Дијаспора

ДВАЕСЕТ ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА АНСАМБЛОТ „ТОМОВ“ (30)

1slav1

1slav1

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Цели дваесет години, во градот Њујорк со успех работеше Ансамблот за народни игри и песни “Томов”. Тој беше формиран во 1974 година со цел да ги прикажува на американскиот континент богатите игри и песни од Балканот, посебно од Македонија. Ансамблот беше составен исклучиво од Американци ентузијасти, играорци, пејачи и музичари, а само уметничкиот директор и кореограф беше Македонец. Во продолжение го поместуваме текстот во „Њујорк Тајмс“ објавен во петок, 16 март 1979 година. 

Ансамблот „Томов“ од Њѕјирк предводен од видниот македонски иселеник Џорџ Томов беше составен исклучително од Американци, ентузијасти, играорци, пејачи и музичари, а само уметничкиот директор и кореограф беше Македонец. Ѓорѓи (Џорџ) Томов, кој беше меѓународен професор и бард на историјата на македонскиот танц и на ората, што се основа на нашата цивилизациска меморија, ги преплави светските фестивали и сцени со својата бесконечна љубов и стана легенда на македонската дијаспора и на македонската интернационална судбина.

Тоа беше единствен ансамбл во светот од ваков вид. Поголем број од членовите по занимање беа професори, инженери, научници, или своето слободно време го посветувале на убавите игри и песни од богатата Македонска И поранешната југословенска фолклорна традиција. Оригиналните игри на ансамблот “Томов” се познати на македонската јавност уште од 1979 година, кога првпат американските играорци со успех гостувале во Република Македонија.

Ансамблот за народни игри и песни “Томов” со успех работеше во велеградот Њујoрк. Ансамблот е формиран 1974 година со цел да ги прикажува на американскиот кон­тинент богатите игри и песни од Бал­канот, посебно од Македонија. Тој беше составен ис­клу­чиво од Американци, ен­тузијасти, играорци, пејачи и музичари, а само умет­ничкиот директор и ко­рео­граф беше Македонец.

Тоа беше единствен ансамбл во све­тот од ваков вид. По­го­лем број од членовите по за­нимање се професори, инженери, научници, кои своето слободно време го по­светувале на убавите игри и песни од бо­гатата маке­донска и балканска фол­клор­на традиција. Оригиналните игри на ансамблот “Томов” и’ се познати на маке­донската јавност уште од 1979 година, кога првпат аме­ри­кан­ските играорци со успех гостуваа во Република Македонија.

Ансамблот “Томов” во своето постоење има постигнато огромни ре­зул­тати околу ширењето на македонската култура. Секоја година одр­жу­ваше од 6 до 14 концерти во најпознатите светски сали: „Карнеги хол“ и „Лин­колн цен­­тарот“ во Њујорк, во Бостон, Вашингтон, Чикаго и во многу други по­големи и помали градови во САД и во Канада; настапил на повеќе те­ле­ви­зис­ки ста­­ници во САД; учествувал и на свеченото отворање и затворање на Зимски­те олим­писки игри во Лејк Плесид во 1984 и на специјалистичкиот концерт за све­че­ното отворање на Елис Исланд 1990, но и на многу фолк фестивали во Аме­рика.

Ансамблот “Томов” во своето постоење има постигнато огромни резултати околу ширењето на македонската култура. Секоја година одржувал од 6 до 14 концерти во најпознатите светски сали: Карнеги хол и Линколн центарот во Њујорк, во Бостон, Вашингтон, Чикаго и во многу други поголеми и помали градови во САД и во Канада; настапувал на повеќе телевизиски станици во САД; учествувал и на свеченото отворање и затворање на Зимските олимписки игри во Лејк Плесид 1984  и на специјалниот концерт за свеченото отворање на Елис Исланд 1990, но и на многу фолк фестивали во Америка.

Најпознатите весници: “Њујорк тајмс”, “Денс магазин”, Дејли њуз”, “Ривердејл прес”, “Денс ривју”, “Балерт њуз”, “Д’тајмс хералд”, “Артс” и други, без исклучок давале највисоки оценки за кореографијата, беспрекорната техника на изведување и одушевувањето кое го предизвикувал ансамблот на сите изворни ора и песни од Македонија, а посебно со “Невестинското”, “Калајџиското” и др.

Ансамблот “Томов” гостувал во Македонија, на сите фолклорни фестивали и пошироко на бившите југословенски простори, и тоа: 1974, 1975 и 1983 на Балканскиот фестивал во Охрид; 1976, 1977, 1979 на “Илинденските денови” во Битола; 1975 и 1976 на Смотрата на фолклорот во Загреб; 1975 на Дубровничките летни игри; 1981 и 1989 година на “Скопското лето” во Скопје и 1991 на Семинарот за фолклор во Струга. Неговат настапи била активно следена од американски, канадските и од македонските јавни медиуми. Во продолжение ќе презентираме само дел од текстовите што се објавени во светските медиуми за ансамблот “Томов”.

За ансамблот “Томов” Славе Катин има отпечатено Монографија која во исто врме претставува огледало за познатиот и признат фолклорист, етнолог, кореограф, скулптор, или како често гонарекуваат амбасадор на македонската култура, традициите и вистината за Македонија и македонскиот народ – Ѓорѓи (Џорџ) Томов. Оваа значајна и по многу нешта единствена двојазична монографија од овој вид претставува осврт за ликот и делото на Џорџ и за вистината за американски ансамбл „Томов” од Њујорк.

 1slav11

Ансамблот „Томов“ на „Илинденските денови“ во Битола

Њујорк Тајмс во своето издание од петок, 16 март, 1979 година, под насловот ОРА ОД ЈУГОСЛАВИЈА го објави следново:

„Ансамблот за народни игри и песни ТОМОВ, кој настапи на бината на Црквата Риверсајд, Прво, тука е г-дин Томов, лично, кој држи часови во Нењ Ѕоук Тинѕ, огругол и кој има неисцрпен извор на добар хумор. Г-дин Томов ненаметливо даваше наредби.

Носиите беа шарени, а добро извежбаното друштво, мултиетничка група од 33 мажи и жени, играа ора и танци кои, поради својата разноликост и изразена сложеност и привлечност, направија тоа да биде една од најбогатите вечери на народни игри видени во послениве сезони.

Играорците на Томов ни доловија летимичен поглед врз традиционалните народни ора од шесте области на Југославија, како и позначајните од Средна Европа. Прецизни, нежни и фини чекори со изненадувачка ритмичка сложеност, акцент врз исправување од положба со свиткани коленици и шари/слики на подот од долги кругови кои се испреплетуваа, како и спретноста на ножните прсти беа елементи толку вообичаени за повеќето играорци. А мажите ги изведуваа поенергичните чекори и ората со кои парадираа.

Се истакнуваа чистата моќ за изведување ора, комплицираните кругови во рамките на други кругови од Повардарјето “Плетеница” и од екстремната, ритуална едноставност. Ова последново беше изведено во тишина, без музика, но со тапите удари на стапалата и со ѕвекот на металните парички од металниот оклоп на играорките, а мажите се движеа со контролирана свирепост/суровост. Од прибелешките за добрата прогрма, се гледа дека Гламоч се изведѕва тивко, поради турската забрана врз родната музика и оро на Босна.

Имаше, исто така, и увиди во општествените обичаи. Во македонското “Невестинско”, колебливо испружените стапала и вртењето со колковите на играорките сугерираа скормност и умереност; кружните движења на нозете и рацете во “Жетварки” од Источна Макеоднија ритуализираа работни движења на едно земјоделско општество. А, кокетниот селанец на г-дин Томов во хрватското “Дупљаја” беше хумористично уживање. Програмата ќе биде повторно прикажана вечерва и во недела“,пишува Хенифер Данинг.  

Продолжува 

1slavek4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copyПишува: СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top