Дијаспора

ПОЗНАТИОТ КОРЕОГРАФ ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ ОД ЊУЈОРК 16)

1eng2

1eng2ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Во 1991 година,  Државниот архив на Македонија од Скопје ја основа фондацијата “Георги Томов – фолклористот”, како признание на неговите културни активности за зачувување и презентирање на богатата разноликост на македонската народна уметност во Соединетите Американски Држави, Канада и во Австралија. Тоа е потврда на фактот дека зголемениот интерес кај младите луѓе да научат повеќе за   меѓународниот фолклор ги води кон подобро меѓусебно разбирање со народите од другите земји.

Георги Томов се вработил како скулптор во Њујорк во Скулптур Хаус. Негово значајно вајарско дело беше скулптурата на коњ во природна големина. Делото беше поставено на влезот на Бадвајзер музејот во Коперстаун, Њујорк, но денес се наоѓа во Bools Garden на Флорида. Тој е автор и на заштитниот знак на Canadian Spirits Company – војникот Бифитер, а неговиот потпис се наоѓа и под коњчето што веќе долги години е препознатлив знак.

Исто така, човекот што цели 50 години ја прославува[e македонската култура, орото, песната и традицијата ширум светот, има[e извајано голем број други скулптури како: бисти, минијатури, предмети и слично. За неговата работа како сцулптор ќе позајмиме дел од текстот на Алберт Кеј, концертен уметнички директор, кој, меѓу другото, го напиша следното:

„Илјадници луѓе кои го запознаа Георги (Џорџ) Томов видоа дека  патувањата комбинирани со неговото знаење за играта на телото се визуелно прикажани во неговите склуптури. Неговата специјалност е портретирањето; секое дело го ‘заробува’ карактерот, расположението и карактеристиките на телото така што делото дејствува како да е живо.

Тој како уметник со срце бил прогонуван да создава совршени вајарски дела. Неговата крајна желба била да се пресели во еден мирен, тивок град на запад и да прави она што најмногу сака – да твори со својот ум и своите раце.

Ѓеорѓи Томов ги искористува можностите кои Њујорк ги нуди и целосно ги исполнува своите денови. Држеше предавања како гостин-предавач во Универзитетот Њујорк, пишуваше написи за Фолк Магазине и го правеше распоредот за серија предавања на колеџи на Западниот брег.

Плановите за свое студио каде ќе држи часови за фолклор и за вајарство се исполнија и Ѓеорѓи ја задоволи својата амбиција да дава часови и прифати една од многуте понуди да предава на универзитетско ниво.

Алберт Кеј го напиша  и следново за Георги Томов:

„Народните ора, според својата дефиниција, се традиционален начин на општествено самоизразување кои евоцираат емоции кај луѓето – манифестирање на љубов, додворување, општествени обичаи, дружељубивост, среќа и радост на животот.

Танцувањето обезбедува една колористична и графичка алка во која се спојува потребата да се изразат чувства преку движења со среќата која произлегува од дружењето со другите кои го споделуваат истиот ентузијазам за оваа најстара, а сепак, најмодерна форма на танцување.

Денес, кога човекот, кој поседува цела лепеза чувства, е погоден од стресот и притисокот, постои потреба за опуштање во изразувањето кое се манифестира со убавите движења на телото во форма на народни ора.

Како бегство од едноличниот свет и како прибежиште од секојдневните грижи и проблеми, танцувањето нуди мир и радост во форма на енергични и корисни физички активности поврзани со потребата на човекот да биде заедно со оние кои споделуваат исти интереси.

Убавината на македонското топло сонце, вечното сино небо, нејзините планини и реки, нејзините сребрени езера – сите тие зрачат во мелодиите и ритмовите на вајарството на Ѓеорѓи (Џорџ) Томов“, напиша Алберт Кеј.

1eng22Женската група на ансамблот „Томов“

Значаен прилог за фолклористиката во САД, а со тоа и во Македонија и пошироко, се неговите текстови посветени на македонските игри и песни. Наредните два текста на Георги (Џорџ) Томов се токму такви.

Тие се објавени во списанието “Вилтис”, “Надеж”, од Денвер, Колорадо, списание за фолклор и народни игри, во кое,  во превод на авторот на овие редови Славе Катин, меѓу другото се вели дека важен елемент во македонската национална историја е креативноста на земјата и еден сегмент од таа креативност ја прегрнува виртуозноста на македонските ора, од една страна, и импресивната акција/дејство од друга страна.

Македонското народно оро одразува една специфична карактеристика на нацијата, со фрапантна благонаклоност кон соседните држави и народи. Во исто време, македонските народни ора самите по себе имаат индивидуалност со вродена елегантност во сложените движења и целосна преданост кон телото и душата.

Тие имплементираат една специфична хармонија и ги подигнуваат чувствата на степен на крајна перфекција. Тие повикуваат на прекрасно, емотивно и ритмично движење на телото кое евоцира вечна инспирација.

Македонскиот материјален и духовен простор никогаш не бил затворен. Напротив, македонските духовници, културолози, писатели, ликовни, фолклорни и други творци постојано биле дел од хуманистичките текови и поборници на светлата иднина на човештвото.

Таа се заснова врз македонската култура, традициите и обичаите. Затоа и Георги (Џорџ) Томов ги следел патеките на македонските видни дејци и народни творци од минатото и денес неговите знаења од фолклорот од Македонија и пошироко од Балканот ги пренесувал во новите средини

Продолжува

1slavek4Пишува СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top