Дијаспора

АКТИВНОСТИТЕ НА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ ВО МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА (27)

1akti1

1akti1ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Георги Томов ги започна своите црковни активности во стариот објект на Македонската православна црковна општина “Св. Кирил и Методиј” во Пасаик. Таа беше една од позначајните македонски црковни општини на северноамериканскиот континент. Во неа се одвиваа голем број активности што значеле живот за Македонците во новата средина.

Тука, според некои податоци, живеат повеќе илјади Македонци од сите делови на Македонија, а најбројни се од Охридско-струшкиот, од Преспанско, од Битолскиот крај кои биле членови на оваа црква.

Идејата за изградба на македонски дом во Њу Џерси беше дамнешна. Но, на 23 декември 1972 година беше одржано основачко собрание на кое беа донесени повеќе решенија за формирањето на црквата.

Потоа, Светиот синод на Македонската православна црква, со писмо од февруари 1973 година ја извести црковната општина во Пасаик дека црквата била прифатена под јурисдикција на МПЦ. На 15 март 1973 година црквата “Св. Кирил и Методиј” од Пасаик беше регистрирана кај американските власти во Њу Џерси. На 27 мај истата година, надлежниот архиереј, во една руска православна црква, ја отслужи првата света литургија на македонски јазик.

Со одлука на членовите и управата беше купен објект во Пасаик, кој беше преуреден и адаптиран за потребите на македонските верници. Потоа, на 24 ноември 1974 година и официјално беше осветена од тогашниот надлежен архиереј, митрополитот Кирил, во присуство на неколку илјади Македонци од повеќе соседни градови.

Зградата на црквата се наоѓаше во еден постар кварт на Пасаик и претставуваше значаен пример на старата американска архитектура. Меѓутоа, на 27 февруари 1992 година од непознати причини беше опожарена и до темел изгорена, со што Македонците останаа без објект.

Тие години во рамките на црквата работеше женска секција, неделно училиште, црковен хор и библиотека, како и КУД “Гоце Делчев”. Потоа, во 1993 година Македонците од Њу Џерси донесоа решение за изградба на нова македонска православна црква во градот Сидер Гроув, како продолжување на традициите на изгорената црква “Св. Кирил и Методиј” во Пасаик. Новото место од 10 хектари, заедно со времената сала беше купено во 1994 година во Сидер Гроув, како најпогодно бидејќи во негова близина има повеќе гратчиња во кои живеат Македонци.

По купувањето на местото донесен е план за изградба на црквата во стилот на “Св. Богородица” во Калишта. Планот на црквата беше земен од Македонската православна црква “Св. Никола” во Кентон, Охајо, но со зголемени димензии. Потоа, на 7 август 1993 година беше осветен камен-темелникот од тогашниот архиепископ охридски и македонски Михаил.

На свеченоста присуствувале и повеќе поканети гости, меѓу кои и тогашниот пртседател на Република Македонија, Киро Глигоров, амбасадорот на Република Македонија во САД и други гости од локалната власт.  Денес е изградена црквата со две камбанарии и парохиската куќа, како и сала, паркинг и простор за спортски центар.

Во рамките на црковната општина активно работи КУД “Гоце Делчев”. Потоа постојат фудбалскиот клуб “Македонија”, Комитетот за човекови права, неделно училиште, женска секција, црковен хор, библиотека и неколку музички состави. Оваа црковна општина ги има издадено билтените во 1982 и 1998 година, како домаќин на Црковно-народните собири на Американско-канадската македонска православна епархија.

За активностите во македонската комуна во Њујорк и Њу Џерси, во кои Георги Томов е нераскинлив дел и дава голем придонес, пишува и иселеникот Ламбе Мартиновски од Њу Џерси. Во својот текст под наслов “Највесела Гоцева вечер 97 во Гарфилд” објавен весникот “Вечер” од Скопје во бројот од 4 април 1997 година.

Во текстот се вели дека по повод 125-годишнината од раѓањето  и 94 години од смртта на легендарниот Гоце Делчев, Апостолот на душата на Македонската револуционерна организација, кој се бореше за независноста и самостојноста на Македонија, а во организација на Мацедониан Хјуман Рајтс Мувмент – ја организира највеселата Гоцева вечер 97 во местото Гарфелд, Њујорк, САД. 

Прославата се оддржа во прекрасната Руска црква на 15 март. Беше презентирана најбогата културно-забавна програма, што ја воодушеви многубројната публика, којашто ја поздрави претседателот на Организацијата Хјуман Рајтс г. Наум Наумоски.

По интонирањето на американската и македонската химна, се прочита реферат за македонскиот великан, идеолог и Илинденец  Гоце Делчев, што го подготви Ѓорѓи Кондовски, потпретседател на МПЦ “Свети Кирил и Методиј” од Сидер Гроф – Њујорк.

Беа изведени два рецитала, едниот од учениците на семакедонското училиште со рециталот под наслов “Бојот започна горе Крушево на Мечкин Камен”, а во вториот во изведба на возрасни активисти: Вера Сврговска, Танка Дуклеска, Коље Дуклески, Душко Будимоски и Славко Горгоски.

1akti11

МПЦ “Св. Кирил и Методиј”

Потоа настапија две фолклорни групи, и тоа од МПЦ “Св. Кирил и Методиј” и “Македонка” од МПЦ “Свети Никола” од Њу Џерси со сплет од народни ора од Егејскиот, Пиринскиот дел и од Република Македонија. Играорците беа облечени во такви носии кои во овие краишта се носеле пред неколку векови. Кореографи на овој убав македонски фолклор беа господата Ѓорѓи Томов и Славко Горгоски. Оваа вечер ги обедини Македонците од овие краишта и ја сплоти нивната работа и соработка.

Откако заврши културно-уметничкиот дел на програмата, започна општата веселба со музичките такти на групата “Легенда” која успеа да ги дигне на нозе сите присутни лица. Значајно е да се спомне, дека на оваа Гоцева вечер се собра доброволен прилог, како хуманитарна помош за Македонците во Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија, но и за оние во Мала Преспа, во Албанија.

Оваа веселба траеше до раните утрински часови. Да не се заборави и прославата на роденденот на оваа веселба: г. Георги Томов, кореограф, го прослави својот 65 роденден со голем број букети цвеќе и многу роденденски честитки од присутните гости. Му беше посакано тој и натаму да го води ФД “Гоце Делчев” и се разбира – да живее уште многу години, зашто по негова заслуга ова друштво стана познато и годинава е покането од Матицата на иселениците од Република Македонија.

Инаку, името и делото на уметникот, играорец и вљубеник во македонското црковно живеење Георги Томов е тесно поврзано со првиот македонски манастир во САД и Канада посветен на големиот маченик св. Ѓорѓи. Тој претставува место за организирање пикници и средби, а датира од 1977 година. Идејата првпат ја иницирал познат македонски иселеник – донатор од Ресен г-динот Ѓорѓи Танев. По неговото име и манастирот го доби името Св. Ѓорѓи.

Продолжува

1slavek4 copy copy copy copy copy copy copy copy Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top