Дијаспора

50-ТИ ЈУБИЛЕЕН ЦРКОВНО-НАРОДЕН СОБИР ВО ГЕРИ, ИНДИЈАНА, САД

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ОД АКТИВНОСТИ НА АМЕРИКАНСКО – КАНАДСКО – МАКЕДОНСКАТА ЦРКОВНА ЕПАРХИЈА 

Од 30 август до 2 септември 2024 година, на Денот на трудот, во Македонската православна црква „Свети Петар и Павле “ во Гери,, Индијана, во САД, се одржа јубилејниот 50 – ти  Црковно народниот собир на Американско-канадско македонската православна епархија 

Собирот се одржа во Гери, градот кој се наоѓа во близина на Националниот парк Индијана Дини и се граничи со јужниот дел на езерото Мичиген. Според историските податоци, Гери го добил името по адвокатот Елберт Хенри Гери, кој бил основач на американската корпорација „Челик“. Градот е познат по големите челичарници со население од околу осумдесет илјади жители, што го прави деветти град по големина во државата Индијана. Во него, меѓу другите, живеат околу 500 македонски семејства, кои се национално и религиозно поврзани со црквата „Св. Петар и Павле“

Тоа го потврдува фактот дека Македонците во Соединетите Американски Држави и Канада се организирани во бројните македонски православни цркви и манастири и во различни друштва и асоцијации кои се во состав на црквите и надвор од овие духовно-национални центри..

Инаку, Македонската православна црква „Свети Петар и Павле“ во Гери е прва црква на Македонците во САД под јурисдикција на Македонската православна црква. Историската  иницијатива за формирање на оваа црква била поттикната во септември 1960 година. Во 1961 година црковната општина била регистрирана од Македонската митрополија во Скопје, кога е побарано да биде испратен свештеник, кој за прв пат за православните доселеници од етничка Македонија отслужил богослужба на македонски мајчин јазик во една Сиријска православна црква. 

На 14 октомври 1962 година е поставен камен темелникот на идниот македонски храм кој е прв македонски објект на Североамериканскиот континент. Овој храм бил осветен на 14 јули 1963 година од архиепископот на МПЦ г.г. Доситеј во сослужение со бројни македонски-свештено служители. Во 1986 година било решено да се купи нова локација на која на 16 октомври 1988 година биле поставени и осветени темелите на денешната црква „Св. Петар и Павле“ во Краунт Поинт.

Со одлука на Светиот архиерејски синод на МПЦ, новиот храм со придружните објекти бил осветен на 21 јули 1991 година. Чинот на осветувањето го извршиле митрополитите Тимотеј и Стефан. А објектот на „Св. Петар и Павле“ има капацитет за 400 верници и во него ги задоволуваат сите црковни потреби православните Македонци. Во состав на црквата е изградена сала за околу 1000 луѓе, како и други простории во кои се одвиваат активности кои се од секојдневното живеење на Македонците во Гери и пошироко. Сликата на црковниот комплекс ја збогатуваат спортскиот објект и големиот паркинг.

Во рамките на црквата од 1979 година работи фолклорната група “Китка”. Исто така, широки активности пројавуваат: женската, младинската и спортската секција, театарската група, црковниот хор, неделното македонско училиште, фудбалскиот клуб “Вардар”, библиотеката и хуманитарната организација.

11 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Црквата „Св. Петар и Павле“ во Гери

Според одлуката на Синодот на МПЦ, за прв архиереј на Епархијата беше избран тогашниот викарен епископ тивериополски, г. Кирил, кој на 10 август 1969 година беше интронизиран како нејзин надлежен епархиски архиереј. Чинот на интронизацијата беше извршен во најголемата македонска иселеничка колонија и црковно-културен центар на Македонците од сите делови на Македонија – Торонто, од страна на тогашниот дебарско-кичевски митрополит г. Методиј. Во службата на интронизацијата учествуваа свештени лица, а во присуство на голем број Македонци од сите македонски колонии од Канада и САД, имаше бројни гости и официјални личности на македонските организации и асоцијации, како и претставници на канадската влада и на медиумите.  

Американско-канадско-македонската црковна епархија беше официјално регистрирана пред американските власти на државата Њујорк. Тој чин претставува историски момент за македонските иселеници и еден од најзначајните настани во животот и дејноста на МПЦ на северно-американскиот континент. Регистрирањето на ова високо управно тело на МПЦ во САД и во Канада, имаше силен одраз во натамошната афирмација на македонското име и духовните вредности на македонските доселеници во новите средини.

Беше тоа 12 септември 1981 година, светол датум за Македонците од САД и од Канада, кога во МПЦ “Св. Димитрија” во Рочестер, во државата Њујорк, митрополитот г. Кирил ги потпиша документите и го означи законското регистрирање на Епархијата во присуство на видни личности од македонските заедници, свештени лица и пред американски адвокат.

По одржувањето на молитвата во храмот “Св. Димитрија”, во хотелот “Американа”, во кој се наоѓаше канцеларијата на адвокатот, со потписите на архиерејот и архиерејскиот заменик, првпат надвор од границите на Македонија се озакони и се призна епархија на Македонската православна црква. Во тој период, Епархијата ја сочинуваа 15-на црковни општини со десетина парохиски свештеници. Со тоа Епархијата стана и нераскинлив дел на мајката Светиклиментова црква во Македонија. 

Веста за регистрирањето на Епархијата брзо се разгласи преку средствата за јавно информирање во македонските, американските и во канадските медиуми. Меѓутоа, посебно внимание на овој настан посвети њујоршкиот дневен весник “Тајмс Јунион”, на чии страници беше објавено законското регистрирање на Епархијата, постоењето на Македонската православна црква и на македонската нација во целина.

Денес, една од најважната активност на Американско-канадската епархија е Црковно-народниот собор, кој се одржува секоја година почнувајќиод 1975 година. Првиот собор се одржа во Торонто во 1976. Во оваа Епархија до денес се отворени вратите на над 30 цркви и два манастира, во кои служат триесетина македонски свештенослужители надлежниот  архиереј митрополитот Методиј.

Собирските манифестации се многу богати, сеопфатни и импресивни. Со проширени искуства и знаење, црковните општини се поттикнуваат на покрупни остварувања преку градба на просторни импозантни цркви и културно-просветни центри, со цел што повеќе да се привлече вниманието на младите Македонци.

Овие значајни и традиционални, собирски манифестации се одржуваат секоја година во првата недела од септември, на Денот на трудот. Тие траат три дена и се со богати црковно-духовни, културно-просветни и спортски манифестации, како и со други содржини и активности. На епархиските и црковно-општинските органи и тела им се пружа извонредна пригода да ги поддржуваат, инспирираат и да ги помагаат севкупните позитивни процеси за уште посестран и побогат развој на секциите при црковните општини, на неделните училишта на македонски јазик, македонските играорни групи, хоровите, драмските активности, женските секции, спортот и сите други здружени креативни сили кои придонесуваат за посилен растеж на црквите и Епархијата.

Притоа може да се рече дека и МПЦ-ОА, преку севкупните исклучително позитивни активности, од Бога благословената почва од САД, придонесе денес нашата суверена Македонија, да биде признаена под нејзиното уставно име.од оваа најмоќна демократска велесила на планетата Земја.

111 copy 

Митрополитот Методиј со македонските свештеници

Овогодишниот јубилеен 50 -ти  Црковно народниот собир на Американско-канадско македонската православна епархија се одржа во Гери, Индијана, во САД, во Македонската православна црква „Свети Петар и Павле“ од 30 август до 2 септември 2024 година. Тие беа продолжение на педесет предходни собири, кои се одржуваат секоја година во различни градови и тоа  во првата недела од септември и траат три дена. Тие се со богати црковно-духовни, културно-просветни и спортски манифестации, како и со други содржини и активности. Инаку, првиот собир на Американско-канадско македонската православна епархија се одржа во 1975 година во Торонто, Канада.

Овогодишната соборска манивестација на Американско-канадско македонската православна епархија во Гери започна во петокот на 30 август 2024 година, кога гостите од Соединетите Американски Држави (САД) и од Канада пристигнаа во Гери и кога во вечерните часови во црковната сала на МПЦ „Свети Петар и Павле“започна Младинската игранка. Саботата на 31 август се одржа седница на Епархиското собрание во црковната сала, а потоа започна турнирот во фудбал на фудбалското игралиште на црквата. Попладне се одржа Вечерна Богослужба во МПЦ “Св. Петар Павле” како и смотра на играорните групи. Третиот – последниот ден – неделата на 1-ви септември, пак,  во утринските часови се одржа Света архиерејска литургија во црквата “Св. Петар Павле”, потоа младите го завршија Турнирот во фудбал, а на вечерта беше организиран Гала банкет со церемонија на доделување награди, за церемонијата да заврши со младинска игранка.

На 50-от јубилеен Црковно – народен собор во Гери  се собраа неколку илјади Македонци, од сите делови на Македонија кои живеат во САД и Канада. Тоа беше Собир за дружење, разговори, за црковно живеење, како и за претставување на голем број македонски фолклорни групи и фудбалски екипи.

Притоа треба да се нагласи дека мисијата на македонските свештеници во САД и Канада, на чело со денешниот  митрополит г.Методиј како надлежен архијереј на Американско-канадско-австралиската епархија на МПЦ-ОА е драгоцена. Тој, заедно со свештениците и со активистите од македонските асоцијации се целосно посветени на обединувањето на македонскиот народ во САД и Канада, каде што живеат Македонци од сите делови на етничка Македониј.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top