Дијаспора

ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ КАКО ИГРАОРЕЦ, КОРЕОГРАФ, ВАЈАР… 15)

1src2

1src2

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Георги (Џорџ) Томов никогаш не престанал да работи, да планира  и истражува. Неговото лично студио се наоѓало во центарот на Унион сквер вест (Union Square West). Неговата фолклорна група, која одела на турнеи во целиот свет, броела помеѓу 30 и 45 игроорци, пејачи и музичари

Бил директор на неговата Фолкденс фондација (Folkdance Foundation) која била непрофитна корпорација, одобрена од Федералната даночна администрација и која била под закрила на Државата Њујорк. Во својата група, го вклучил и прекрасниот оркестар познат како Солист ди Зирнахрон (Solisti di Zirnachron). 

Но, треба да се спомене дека зголемениот интерес за учење и играње македонски ора се должело, делумно, на признанието кое Македонија го добила како важен светски ентитет. Другата причина за зголемениот интерес за македонскиот фолклор и играорството лежела во убавината, во длабочината на душата и духот кои се наоѓаат во македонската народна музика.

Разновидноста на расположението прикажано во многу ора – понекогаш весели, понекогаш чувствителни и ора кои понекогаш се самостојни, друг пат енергични и жестоки. Овие ора овозможуваат проток на сила и енергија низ телото, ослободувајќи ги инхибициите и притисокот. Она што танцувањето, играњето го изнесува на виделина е живоста, силата и радоста од живеењето и постоењето.

Народното оро, според својата природа, е традиционален начин на општествено самоизразување кое евоцира емоции кај луѓето – манифестирање на љубов, додворување, дружељубивост, среќа и радост на животот. Играњето народни ора, т.е. танцувањето обезбедува една колористична и графичка алка во која се спојува потребата да се изразат чувства преку движења со среќата која произлегува од дружењето. 

Денес, повеќе од кога било луѓето чија цела лепеза од чувства е погодена од стресот и притисокот, постои потреба од слобода за изразување на чувства која се манифестира со прекрасни движења на телото при танцување во ритмот на народното оро.

Како бегство од едноличниот свет и како прибежиште од секојдневните грижи и проблеми, играњето нуди мир и радост во форма на енергични и корисни физички активности поврзани со потребата на човекот да биде заедно со оние кои споделуваат исти интереси.

Убавината на македонското топло сонце, вечното сино небо, нејзините планини и реки, нејзините сребрени езера – сите тие зрачат во мелодиите и ритмовите на вајарството на Георги (Џорџ) Томов.

Концертите на ансамблот “Томов” постојано биле исполнети со разновидност, возбуда, боја и младост. Сите народните носии биле автентични и увезени. Во програмите биле вметнати ора од многу други земји, а не само од балканските, меѓу кои се истакнуваат танцовите со кломпи (цокули) од Северна Каролина. Овие рустични американски танчери, заедно со виртуозноста на богатиот македонски фолклор биле постојано поздравувани со френетични аплаузи.

Практично, секоја вечер се танцувало во студиото на Георги (Џорџ) Томов со зголемување на бројот на оние кои биле привлечени од оваа убава, чиста забава и освежувачка форма на рекреација и вежби за дружење.

Освен горенаведеното, Георги (Џорџ) Томов имал и други бројни достигнувања кои заслужуваат да се споменат. Така, во 1979 година, овој голем човек ги дизајнирал костумите за бостонската продукција на Шекспировата драма “Дванаесетта ноќ”, изведена во Институтот за технологија од Масачусец.

Во 1980 година, ги кореографирал танцовите за Фолклорниот ансамбл “Свадба” од Питсбург, а во истата година тоа го направил и за Фолклорниот ансамбл “Живели” од Колумбос, Охајо.

Во 1983 година, бил кореограф во Франц Лехарсовата танцова нумера “Царевич”, во продукција на  њујоршката “Виена опера хаус” во  “Линколн центарот” и во “Алис Тули холот”. Од 1984 година, Георги Томов давал часови и држел  предавања за македонски, балкански и полски ора и фолклор на деца од државните училишта во рамките на општините Квинс и Менхетен во Њујорк.

Овие програми ги спонзорирале Бордот (Одборот) за образование на државата Њујорк, уметничките Партнерски организации и Младинската организација на Квинс.

1src22Георги (Џорџ) Томов скулпторот

Во 1973 година, Природно-историскиот музеј го поканил Томов да држи предавање и да ги изложи македонски народни носии и инструменти. Важно е да се истакне дека во 1980 година, Фолклорниот ансамбл “Томов” имал свој настап на Зимските олимписки игри одржавни во Лејк Плесид, во државата Њујорк.

 Во 1986 година, ја креирал специјалната кореографија за завршниот церемонијал на Стогодишнината од Статуата на слободата. Потоа, во 1990 година, ансамблот “Томов” настапил на официјалната церемонија за повторното отворање на Елис островот Четири пати бил на турнеја во Македонија.

Групата имала повеќе од 280 настапи, вклучувајќи ги и настапите на ТВ станици во САД и во други земји, со што милиони гледачи го виделе овој ансамбл.

Во истата таа година (1990), Георги (Џорџ) Томов го организирал и бил прв претседател на Македонското движење за човекови права за Њујорк, Њу Џерси и Североисточниот дел од Соединетите Американски Држави. Исто така, треба да се напомене дека во “Книгата за песни на имигрантите” од Џери Силверман, издадена од “Мелби” македонската песна “Бог да бие кој прв појде” ја претставувал токму доселеникот Георги (Џорџ) Томов.

Исто така, тој напишал бројни написи и текстови за весници и списанија во цела Америка. Кратка биографија на Томов е дадена во Маргуисовото второ издание “Кој е кој во Америка” како дел од секторот за забава и разонода.

Од доцните 60-ти па се’ до крајот на неговиот живот, овој неуморен војник на уметноста, држел предавања и бил демонстратор за балкански и македонски фолклор и народни ора на бројни универзитети, библиотеки, музеи, цркви, културни институции и клубови во цела САД, Канада и Австралија. Георги (Џорџ) Томов беше член на Американското здружение за унапредување на студиите по славистика.

Продолжува

1slavek4 Пишува СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top