Дијаспора

ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ – АМБАСАДОР НА ФОЛКЛОРОТ ВО ИСЕЛЕНИШТВОТО (40)

1ija3

91 copy copy

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Моногравското дело „Томов“ од авторот Славе Катин е отпечатена во 2007година, на македонски и на англиски јазик, во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, на 320 страници, а рецензенти се проф.д-р Вера Стојчевска – Антиќ и д-р Криатина Калас. Георги (Џорџ) Томов беше жива легенда за македонските игри и песни. Тој беше еден од главните македонски и балкански движечки сили во Соединетите Американски Држави (САД) одговорен за развојот на непрекинатата страст за народни игри и ора која прогресивно цветаше од едниот до другиот брег на Америка.

Автор на ова двојазично дело (на македонски и на англиски јазик) е познатиот истражувач на Македонците во дијаспората, новинар и публицист Славе Николовски – Катин, а делото го издаде Книгоиздателството “Македонска искра” од Скопје.

Монографија “Томов” од Славе Катин претставува огледало за познатиот и признат фолклорист, етнолог, кореограф, скулптор, или како често гонарекуваат амбасадор на македонската култура, традициите и вистината за Македонија и македонскиот народ – Ѓорѓи (Џорџ) Томов. Оваа значајна и помногу нешта единствена двојазична монографија од овој вид претставува осврт за ликот и делото на Џорџ и за вистината за неговиот американски ансамбл”Томов” од Њујорк.

Монографијата е сублимат за дваесетгодишниот труд наоколу 250 Американци, кои го афирмираат македонскиот и балканскиот фолклор, македонската култура, традициите  и вистината за Македонија во САД.

Георги (Џорџ) Томов  беше човекот кој целиот свој живот го мина во создавање, во творење на нешто свое, нешто автентично. Го живееше својот животен сон, споделувајќи ја реалноста со својот народ без кој сонот не би постоел. Тој беше неуморен, со неверојатен творечки дух: скулптор, вајар, публицист, уметнички кореограф, основоположник на бројни македонски фолклорни асоцијации.

Со еден збор – успешен амбасадор на македонското културно творештво на тлото на Соединетите Американски Држави. Георги (Џорџ) Томов беше едноставен, скромен, човек од народот, достоинствен и горд на древните македонски традиции.

Тој го создаде познатиот ансамбл на народни игри и ора “ТОМОВ” кој настапувал и одржувал турнеи во целиот свет. Тој, исто така, раководел со Фолклорниот ансамбл “Гоце Делчев” при Македонската православна црква Свети Кирил и Методиј. Формирал и голем центар за народни игри и песни во Њујорк. Томов, без ничија помош, на меѓународно поле промовирал добра волја и разбирање низ поврзувањето на културите на Америка и Македонија, како и на државите од поранешна Југославија и на Балканот.

Македонецот Томов организирал и држел часови за балкански игри и песни во целиот свет.  Овој динамичен уметник е еден од неколкуте изведувачи кој беше брилијантен не само во својот занает, туку и во уметноста на подучување, така што на учениците им ја пренесуваше и радоста која се изразува при играњето.

Без разлика дали подучуваше групи или поединци, Георги (Џорџ) Томов беше прекрасен и надарен инструктор во сите фази на кореографијата, играњето во заедништво и во костимографијата.

Образован не само за уметничка изведба, туку и за тоа како да го пренесе знаењето, Томов ги воодушевувал учениците кои сакале да го научат задоволството што го носат народните игри и песни, со неговиот хумор, трпеливост со неговата прекрасна природа и начинот на однесување со луѓето од сите старосни групи.

Народните ора, според својата дефиниција, се традиционален начин на општествено самоизразување кои будат емоции кај луѓето – манифестирање на љубов, додворување, општествени обичаи, дружељубивост, среќа и радост на животот. Според тоа, танцувањето обезбедува колористична и графичка алка во која се спојува потребата преку движења да се изразат чувствата практично со среќата која произлегува од дружењето.

Кога човекот, кој поседува цела лепеза чувства, е погоден од стресот и притисокот  карактеристични за денешниот начин на живеење, постои потреба за размислување и изразување која среќно се манифестира со убави движења на телото во форма на народни ора

Георги (Џорџ)Томов, родум од Македонија, во своето танцување и на своите часови, го пренесувал наследството на енергичните, а така елегантни чекори на Македонија, гордата и славна мажественост на Србија и на Босна и Херцеговина, марливоста на Хрватска и Словенија и издржливоста на Црна Гора.  Овие квалитети водат кон широка лепеза чекори и игри, а сите тие беа инкорпорирани во часовите на Томов.

Фолклорниот ансамбл “ТОМОВ” брзо се издигна до рангот на водечки друштво на етнички игри во САД. Прифатен со акламација од критичарите и примен со воодушевување од страна на публиката низ целата земја и во целиот свет,

912

Фолклорниот ансамбл се стекна со голем број танчери, пејачи и музичари. Одржувајќи околу 300 концерти во заслепувачка лепеза од преку 300 автентични, рачно изработени народни носии, ансамблот на сцената донесол безвремена традиција, а публиката ја пренесувал во еден свет на блескави бои, зашеметувачка спретност на нозете и прекрасни мелодии кои не излегуваат од мислите.

Душата на Фолклорниот ансамбл “ТОМОВ” беше Георги (Џорџ)Томов. Тој беше основач, уметнички директор, играорец, организатор и кореограф на ансамблот, но и претседател на Фондацијата за народни игри. Како стручњак за балкански, особено за македонски народни игри, музика и фолклорна култура, тој патувал многу за да држи предавања, да дава стручни часови и да одржува работилници низ целиот свет.

Затоа, Томов се прослави во САД и во странство не само како кореограф на народни игри и како играорец-учител, туку и како вајар чии уметнички дела имаат добиено големо признание од стручњаци и колекционери од САД и од други земји.

Особено, Ѓеорѓи (Џорџ)Томов беше активен член во македонска православна црква „Св. Кирил и Методи“ и, меѓу другото, беше  кореограф на играорна група “Гоце Делчев” која што работи при црква. Долги години ги подготвуваше македонските млади поколенија што се раѓаат во САД.

Уште од својата рана младост, Џорџ Томов започна со своите професионални ангажмани, прво во „Танец”, а потоа во хрватскиот ансамбл „Ладо”, за потоа, со неговото патешествие, преку Франција до САД, во новиот главен град на светот, Њујорк или Големото јаболко, на Менхетен да ја формира институцијата „Интернационален ансамбл за танц- Џорџ Томов” низ која поминаа над 3.000 лица од американскиот континент и нашинци раселени низ светот.

Џорџ Томов, меѓународен професор и бард на историјата на македонскиот танц и на ората, што се основа на нашата цивилизациска меморија, ги преплави светските фестивали и сцени со својата бесконечна љубов и стана легенда на македонската дијаспора и на македонската интернационална судбина.

Симболиката сакаше, кога владата на САД го формираше „Музејот на емиграцијата” на Елис Ајланд, каде што доаѓаа многубројните емигранти во новиот свет, токму неговото име да биде гравирано во вечноста на светската меморија: Џорџ Томов – Македонија, бидејќи тој го научи целиот свет да игра на македонски.

Ѓорги ЏорџТомов беше роден на 18 март 1933 година во Струмица, а пошина на 5 август 2008 година во Њујорк. Смртта на Ѓорги од неговите најблиски пријатели и познаници во македонските медиуми во 2008 година одекна насекаде како голема загуба, не само во Македонија, туку и низ сите меридијани каде што живеат Македонци, од Австралија и Нов Зеланд преку Европа до Канада и САД, бидејќи Џорџ Томов беше митско име на современата македонска историја.

Крај

1slavek4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top