Дијаспора

ЛУ ВЛАШО И НЕГОВИТЕ АКТИВНОСТИ ВО ПОВЕКЕ АСОЦИЈАЦИИ НА РАЗЛИЧНИ МЕСТА (41)

1me8

1me8

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО – АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“

Неколку години откако го напуштив одборот, ме замолија да ги претставам директорите и службениците на клубот со луѓето во Имокали, која е најсиромашна општина во округот. Сега, комплетен кампус има и во Имокали.

Во 2003 година дадов предлог да се оддржи настан за собирање средства кој стана Академија за извонредност и достигнувања. Нејплс има повеќе пензионирани директори на големи компании кои се преселиле овде да живеат или кои ги поминуваат зимите овде, од кое било друго место во земјата.

Идејата беше да се додели признание на некои од овие поединци секоја година како гала настан за собирање средства. Покрај тоа, се надевавме дека дел од нив можеби ќе се заинтересираат за клубот и ќе станат спонзори.

Некои од лицата на кои им беа доделени признанија беа Харолд „Ред“ Полинг, пензиониран претседател и извршен директор на Форд Мотор Компани; Џон Крол, пензиониран претседател и извршен директор на компанијата Дупон; Џон Ф. Смит, пензиониран претседател на Џенерал Моторс; и мојот омилен, Роберт Карсело, претседател на Крафт Констракшн, врвна градежна компанија во Нејплс.

  Една година планиравме да му доделиме признание на Лери Бирд од Националната кошаркарска асоцијација (НБА), но тој сè уште беше професионално активно вклучен во работата и не можевме тоа да го оствариме. Настанот се одржуваше три години и, иако беше успешен, никогаш не ги оствари нашите очекувања и беше прекинат. Сè уште мислам дека оваа идеја повторно ќе стане актуелна некој ден.

Советодавен одбор на Агенцијата за ревитализација на заедницата (Community Redevelopment Agency Advisory Board): Во 1994 година, градот Нејплс основа Агенција за ревитализација на заедницата (CRA) за да ги насочува приватните и јавните иницијативи кои ќе создадат економски развој, ќе ги подобрат физичките карактеристики и ќе поттикнат инвестиции во центарот на Нејплс. Тој се финансира од зголемувањето на даночните приходи од повисоките вредности на имотот во областа што произлегува од приватна ревитализација.

Фил Мекејб, сопственик на „Ин он Фифт“ (The Inn on Fifth), и јас решивме дека во моментот не се посветува доволно внимание на Петтата авенија Југ. Во 2003 година, Фил и јас му пристапивме на тогашниот градски управител, Кевин Рамбоск, за да формираме советничка група за таа намена.

Со негова помош успеавме да го убедиме Градскиот совет да го формира Советодавниот одбор на Агенцијата за обнова на заедницата. Одборот би го советувал CRA со собирање мислења од јавноста и технички совети за економски и други прашања во областа на ревитализација на градот.

Работев во Одборот од 2003 до 2011 година и бев претседател три години. За тоа време, ги завршивме работите: со наше водство и приход од данокот на зголемената вредност на имотот, CRA изгради втора паркинг гаража во округот Петта авенија, ги замени сите улични светилки и далноводи долж авенијата и реконструира неколку улици во областа.

Еминентни личности (Men of Distinction): Фондацијата за образование на округот Колиер годишно дава признанија на 10 еминентни личности, а во 2008 година и јас ја добив таа награда. Фондацијата, која исто така го носи името Заштитници на учењето, постои за да создаде искуства во едукацијата кои ќе го променат животот на секој студент. Наградата Еминентни личности беше еден од нејзините главни настани за собирање финансиски средства.

За да се уверам дека настанот е успешен, спонзорирав две маси за 10 лица и поканив пријатели – меѓу нив и неколку пријатели Македонци — да ни се придружат на Патриша и мене на настанот.

Пред 40 години пронајдов рај – Нејплс – а во последните 33 години тој ми беше дом, што го прави град во кој најдолго сум живеел. Каков благослов беше да се нарече Кентон, Охајо, мој роден град; Трој, Охајо, градот во кој го одгледавме нашето семејство; и Нејплс, Флорида, парчето рај каде што ги поминав моите „златни“ години.

Оддавање почит на заедница од еден

1me88За време на моето кратко време како ерген, моето пријателство со Џон Мајкл Ханон, сожител од Пеликан Беј, кој го запознав во нашиот бар на плажа прерасна во категоријата „најдобро пријателство“.

Џек, или Џеко како што го викавме, беше сам, разведен од сопругата и отуѓен од ќерката. Тој беше воен ветеран од Втората светска војна и одлична личност која им се допаѓаше на многумина, но имаше малку блиски пријатели. Откако се оженив со Патриша, тројцата често бевме заедно.

Уживавме во неделните вечери со Џек и се среќававме еднаш во неделата по црквата на ручек во клубот „Вандербилт Тартл“(Vanderbilt Turtle). Џек секогаш инсистирал да плати половина од сметката за да може делумно да ја почести Пети.

За жал, проблемите со стареењето почнаа да го стигнуваат. Кога дојде време да се организира дополнителна нега за него, немаше кој да го стори тоа. Така да јас го организирав тоа. Додека гледавме како Џек ни се губи во 2010 година, се обидов да стапам во контакт со неговата ќерка, со надеж дека таа, или барем неговите внуци, ќе дојдат да го посетат во домот за стари лица.

Моите обиди беа одбиени. Така, кога дојде време за погреб на Џек, човек кој ѝ служеше на својата земја, отпатував во Охајо за да присуствувам на погребот и на закопот во Кливленд, Охајо и бев единствениот таму што го претставував неговото семејство.

Има работи што треба да ги направите, почит што треба да ја покажете. Се надевам дека сегашната генерација ќе се чувствува исто така кога ќе дојде крајот на нашата генерација која беше подготвена да ја плати крајната цена за нашата слобода.

Продолжува  

1slavek3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top