Дијаспора

ГОЛЕМОТО ДЕЛО НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ВО МАКЕДОНИЈА (6)

1dat2

1dat2

Дел од МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“ НА СЛАВЕ КАТИН

 “Јас се зарадував необично многу во Господа” – пишува апостолот.

Истакнувајќи ја љубовта на апостол Павле кон Филипјаните, свети Јован Златоуст сосем самостојно го заменува името на градот Филипи со името на целата земја кон којашто припаѓал и тој, а името е Македонија. Свети Јован Златоуст, кој живеал во втората половина на четвртиот век или поточно почетокот на петтиот век по Христа, вели:

„Да ги сакаш Филипјаните било исто како да ги сакаш сите Македонци, додека да го сакаш Филипи било исто како да ја сакаш цела Македонија“. Таа мисла на свети Јован Златоуст покажува дека во неговото време Македонците биле познати како посебна етничка група (народ).

„Солун во апостолско време бил главен град на Македонија. Напуштајќи го Филипи, апостол Павле заедно со соработниците Тимотеј и Сила заминале кон Солун. Солунската црковна општина со мали прекини ќе стане центар околу кој ќе се групираат сите црковни општини од Македонија и ќе ги нарекуваат македонски црковни општини, а црквата во Македонија ќе ја нарекуваат Македонска црква.

Значи, основите на Македонската православна црква се поставени од самите апостоли и нивните ученици, а потоа следи дејноста на светите браќа Кирил и Методиј, за да се круниса со организиран самостоен црковен живот во времето на свети Климент и свети  Наум охридските-чудотворци. Тогаш свети Климент се погрижил за устројството на црквата, организирајќи си своја народна епархија, народен јазик и богослужение на мајчин македонски јазик, рече на крајот авторот Георги Томов.

Во врска со изведбата на мошне впечатливиот и со силна порака милениумски ораториум “Ние сме Македонија”, весникот на организацијата “Обединети Македоници” од Торонто, Канада, во септемврискиот број од 2000 година, меѓу другото, ќе напише:

„Во година кога го празнуваме двеилјадитото постоење на христијанството во Македонија и светот, на дваесет и шестиот по ред Црковно-народен собор на МПЦ на Американско-канадската македонска православна епархија, кој се одржа во Хамилтон, Канада, ќе биде запаметен во аналите на активностите на македонските цркви, а посебно во нивниот заеднички настап.

Овојпат со една позитивна и напредна идеја зачекоривме во третиот по ред милениум, со новост во одржување и претставување на нашето двемилениумско простумење, сочувствувајќи ги македонските црковни и народни традиции.

1dat22На Собирот во Хамилтон

Овојпат, преку портретите од најпознатите македонски светци, просветители и водачи на македонската нација; преку пригодниот избор на песни од нашата многу богата фолклорна и поетска ризница, со податоци од раѓањето на македонската христијанска нација, која прва го прими христијанството и го рашири по другите народи.

Беседите за Македонија како библиска земја ни овозможија на еден сликовит начин да го видиме нашето историско минато и задолжение за нашата иднина.

Портретите и симболите на македонското минато под заштита на Сонцето, се претставија со новосоздадената народна музика, со инструменти карактеристични за нашето македонско поднебје и кои сеуште ја красат нашата национална и изворна музика“, се вели, меѓу другото, во весникот „Обединети Македонци“.

Инаку, вредно е да се потенцира дека учесниците на историскиот Милениумски ораториум доброволно учествуваа и го дадоа својот придонес, за овој несекојдневен настан да остане во сеќавање на присутните кои со себе  го понесоа како еден незаборавен сувенир.

Продукцијата на Милениумскиот ораториум беше од Георги (Џорџ)Томов. Тој, исто така, го направи аранжманот на музиката, ги напиша текстовите, кореографијата и дизајнот на експонатите.

На третиот и последен ден на Соборот, беше одржан свечениот банкет во хотелот Шератон. За прв пат, одобрен од Епархиското собрание, а по барање на Ѓеорги (Џорџ)Томов, се одржа Милениумскиот ораториум – “Ние сме Македонија”. Во оваа триесетминутна програма беа прикажани древната и богата историја на македонскиот народ, проследено со слики, транспаренти, икони и симболи; преку збор, песна и игра; преку звукот на ударот од тапанот; како и низ обичаите и традициите.

Сето тоа доби возвишение и кулминација. Сето се круниса кога постепено зад гостите на почесната маса, полека се крена древното македонско алово знаме со шеснаесеткракото сонце и синоличниот цвет-здравец во средината, заедно од страните, со сликите на Господ Исус Христос, Богородица со Исус, Светиот крст, аловото знаме на МПЦ, иконите на свети Климент, свети Наум Охридски, свети Кирил и Методиј и околу салата плејада ликови од богатата македонска историографија.

Тогаш, сите присутни не можеа да се воздржат, станаа на нозе и со бурно ракоплескање го поздравија успехот на Милениумскиот ораториум – “Ние сме Македонија” од Ѓеорги Томов, со кое посебно се одбележа јубилејот 2000 години од воскресението Христово и два милениума на христијанството во Македонија и во светот.

На свечениот банкет, покрај домаќините и свештениците, на главната маса беше поглаварот на МПЦ, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, кој ги поздрави присутните со содржајна вечерна беседа, потоа митрополитот Кирил, пратеникот во парламентот на Онтарио господинот Луј Темелковски, Георги (Џорџ)Томов, авторот на овие редови Славе Катин и многу други гости и пријатели на Македонците од Соединетите Американски Држави и Канада.

Продолжува

1slavek4 Пишува СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top