Дијаспора

ДЕЛ ОД ИНТЕРВЈУТО НА МИШО НЕТКОВ ВОДЕНО СО ЏОРЏ ТОМОВ ВО ЊУЈОРК (39)

111 copy copy

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Има луѓе предодредени, надарени. Целиот живот го минуваат во создавање, во творење на нешто свое, нешто автентично. Го живеат својот животен сон, споделувајќи ја реалноста со својот народ без кој сонот не би постоел. Таков е нашиот јунак. Човек неуморен, со неверојатен творечки дух: скулптор, публицист, уметнички кореограф, основоположник на бројни македонски фолклорни асоцијации.

Co еден збор – успешен амбасадор на македонското културно творештво на тлото на САД. Едноставен, скромен, човек од народот. Достоинствен и горд на древните македонски традиции. Тоа е Георги Томов, вели Мишо Нетков во своето интервју за МТВ.

Георги Томов: Во Америка постои една прекрасна книга која се вика Musical America, излегува еднаш годишно и овде во Америка ја нарекуваат „Библија за уметноста”. Тука, во неа, се главно, сите музичари од секој инструмент, оперски пејачи, секакви организации од цел свет кои претставуваат или се претставуваат да бидат претставени во светот.

Јас, за жал, во таа книга, бидејќи ми е секој ден во раката и ја употребувам за мојата секојдневна работа, во интернационалниот дел најдов само две македонски претставништва да бидат реклами-рани во светот. Тие се Охридското лето и Радио-телевизија Скопје. Жалосна слика. Не е само жалосно, туку и да се плаче Јас се надевам дека во Министерството за култура постои оваа книга.

Да видат дека во Македонија има огромен број фестивали кои се анонимни во светот. Тие треба да излезат од својата анономност. Вие знаете дека на Валандово може да ви дојдат 100-200 љубители на фолклорот од Европа и Америка да ги слушаат тие нови творби; Дека на Илинденски денови може да ви дојдат 500 души да го гледаат тој прекрасен македонски изворен фолклор; Дека на Охридско лето, па Скопско лето, па да не кажам; еве, за Оперските вечери што ги имате. Па тоа е жалосна слика што јас слушам дека е запоставено.

Денес, за Македонија да влезе во Европа, мора да и кажете дека имаме и култура и дека знаеме да организираме, дека имаме можности, имаме квалитети. Или вашиот Џез фестивал. Џез фестивалот во Америка го знаат. Цела Европа го знае, ама вие не го рекламирате. Рекламирајте го да ви дојдат туристи, љубители да го слушаат. Само на тој начин вие ќе можете да просперирате.

Јас се надевам дека  еден ден, сите оние кои доаѓаат да бидат министри за култура, треба да си најдат едно рамноправно место со сите други гранки за да можете да ја презентирате Македонија. Јас, малку подолго време, голем труд вложувам да се формира една институција во Њујорк која ќе биде претставништво на сите културни уметности во Македонија да се прикажат во светот.

Една таква институција која ќе има една мала канцеларија во Њујорк ќе може да ги презентира не само групите, ансамблите, пеачи, инструменталисти, туку и уметници и сликари и скулптури и се што постои во Македонија. Само мораме малку посериозно да се зафатиме. Мораме малку, ако треба 5 центи или 5 денари да се дадат повеќе на културата – да се дадат за да може тоа да се презентира. Гледам овде Литванија Летонија, Словачка, Словенија – се извонредно застапени, тие си имаат свои претставништва.

Па ние, проштевајте, ама ниту по ништо друго не заостануваме зад нив. Ние имаме квалитетни уметници кои може секаде во светот и да ја презентираат нашата Македонија. Ние имаме позадина, имаме богата позадина. Историјата е на нашиот грб позади и не турка за да можеме да излеземе, не не задржува. Другите немаат многу такви „грбови” да ги туркаат, ама тие си прават. Самите си прават. Самите се буткаат, а нас не турка историјата и уметноста. Мене целиот живот што сум во Америка ми е посветен да можам на еден или на друг начин да ја презентирам таа македонска култура тука.

Стапувам во контакти со разни институции. Гледам да претставам многу македонски уметници тука во Америка оти знам, длабоко внатре, дека ние имаме можности, дека имаме квалитети, меѓутоа нашата организација е многу слаба. Ние, таму некако, штом се доаѓа на положба – се некако „смрзнува”, нема работа, нема активности.

Треба малку и дрско да се постават некои работи; треба, што велат Американците – пусх, пусх Значи, треба да се работи, не може да се стои. Годините изминуваат, ние си застануваме, се тапкаме во место. Дајте, излезете надвор од Македонија! Имате со што да се пофалите! Имаме прекрасни работи.

МТВ: Значајно е да се напомене и публицистичката дејност на Томов која што неминовно придонесува за натамошно ширење на македонското наследство на овие простори. Тој има објавено повеќе публикации кои најчесто содржат репортажи за Македонија, нејзините убавини и културно-историски вредности.

11 copy copy copy copy copy copy copy 

Сандалович,  Ароновиќ и Георге

Георги Томов: Има еден фолклорен магазин, „Надеж”, кој излегува во 60.000 примероци во Денвер, Колорадо. Сопственикот на тој магазин ме замоли ако можам да направам една репортажа за македонскиот фолклор и за Македонија воопшто. Таа репортажа ја напишав и беше обја-вена во 1973. По неколку месеци бев повикан во југословенскиот Генерален козулат во Њујорк каде ме прашаа дали имам роднини во Македонија. Јас реков „да”.

Ми рекоа дека е многу голема грешка направена што во тој магазин јас напишав статија за етничка Македонија каде ги вклучувам Егејскиот и Пиринскиот дел од Македонија, како и дел од Албанија. Беа многу груби. Меѓутоа им реков дека јас сум американски граѓанин и јас во Америка имам слобода на пишување и слобода да зборувам што сакам. Според тоа, велам, тоа се факти и си останав на моето.

МТВ: „За изминатите години живеење и работа на македонскиот иселеник Георги Томов во САД се дознава една целина која го лансира на површина и го прави амбасадор на македонската култура и фолклор кој и денес продолжува да ги популаризира културните вредности на Македонија онаму каде што оди, а тоа ги вклучува САД, Канада и Австралија.”

Тоа се зборови на неговиот менаџер, г-динот Albert Kay, во последното писмо до Архивот на Македонија каде што Томов има подарено свој материјал и му е отворен личен фонд по име „Ѓеорѓи Томов-фолклорист” уште во 1992, признание и привилегија што не им се достапни на секој смртник.

Алберт Кеј (Albert Kay): Мојата компанија e Albert Kay Association of Concert Artist – Управа на концетни уметници.  Ние сме меѓународна компанија и многу сме среќни што Џорџ Томов е еден од нашите клучни кадри. Лично, се познавам со Томов веќе 35 години. Прв пат го запознав кога танцуваше во „Танец” и во КУД „Ладо” кои имаа турнеја низ САД и низ целиот свет. Кога емигрираше во САД, го убедив да се приклучи во нашата компанија и од тогаш одлично работи. Џорџ е истакнат стручњак за фолктанцот кој донесе голема слава на мојата компанија и на неговата родна земја.

Многу пати држел предавања на многу американски и канадски универзитети и во музеи. Сметам дека е најистакнатиот амбасадор на Македонија, зашто преку неговите предавања и настапи, донесе податоци за неговата татковина во многу места во Соединетите Американски Држави и во Канада.

Толку ја сака Македонија, што не можам да ви опишам. Кога е надвор од компанијата, 99% од времето го минува во проекти за промовирање на доброто на неговата татковина која многу ја сака. Секогаш е голема радост за мене и за моите соработници кога ќе добиеме весник од Македонија и кога ќе видиме статии за г-дин Томов. Тој навистина го заслужува признанието што го добива и мислам дека Република Македонија има прекрасен амбасадор за културата и фолклорот, а тоа е Џорџ Томов.

Георги Томов: И така, со тоа што го формирав Ансамблот, јас дојдов до голем број народни носии и располагам со еден голем фонд. Co отворањето на новата сала во Црквата Св. Кирили и Методиј или како го викаме Културен центар, ќе гледаме да ги сместиме тие народни носии и накити да бидат изложени и прикажувани за американската публика.

Јас се надевам дека моето присуство меѓу нашите тука и понатаму ќе биде корисно за Македонците и за Македонија и според тоа, сакам да кажам, дека не мислам да се вратам во Македонија. Оти на вас не ви е потребен еден пензионер повеќе таму, туку еден постар и искусен човек меѓу Македонците во Америка кој може да и послужи повеќе на Македонија воопшто, на мисијата за неа овде во светот.

Продолжува 

1slavek4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top