Дијаспора

МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“ – ДЕЛО ЗА АМБАСАДОРОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР ВО САД (1)

1ija3

1ija3

Монографијата “Томов” од Славе Катин претставува луксузно издание на 320 страници на голем формат, илустрирано со бројни фотографии од кои најголем дел се во боја. Во неа се среќаваат фотографии од времето кога Џорџ Томов бил дете во Струмица, потоа играорец на националните  ансамбли “Танец” од Скопје и “Ладо” од Загреб, до фотографии од многубројните настапи на ансамблот “Томов” и друштвото “Гоце Делчев” во САД, Канада и Европа. 

Моногравското дело „Томов“ од авторот Славе Катин е отпечатена во 2007 година, на македонски и на англиски јазик, во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје Рецензенти на ова значајно дело се факултетскиот професор д-р Вера Стојчевска-Антиќ и еден од постојаните членови на ансамблот “Томов”, д-р Кристина Калас. Книгата е објавена двојазично на македонски и на англиски јазик.

Георги (Џорџ) Томов беше жива легенда за македонските игри и песни. Тој беше еден од главните македонски и балкански движечки сили во Соединетите Американски Држави (САД) одговорен за развојот на непрекинатата страст за народни игри и ора која прогресивно цветаше од едниот до другиот брег на Америка,

Монографија “Томов” од Славе Катин претставува огледало за познатиот и признат фолклорист, етнолог, кореограф, скулптор, или како често го нарекуваат амбасадор на македонската култура, традициите и вистината за Македонија и македонскиот народ – Ѓорѓи (Џорџ) Томов. Оваа значајна и по многу нешта единствена двојазична монографија од овој вид претставува осврт за ликот и делото на Џорџ и за вистината за неговиот американскиот ансамблот “Томов” од Њујорк.

Монографијата е сублимат за дваесетгодишниот труд на околу 250 Американци, кои го афирмираат македонскиот и балканскиот фолклор, македонската култура, традициите и вистината за Македонија во САД.  Во исто време монографијата “Томов” претставува овековечување на Фолклорното друштво “Гоце Делчев” што е во состам на Македонската православна црква “Св. Кирил и Методиј” од Сидер Гроув, Њу Џерси, потоа на другите македонски асоцијации, на огромен број личности од македонските колонии, како и на значајни настани и активности на полето на фолклорот, културата и постигнувањата на национален план на Македонците во Канада и САД.

Душата на Фолклорниот ансамбл “ТОМОВ” беше Георги (Џорџ) Томов. Тој беше основач, уметнички директор, играорец, организатор и кореограф на ансамблот, но и претседател на Фондацијата за народни игри. Како стручњак за балкански, особено за македонски народни игри, музика и фолклорна култура, тој патувал многу за да држи предавања, да дава стручни часови и да одржува работилници низ целиот свет.

Затоа, Томов се прослави во САД и во странство не само како кореограф на народни игри и како играорец-учител, туку и како вајар чии уметнички дела имаат добиено големо признание од стручњаци и колекционери од САД и од други земји.

Томов беше еден од првите Македонци кои ги запознаваше американските личности со нашата македонска култура, особено со фолклорот. Всушност, немаше доволно Македонци да ги учи, затоа тој примаше ученици од универзитетати во Њујорк, Колумбија, Њу Џерси Университетите.

Земаше родени Американци и ги учеше оро да играат македонско и песни да пеат македонски. Исто така, во 1980, под негово влијание, македонскиот јазик почна да се изучува во Университетот Њу Џерси како предмет.

Работилниците и стручните часови по музика што Георги (Џорџ) Томов ги одржуваше на универзитетите, во клубовите, училиштата, организациите и играорните групи, му донесоа меѓународни признанија, како и радост на илјадници играорци низ целиот свет.  

Бидејќи бешее брилијантен играорец, Георги (Џорџ)Томов, чиј дом беше во Њујорк, беше добредојден во големите главни градови од целиот свет како истакнат ороводач во познатото национално Културно-уметничко друштво “Танец” од Македонија и со “Ладо” од Хрватска.

Георги (Џорџ) Томов беше човекот кој целиот свој живот го мина во создавање, во творење на нешто свое, нешто автентично. Го живееше својот животен сон, споделувајќи ја реалноста со својот народ без кој сонот не би постоел. Тој беше неуморен, со неверојатен творечки дух: скулптор, вајар, публицист, уметнички кореограф, основоположник на бројни македонски фолклорни асоцијации.

Со еден збор – успешен амбасадор на македонското културно творештво на тлото на Соединетите Американски Држави. Георги (Џорџ) Томов беше едноставен, скромен, човек од народот, достоинствен и горд на древните македонски традиции.

1ija33

Домот на арм во Скопје

Во  на 17 мај 2007 година, во просториите на Домот на армијата на Република Македонија (АРМ), се одржа промоција на монографијата “Томов”, амбасадорот на македонскиот и балканскиот фолклоре во исееништвото. Пред големиот аудиториум во Домот на АРМ, меѓу кои беа поглаварот на МПЦ архиепиското Стефан, митрополитот Кирил, поранешниот претседател Киро Глигоров и многу други познати личности од јавниот, културниот и политичкиот живот во Македонија книгата ја претставија рецензентот Вера Стојчевска-Антиќ, поранешниот претседател на Матицата на иселениците од Македонија проф.д-р Димитар Керамичиев и директорот на националниот ансамбл “Танец” м-р Бошко Тренески. Притоа, извонредниот и незаборавен настап на машката група на играорците на “Танец” со древното оро “Тешкото” беше примен од присутните со возбуда и одушевување

Монографијата “Томов” од Славе Катин е поделена на пет дела. Во делот насловен како македонско-американското наследство, дадени се материјали за Македонија од времето на Александар Македонски до денес и за активностите на Македонците во Њујорк и Њу Џерси. Потоа, во делот за животниот пат на Ѓорѓи Томов, поместени се репортажи за родниот град Струмица, за Скопје и за Њујорк, а е претставен Џорџ Томов како играорец, кореограф, етнолог, вајар. Посебен простор е даден на материјалите со кои ансамблот “Томов” за настапите е претставен низ страниците на медиумите во целиот свет, почнувајки од “Њујорк таимс” до “Нова Македонија”.

Во петтиот дел во кој е дадено педесет годишното творештво се вели дека скромниот Ѓорѓи Томов, меѓу другото, е добиник на највисокото американско признание: “Елис Ајланд”, награда за ширење на македонската култура и збогатување на американската историја – признание што го добиле американски претседатели, конгресмени, глумци, пеачи, спортисти, уметници и други видни личности во САД, потоа наградата “Обединети нации”, за неговиот придонес за зближување на народите, како  и многу други значајни награди, пофалници и признанија за фолклорната ризница на ансамлот “Томов”.

Продолжува

1slavek4 Пишува СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top