Дијаспора

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА СТОРИЈА НА СТИВ ПЉАКАС (5)

5 copy copy

5 copy copy

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Стив Пљакас (Стево Пљаков) кој потекнува од егејскиот дел на Македонија е угледен, почитуван и доблесен Македонец. Тој е признат и докажан роднокраен вљубеник, исклучителен афирматор на својата македонска припадност, на своите корени, име и татковина, бизнисмен и патник по целиот свет.

Тој е исклучително голема, позната, призната и неодминлива личност во македонската дијаспора и во Македонија. Без сомнение, тој е еден од Македонците во Канада кој е мошне успешен на економски план. н. Иако долго време живее во Њумаркет, во Онтарио, од своето емигрирање па до денес тој е длабоко и силно поврзан со судбината, вистината и настаните во Македонија.

Стив Пљакас е Македонец по националност, почитуван Канаѓанец, еден од македонските масони на северноамериканскиот континент, но и православен христијанин по вера. Бизнисменот Пљакас е голем бранител на македонското име и афирматор на историјата и честа на македонскиот народ и Македонија во светот, посебно во Канада.

Стив (Стево) Пљакас (Пљаков) е роден на 2 јуни 1940 година, во убавото село Зелениче, Леринско, во беломорскиот дел на Македонија, од татко Ламбро и мајка Гена. Тој оваа година го слави своето седумдесет и седмо лето Господово на наговиот бурен живот и успешна кариера. Стив дошол на свет како сакана принова во семејството, како прво машко чедо на кое толку многу му се радувале родителите. Пред него се родила сестра му Мери (Марика), а по него се сестрата Тула и братот Ѓорѓи. Уште од мали нозе бил темпераментно, умно дете, кое восхитувало со своите перцепции и видувања на работите.

Во убавото Зелениче, низ тамошните ширни полиња и цветни ливади, низ сокаците и дворовите, покрај реката и околните ридови, Стив ги минувал своите детски 12 години од животот. Тоа биле само понекогаш убави детски денови исполнети со игрите и фантазијата, бидејќи, наместо безгрижност, радост и спокојство, тие години во детството биле времиња на стравови и премрежија.

Прво, во годините на Втората светска војна, а потоа и во Граѓанската војна во Грција, кога бил погромот на Македонците, кои ги доживеале најтрагичните раздобја во својата долга и многу богата историја. Повеќето видени случувања и сведоштвата на самото место за тегобите и макотрпниот живот, оставиле неизбришливи траги, лузни и сеќавања во кревката детска душа.

Семејството Пљаковци притиснато од теките економски услови и соочено со лошите политички турбуленции на Македонците во егејскиот дел на Македонија, со тешко срце, одлучило да го напушти своето вековно огниште. Присилната разделба со родниот крај, заминувањето од него засекогаш, било многу тешка одлука и пат кон непознатите белосветски дестинации на северноамериканскиот континент.

Нивниот избор при преселбата била големата земја – Канада. Стив со своите најмили, со мајка му, двете сестри и братот, едно рано утро на 5 мај 1952 година, како момче кое штотуку зачекорило во животот, заминал, го напуштил родниот крај. Уште еднаш се свртел назад за да го погледне и да се збогува со домот и со расцутената градина, во која толку многу им се радувал на секој цвет, на секое дрво и раните овошки.

Тоа утро рој солзи му се стркалале низ образите на детето кое се дели и оди во еден поинаков нов свет и меѓу незнајни луѓе и далечни средини. Се прегрнал со другарите, со кои играл по сокаците, во училишниот двор и низ полјаните, а кои уште во рани зори дошле да го испратат својот омилен врсник. Тажна сцена на разделбите, незаборав во спомените, бидејќи засекогаш го напуштил вековниот дедовски праг и незаборавното родно место.

Патувачката сага на семејството Пљаковци започнала во Зелениче на пат кон Атина, од каде натаму, со брод по медитеранските води и големиот Атлантски Океан, заминува за Халифакс, во далечната Канада. Во долгите деноноќија додека пловеле по сините пространства, колку ли пати Стив застанувал на палубата и се загледувал во бескрајните широчини, толку многу мисли му поминувале низ неговите сон и јаве.

Кратко по Халифакс, нивната нова дестинација е градот Виндзор, во провинцијата Онтарио. Градот што претставува влезна врата, кога од американскиот Мичиген и автомобилскиот Детроит, преку подводниот тунел или мостот се доаѓа во Канада. На 30-тина километри северно од Виндзор, во местото Колестер, неговиот татко Ламбро веќе ја имал фармата од околу 3 хектари земја, 10-ина акри.

Во тоа место, Есес Каунти, се саделе разновидни зеленчуци, кои уште тогаш, биле вистинска еколошка храна, па затоа и не случајно биле многу ценети и постојано барани.

55

Како дружељубиви луѓе и добри домаќини, семејството Пљакас стекнува многу пријатели и станува мошне почитувано семејство, особено меѓу Македонците од Егејска Македонија, кои ги имало на повеќе полиња надвор од Виндзор. Ова семејство излегува од шемата на „обичното“ живеење и внесува иновативни содржини, средби и настани во секојдневието.

Така, во 1953 година, семејството, заедно со други македонски семејства го организираат македонскиот пикник на нивната фарма, што претставувало еден исклучителен чин на семакедонската дружба, разбирање и сплотеност. Сториле сѐ, тоа да биде настан за паметење, бидејќи сите што присуствувале заминале задоволни, посакувајќи повторно да се вратат кај така добри домаќини.

Како минувало времето, така сѐ повеќе кај Стив созревало сознанието, дека, тоа место, тој бизнис и другите околности, не се мегданот за големите планови кои ги имал за својата иднина. Од низа причини, фармерскиот бизнис го завршил по шесте поминати години во виндзорскиот регион, за да продолжи по нова потрага и нови дестинации.

Стив Пљакас и неговото семејство биле исправени пред нов предизвик. По разните анализи, размислувања и планови тие донеле цврста семејна одлука и во 1958 година целосно да заминат за Виндзор. Се доселиле во големиот град на Торонто, што било ново соочување со новите животни почетоци и предизвици во Канада.

Како 18-годишно вредно и многу бистро момче, Стив решава сам да почне со автомеханичарството, колку за да стартува од некаде. Добро му тргнало и веќе по извесно време, станал претставник на автомобилскиот гигант „Форд“ за продажба на нивните возила. Менаџерите во овој бизнис го препознале талентот, снаодливоста и умеењето на младото момче Стив, затоа тој и добива таков ангажман кој му ги отвори идните патишта во бизнисот.

Меѓутоа, како што одминувало времето, така и визиите и плановите за поинакво утре станувале сè поамбициозни и сè поголеми, бидејќи Стив имал капацитет да создава нови вредности, да се зафати со далеку поефективни проекти. Во Торонто имал многу опции и понуди, имал примамливи најави, но, сепак, донел одлука среќата да ја побара во блиските градови на метрополата Торонто.

Така, во 1974 година се спакувал и заминал во гратчето Њумаркет. Тоа место останало негов долгогодишен приватен и семеен пристан. И денес Стив сè уште е таму. Со својата верна животна сопатничка со големо срце, со шармантната и ведра Лили Пљакас, тие токму во Њумаркет век-векуваат.

Таму е нивниот бизнис кој високо ги воздигна. Исто така, таму е оазата на личниот и семејниот мир, каде, навистина, среќно уживаат со семејствата на Маргарет и Џини. Во исто време, Њумаркет е нивната почетна станица за сите патувања низ светските меридијани. .

Продолжува

1SlaveK2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top