Дијаспора

МОНОГРАФИjАТА „СТИВ ПЉАКАС“ – ДЕЛО ЗА ДОНАТОРОТ И ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНЕЦ – ДЕЛ I (1

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Монографијата „Стив Пљакас“ е дело за бизнисменот Стив Пљакас, еден од најистакнатите Македонци кој е иницијатор, организатор и силен борец за афирмација и за одбрана на ма Македонија.кедонското многувековно име на Македонците ширум светот, Македонската православна црква и на духовниот живот. Делото, за кое рецензенти се: академик Антоније Шкокљев-Дончо и проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, е издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, чиј автор е публицистот Славе Катин. Публикацијата е на англиски и македонски јазик, на 340 страници и е посветена на името и делото на еден од големите бизнисмени и истакнати општественици од македонско потекло во Канада, Стив Пљакас.

Тој е особено активен во промовирањето на демократијата во Македонија за заштита на македонското име, знаме, Устав и промотор за признавање на Македонија како суверена, независна и самостојна држава на Балканот и на македонската вистина во светот. Се гордее дека е Македонец. Исто така, бизнисменот Стив Пљакас остварува блиски контакти со повеќе познати личности, дипломати и организации во светот во врска со моменталните настани и состојби и се бори за иднината на

Стив Пљакас е човекот на кого Македонија му е големата љубов. Тој неотстапно го брани сè она што е поврзано со Античка Македонија. Со неговата посветеност за зачувување на древните македонски корени, ја раширил вистината за Античка Македонија насекаде во светот. Меѓу другото, заедно со професорот Мајкл Димитри од САД се првите ентузијасти кои во 1995 година ги посетија и ги открија Калешите, народ кој се смета за потомок на Александар III Македонски (Велики) во Пакистан.

Стив Пљакас долги години работи за Македонија, за Македонците и македонското прашање, обединувајќи ги македонските иселеници и Македонците во соседните земји со спонзорирање на социокултуролошки настани. Тој особено се грижи за своите сонародници во егејскиот и пиринскиот дел на Македонија, Македонците од Мала Преспа и на други места ширум светот. Притоа, донирал средства за хуманитарни и други организации во Република Македонија, меѓу кои и апарат за дијализа. Спонзорирал информативни гласила, портали, организации, цркви и друг вид асоцијации во неговата родна земја и насекаде во светот каде живеат Македонци.

Монографијата „Стив Пљакас“ своето прво претставување го имала пред публиката во организација на Македонската православна црква „Свети Димитрија“ од Флорида. На 18 март 2018 година, се одржала промоција на делото за познатиот канадски бизнисмен од македонско потекло, Стив Пљакас. Пред голем број Македонци од сите делови на Македонија, монографијата ја промовирала Лена Гоговска.

Промоторот Лена Гоговска меѓу другото истакнала дека бизнисменот Пљакас е канадски Македонец роден во селото Зелениче, Леринско, во егејскиот дел на Македонија. Тој е исклучително позната, призната и неодминлива личност меѓу Македонците во Канада и Соединетите Американси Држави. Тој е еден од најистакнатите Македонци кои се иницијатори, организатори и големи борци за афирмација и за одбрана на многувековното име на Македонците ширум светот, Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на духовниот и националниот живот на Македонците во дијаспората.

Во изминатите триесеттина години бизнисменот Пљакас и неговата покојна сопруга Лили биле големи промотори за признавањето на Македонија како суверена, независна и самостојна држава на Балканот. Стив остварува блиски контакти со повеќе познати личности, дипломати и организации во светот во врска со настаните и состојбите во татковината и се бори за просперитетна иднина на Република Македонија.

Стив Пљакас бил претседател на организацијата „Обединети Македонци“, претседател на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ и претседател и спонзор на Комитетот за олимписки игри од Канада. Пљакас бил и пратеник во Општината Њумаркет.

Авторот на монографијата Славе Катин, пак, рекол дека меѓу другите активности во новата средина  во Канада, бизнисменот Стив Пљакас станал  член на масонската ложа во Њумаркет. И како масон е познат поборник за човековите права, а со тоа за правата на Македонците во Канада и во сите делови на Македонија и во светот. Тој постојано ја промовира дедовската земја – Македонија, македонската нација, нејзината историја, литература, религија, јазик, култура, а во исто време и вистината за постигнувањата во новата мултиетничка демократска Канада.

2 copy copy copy copy copy

Семејството Пљакас

Стив и Лили Пљакас биле сопственици на големиот и единствен Трговски центар „Македонија“ во Њумаркет. Впечатливо дизајнираните рекламни табли на центарот „Македонија“ на некои им пркосат, а за многумина е место за препознавање и запознавање со Македонија.

Затоа со право се вели Стив Пљакас ја обединил Македонската заедница во Канада, Соединетите Американски Држави и пошироко преку најразлични активности и преку спонзорирање на различни социокултурни настани. Исто така, тој соработувал со канадските власти за унапредување на правата на Македонците во Канада и претставува мост меѓу Канада и Република Македонија, вели авторот Славе Катин.

Исто така, на 22 април 2018 година, „Канадско-македонското историско друштво“ од Торонто одржало Годишно собрание на кое се расправало за сегашноста и иднината на оваа значајна асоцијација, била промовирана монографијата „Стив Пљакас“.

Инаку „Канадско-македонското историско друштво“ е единствена асоцијација од таков вид во дијаспората која игра значајна улога во севкупната научна и културолошка активност на голем број македонски интелектуалци од Канада, а  кое е сместено и има своја богата библиотека во зградата на „Канадско-македонското место“ познато како „Старскиот дом“ во Торонто.

Тони Марковски, претседател на „Канадско-македонското историско друштво“ ја претставил монографијата „Стив Пљакас“. Тој рекол дека ова дело кое е издадено на англиски и на македонски јазик во 2018 година го отсликува животот и делото на познатиот канадски бизнисмен од македонско потекло, донаторот Стив Пљакас. Автор на монографијата за Пљакас е публицистот Катин, кој е почесен член на Друштвото.

Стив Пљакас многу одамна станал член, а подоцна и претседател на организацијата „Обединети Македонци“ во Торонто, една од најстарите македонски организации во Северна Америка. Во времето кога бил претседател се одржале Средбите на протераните Македонци од егејскиот дел на Македонија. Потоа бил претседател на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто.

Исто така, тој бил претседател и најголем спонзор на Комитетот за олимписки игри од Канада. Тој дал значајна финансиска помош за Македонците олимпијци на Олимпијадите во 2004 година во Атина, и во 2008 година во Пекинг. Стив Пљакас е човекот кој го носел македонското знаме пред македонските спортисти на двете олимпијади и бил најсреќниот Македонец во светот.

Македонската заедница во Торонто постојано ја промовира дедовската земја – Македонија, македонската нација, нејзината историја, литература, религија,  јазик култура, а во исто време и вистината за постигнувањата во новата мултиетничка демократска Канада.

Затоа со право се вели дека Стив Пљакас ја обединил Македонската заедница во Торонто и пошироко, преку најразлични активности и преку спонзорирање на социокултурни настани. Исто така, тој соработувал со канадските власти за унапредување на правата на Македонците во Канада и претставува мост меѓу Канада и Република Македонија.

Во репортерскиот запис на Стив Пљакас од октомври 1995 година, се вели дека по тригодишно планирање, проучување и сонување за патувањето, конечно сонот стана реалност. На 25 јули 1995 година јас и Мајкл Китли, пристигнавме на аеродромот во Равалпинди, поранешен главен град на Пакистан. Беше околу девет часот наутро и паѓаше ситна роса. Не знаевме дека во тој дел од светот преовладува монсунската сезона. Чувствувавме дека сè е под контрола.

Продолжува

12slavek4

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top