивната канцеларија. Бев поврзан со Зоран Костов, извршен директор на Хабитат фор Хјуманити во Македонија, кој беше изненаден кога слушна дека некој од САД е заинтересиран за нивното работење. Тој беше буквално шокиран кога се појавив подоцна истиот ден во неговата канцеларија.

1klu22

Но, тој благородно објасни за својата работа и ме запозна со неговите клучни луѓе.

Веднаш се спријателивме. Кога го отворавме Конзулатот во Нејплс во 2008 година, го поканив Зоран да ни се придружи и успеав да го издејствувам мојот локален Хабитат да се согласи на договор за партнерство како дел од отворањето.

Подоцна истата година Зоран ме покани да учествувам на состанокот на Меѓународниот одбор на директори на Хабитат во Скопје. Секако дека прифатив. Состанокот на светскиот одбор во Македонија беше голема чест, а работата која Зоран и Хабитат во Македонија ја извршуваа беше доста одговорна. За време на тој состанок Хабитат го постави камен темелникот на градежениот проект во Велес. Патриша и јас имавме привилегија да бидеме дел од таа програма и финансиравме еден од становите.

На средбата бев назначен за почесен член на Управниот одбор на Хабитат фор Хјуманити Македонија. До ден денес ми претставува вистинска чест што сум еден мал дел од Хабитат Македонија.

Доаѓање на конзулот во семејството

Откако го отворивме почесниот конзулат на Македонија во Нејплс, Флорида, го поканивме претседателот на Македонија, Ѓорги Иванов, да не посети и да оддржи настан во конзулатот. Никогаш немавме можност тоа да го оствариме. Но, бидејќи тој присуствуваше на Националниот молитвен појадок во 2011 година во Вашингтон, јас предложив поинаква идеја. Како би било да дојде на вечера дома кај мојот постар син Винс?

Винс и неговото семејство живеат во Маунт Вернон, јужно од Вашингтон, и на мое изненадување, Иванов се согласи. Сега само требаше да ги убедам син ми и снаа ми да организираат вечера.

Среќа што и тие се согласија да го сторат тоа. Имаа голем дом и сметавме дека можеме да сместиме значителен број македонски достоинственици:

Претседателот Ѓорги Иванов и неговата сопруга

Македонскиот амбасадор во САД Зоран Јолевски и неговата сопруга

Македонската министерка за култура Елизабета Канческа

Претседателот на Врховниот суд на Македонија Јован Вангеловски и неговата сопруга

Извршниот директор на Хабитат Македонија Зоран Костов и неговата сопруга

Амбасадорот на САД во Македонија, Филип Рикер

Мојот син, мојата снаа, моите две внуки и јас

Продолжува 

1slavek3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top