Дијаспора

За прв пат прославен Ден на Македонско Наследство на Детроит Тајгерс Стадионот

11 copy copy copy copy copy copy

Стотици македонци во Детроит за прв пат го прославија Денот на Македонското Наследство на 30ти јули организиран од Детроит Тајгерс, бејсбол тимот чиј сопственици се Илич фамилијата со потекло од битолскиот крај Драгош и Буф во Егејска Македонија. Настанот беше во партнерство со Обединетата Македонска Дијаспора, и благодарение на неколку видни македонско-американски компани и сопственици како спонсори.

Детроит Тајгерс обезбеди за гостите капи со логото на Детроит Тајгерс во срвено жолта боја и со знамето на Република Македонија. За време на бејсбол играта на масиовниот екран во стадионот Комерика Парк против Кливленд Гардијанс се појавуваа директно прикажување од публиката со македонските капи и знамиња навивачи за Детроит Тајгерс.

Овој настан ја слави значителноста на македонско-американската заедница и културната разновидност на Детроит. Го прославува македонското наследство кое Мајк Илич со гордост и посветеност го ширеше и никогаш не го заборави, како и на сите македонци кои продолжуваат да го слават низ Детроит и цела Америка. Среќни сме што оваа прослава ќе стане годишна традиција и ќе има можност да биде проследено од следните генерации.

Настанот оддаде специјално признание за Маријан Илич, истакнат претприемач, и покојниот Мајк Илич, кој овој месец ќе го прославеше својот 95-ти роденден. Дополнително, ќе се оддаде почит и на Вториот Илинден, со кој се одбележуваат 80 години од формирањето на АСНОМ и 33 години од независноста на Македонија.

ОМД изразува срдечна благодарност до нашите партнери и спонзори за нивната непроценлива поддршка во овозможување на овој настан: K2 Retail Construction & Development, d2 events, ATKO Market and Bakery, Johnny Blacks Public House, Max’s International Market and Bakery, Thero Realty, и Alokin Creative. Нивната посветеност е клучна во славењето и споделувањето на богатото наследство на македонската заедница во Детроит и пошироко.

11 copy copy copy copy copy copy

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top