Дијаспора

СВЕТЛАНА МИШЕВА ЈА ПРИМИ НАГРАДАТА „ЗЛАТЕН ПТОЛОМЕЈ„ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ОД МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО ХОЛАНДИЈА

1slier2

1slier2

Од лево кон десно: Г.Г.Дуртаноски, Класине Шеле, Светлана Мишева, Херман Јонкер и Илија Талески

Ротердам, Хендрик-Идо-Амбахт 16 март 2024

Светлана Мишева ја прими наградата „Златен Птоломеј„ и „наметката на македонското достоинство„ и стана почесен претседател на Македонската заедница во Холандија.

Низ ѕвуците од Јохан Штраус (помладиот), холандски и македонски незаборавни евергрини кои ги слуша и пее секоја генерација, денеска во близина на Ротердам македонската активистка Светлана Мишева беше овенчана со Награда за животно дело од Македонската заедница во Холандија која организираше прием по повод нејзиниот 80 роденден.

Таа е единствен одликуван граѓанин од македонско потекло во Холандија и пред 15 години стана член на Редот Оранје-Насау за нејзините заслуги и придонес во холандското општество.

Светлана Мишева е голем промотор на Македонија од својата рана младост како активен член на фолклорниот ансамбл „Орце Николов„ и во 60-тите години на минатиот век настапувала

на скоро сите фолклорни фестивали низ целиот свет. Непосредно по земјотресот во 1963 година работела во тимот на јапонскиот архитект Кензо Танге во изградбата на Скопје и на повик на ансамблот „Орце Николов„ повторно заминала на турнеја во Америка, но овојпат во хуманитарни концерти и собирање помош за обнова на македонскиот главен град.

Во Холандија живее од 1971 година и таму помагала на бегалци, сиромашни и болни за чија хуманост, посветеност и грижа е одликувана во 2009 година.

Музичкиот дел од програмата беше одлично изведен од познатата македонска пијанистка Цветанка Созовска која живее и работи во холандската престолнина Хаг.

За славеничката Мишева зборуваа поранешниот градоначалник на Хендрик-Идо-Амбахт Херман Јонкер во чиј мандат беше доделено одликувањето, госпоѓа Класине Шеле која ја номинираше Светлана за да се здобие со државно одликување и Георги Гоце Дуртаноски го презентираше нејзиниот живот со проекција на фотографии од најзначајните етапи од нејзиниот живот кои оставиле трага кај неа и кај другите.

Херман Јонкер во пофалната реч се наврати во сеќавањата кога за првпат ја запознал Светлана, како подоцна станале колеги во Работничката партија во Холандија, за нејзините функции во општинскиот совет и за нејзината пред сѐ човечка димензија и пристапот кон лица од различни националости. Светлана Мишева го збогати нашето општество со нејзиното присуство и работа овде и сесрдно ѝ благодариме за тоа.„   

Класине Шеле ја нарече Светлана Мишева една „мултидисциплинарна реткост„ која ја прави да биде успешна во повеќе области и да ги обединува луѓето од различни нивоа. Ние многу малку знаевме за Македонија и Александар Македонски пред нејзиното доаѓање овде во Холандија. Имав чест и среќна сум што ја запознав и што сеуште сме блиски веќе четири децении„. 

„По А. ден Долард, Светлана Мишева е втората алка на поврзаност меѓу Македонија и Холандија, а на меѓународен план по Мајка Тереза и Есма Реџепова, Мишева е трета личност од Македонија одликувана за хуманост и општо добро„ – истакна нејзиниот биограф Георги Гоце Дуртаноски.

Преку видео-пренос на настанот се обрати и познатата холандска музичка ѕвезда Лени Кур која во 1969 година беше евровизиски претставник на Холандија и една од победниците која се здоби со Гранд При на Песна на Евровизија во Мадрид. Лени Кур упати прекрасни зборови до Светлана Мишева и евоцираше спомени од нивната средба во 1971 година и ја отпеа евровизиската „Трубадур„.

На настанот присуствуваа претставници на македонската амбасада од Хаг, македонската црковната општина од Утрехт, претставници на македонската академска заедница во Холандија и македонски активисти од Германија, Франција и Белгија.

Како што нѝ изјави Илија Талески од Македонската заедница во Холандија, „ова беше еден несекојдневен настан за Македонците во Холандија кои оддадоа почит на досега единствената одликувана Македонка во Холандија чиј придонес во афирмација на македонската култура во Холандија има големо значење за сите нас. Светлана Мишева е алката која ги спојува Македонците во Холандија од сите генерации и од сите нивоа.„

Врачувајќија ја Наградата за животно дело „Златен Птоломеј„ од име на Македонската заедница Илија Талески рече дека „таа заслужено се дава на личноста со најдолг стаж за македонската кауза односно над пет децении посветеност во различни области овде во Холандија. Со оваа награда Светлана Мишева воедно станува и почесен претседател (AD TEMPUS VITAE – доживотно)  на Македонската заедница во Холандија„ истакна Талески.

Награда за животно дело на Македонската заедница во Холандија„Златен Птоломеј„. Наградата е инспирирана од симболот (медузата) на македонската Птоломејска династија која владееше со Египет и фрагментот е аплициран на штитот од Птолемеј кој се чува во археолокиот музеј Алард Пирсон во Амстердам. 

На крајот Светлана Мишева имаше грандиозен говор во кој ги цитираше Мартин Лутер Кинг (јуниор), Петрета М. Андреевски, Милан Кундера, папата Франциск, нигерискиот теоретичари филозоф Ахил Мбебе и Неговото величество кралот на Холандија Вилем-Александар.

Мишева истакна дека голем број на популации во светот се подложени на услови за живот давајќи им статус на „живи мртовци„ (според Мбебе) и тоа претставува морален скандал на нашето време. Ние мора да го фатиме новиот курс на времето и да се справиме со тие предизвици и да градиме подобро утре, – рече Мишева.

Славеничката Мишева се заблагодари на Неговото величество кралот Вилем-Александар, воедно и голем мајстор на Редот Оранје-Насау за историскиот говор даден минатата година кога за првпат се извини кон жртвите на ропските системи од минатото во кои биле вклучени и неговите претци и повика да се бориме против расизмот, и таа рече дека се чувствува повикана да му даде поддршка на тој повик и верува дека еден ден ќе доживее да го чуе тоа и од нашите поробувачи во минатото и негаторите на нашиот идентитет од денешницата.

Светлана Мишева ги повика Македонците во Холандија и во светот да не се откажуваат од својата културна и идентитетска борба бидејќи (според М.Л.Кинг-јуниор) „човекотумира тогаш кога одбива да се застапува за она што е правда и за она штое вистина и додаде дека утре нашите гробови не смеат да бидат празни (П.М.Андреевски).

Мишева го заврши своето експозе со порака од Мајка Тереза и порача: „Доброто што го правиш, утре ќе биде заборавено. Но сепак направи го!„

1slier2222

Извор: Македонска заедница во Холандија. Macedonische Gemeenschap in Nederland. 2024                                                                                                                            

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top