Дијаспора

ЊУЈОРК – ГРАДОТ НА БИЗНИСОТ И КУЛТУРАТА НА АМЕРИКА (11)

1obn1

1jpe2

дел од МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Во метрополата Њујорк се издвојуваат, пристанишниот, трговскиот, финансискиот, индустрискиот и други делови на градот, а посебно Менхетен со “Волстрит” и “Харлем”. Така Менхетен е најпознатиот и најстариот дел на Њујорк.

Таму заедно се наоѓаат најголемите облакодери на светот – вистински вавилонски кули од времето на Александар Македонски, но денес, кули на современиот свет. Георги (Џорџ) Томов неговото дело преку ансамблите “Томов” и “Гоце Делчев” го збогатиле мозаикот на Њујорк, градот кој  од 5 август 2008 година стана и неговото вечно почивалиште

Со Георги (Џорџ) Томов направивме неколку шеги во врска со цените на имотите во времето на Индијанците кога Европејците го освојуваа новиот континент и со денешните, кои се дури несфатливи во новите услови. Приказната за Њујорк ја продолжи и тој ме информира дека новиот град почнал да се развива на најдобриот дел на американскиот брег.

Имено, од градот, преку реката Хадсон и нејзините притоки се отвора природен пат кон големите езера и внатрешноста. Така, во текот на времето, новодојденците го продлабочиле коритото на реката и прокопале канал до езерото Ири, па така патот до езерото бил отворен.

Оттогаш Њујорк е претворен во “врата на ветената земја”. Во пристаниште преку кое, особено преку Елис Исланд, влегле околу 75% од американските доселеници, меѓу кои и од Македонија.

Со тек на времето Њујорк се разви во еден од најголемите градови во светот, со најдолгиот ѕиден брег и со 1630 кејови, во чие пристаниште истовремено можат да се закотват околу 400 бродови.

На одредено место се закотвуваат патнички, а на друго, одделно место се закотвуваат товарните бродови, класирани според товарот што го превезуваат, како и според дестинацијата каде се носи или од каде се донесува товарот.

Денес Њујорк е најголем центар на американската меѓународна трговија. Во него има големи складови за стока, развиени се и сите видови индустрија. Така, 20% од сите американски индустриски претпријатија се концентрирани во Њујорк; во неговите банки се наоѓа најголемиот светски финансиски капитал. Затоа, се вели дека Њујорк е најголемиот банкарски центар, а “Волстрит” е најголемата светска берза.

Се шетавме со господинот Томов со автомобилот, а тој постојано ми кажуваше некои нови податоци за градот. Притоа, имавме неколку карти и литература за метрополата и САД, со цел да ги збогатиме сознанијата. Така, во литературата најдовме дека според официјалните податоци, најголем број од американските доселеници влегле преку Њујорк, што значи дека секој ден се доселувале по околу 3.000 луѓе од сите раси и народи.

Меѓу нив најмногу има Ирци, Италијанци, Евреи, Германци, Руси, Полјаци, Кинези и припадници на други народи. Денес во Њујорк живеат околу 200 нации, а и весниците и порталите се печатат на 200 јазици.

Бројот на припадниците на некои народи е многу голем. Така, во Њујорк живеат повеќе Ирци отколку во главниот град на Ирска – Даблин. Италијанци има повеќе отколку во Рим, а со околу 500.000 Црнци (Афро-Американци), Њујорк е голем афро-американски град.

Њујорк е граден во европски стил, со збиени улици. Така, според некои податоци, должината на улиците во Њујорк изнесува околу 9.000 км., колку што изнесува растојанието од Струмица, родниот град на Георги Томов во Македонија, до Рио де Женеиро, во Бразил. Улиците, главно се прави и наместо со имиња се означени со броеви.

По улиците и во одделени делови на Њујорк се движат над 5,5 милиони автомобили, 1,5 милиони автобуси и над еден милион такси возила. Освен тоа, во Њујорк од разни правци и градови дневно влегуваат околу 600.000 автомобили. Сите тие автомобили превезуваат патници, претежно по еден.

За да се сфати колку е жив сообраќајот, треба да се додаде и тоа дека и подземните железници дневно превезуваат 10 милиони патници. Бројки што навистина пленуваат и збунуваат.

1jpe22

Зградата на Обединетите Нации

Во текот на мојот престој во Њујорк се интересирав за многу работи, забележував, прашував и читав, се’ со цел да направам подобра слика за местото каде господинот Георги (Џорџ) Томов помина речиси четириесет години. Во тој период, тој живеел и во централниот дел и на периферијата.

Така, во еден водич за Њујорк најдов податок дека во метрополата се градат околу 27.000 згради. Во стариот, централниот дел на градот нема слободен простор за нови згради. Единствено можно е градење во височина.

Се градат облакодери, на кои основата им е од челична конструкција, а останатото се исполнува со бетон и лесни метали, најчесто алуминиум. Слични беа и двете згради близначки, кои за жал, беа срушени во терористичкиот напад на 11 септември 2002 година. Тој простор и денес оддава жална слика за невините жртви.

До неодамна во Њујорк меѓу облакодерите највисок беше “Емпире Стате Буилдинг”, висок 381 метар, а има 102 ката, но неколку нови згради ја преминале таа височина. Во метрополата Њујорк се издвојуваат, пристанишниот, трговскиот, финансискиот, индустрискиот и други делови на градот, а посебно Менхетен со “Волстрит” и “Харлем”.

Така Менхетен е најпознатиот и најстариот дел на Њујорк. Таму заедно се наоѓаат најголемите облакодери на светот – вистински вавилонски кули од времето на Александар Македонски, но денес, кули на современиот свет. Во делот на “ Волстрит” се наоѓаат и банки со натрупан огромен капитал, затоа тој е финансиски центар на Њујорк, на САД и на целиот свет. Во северниот дел на Менхетен се наоѓа Харлем, сиромашниот црнечки кварт. Менхетен е стеснет на мала површина, а има најразвиен сообраќај од било каде во светот.

Продолжува

1slavek4 Пишува СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top