Дијаспора

НА СРЕДБАТА НА ДЕЦАТА ПРОГОНЕТИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ОДРЖАНА ВО 1988 ГОДИНА – ДЕЛ II (14)

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Тоа се вртеше во одговорите на границата што предизвика многу горчина, гнев, бескрајно чудење и солзи кај оние кои поминаа стотици и илјадници километри и отидоа со надеж дека граничната рампа нема да биде затворена.

По таквата ситуација, огромен беше револтот и кај сите Македонци, како и кај многумина од светот што беа дојдени да ја следат средбата во Македонија, а кои ја знаат трагичната судбина, бидејќи беа добро информирани за илјадниците деца прогонети под воена закана.

И кога како малечки дечиња, голем број од нив во раце беа носени по долгите и тешки патеки кон Република Македонија, односно кон тогашната Југославија и други земји, и со една единствена цел – само за да бидат спасени од најлошото сценарио на грчките режими.

Колку ли биле трагични сцените кога децата биле одделувани од своите мајки и татковци, од своите најблиски: брат, сестра, дедо и баба и кога најблиските се откорнуваа од коренот свој.

Сиот тој емоционален набој и сплетот на околности уште повеќе ги сплоти Македонците, па средбата беше манифестација на национално единство и своевиден семакедонски парламент, составен од пратеници од сите континенти и меридијани.

Потресните приказни за присилата на 28.000 деца, на возраст од 2 до 15 години, во 1948 година кога беа разделени од родителите, допреа до многу срца. Самите страдалници раскажуваа за патувањата до југословенската граница исцрпени, уплашени, гладни и жедни, многумина и болни.

2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Децата прогонети од Егејска Македонија

Со влезот на македонска територија биле веднаш разместувани и упатувани во детски домови и разни прифатни центри и институции, не само во тогашна Југославија, туку и во Полска, Чехословачка, Русија, Романија, Унгарија, Бугарија и други земји.

Во историските анали останува дека Граѓанската војна во Грција (1946-49) го наметна проблемот со децата-бегалци што мораа да бидат спасувани пред налетот на монархо-фашистите, како и од бомбардирањата, гладот и болестите. Боси, слабо облечени, обземени со тага и болка во детската душа како ли пропешачиле толку многу километри низ планини и полиња, со цел да се извлечат од канџите на смртта.

Прогонството засекогаш ја измени етничката структура во егејскиот дел на Македонија. Се поткопуваа ли   темелите на идниот опстој, кога најмладата популација Македончиња, беа десеткувани.

Илјадници неповратно заминаа, распрснати по светот. Голем број никогаш повеќе не се видоа, никогаш повеќе не се вратија. Судбината нив засекогаш ги раздели.

Таговни беа средбите во Скопје и другите градови кога едвај се препознаваа, а биле толку блиски или најсвои. Се гушеа од емоции во долгите прегратки споделувајќи ги братско-сестринските чувства.

На изложбите на старите фотографии се бараа да се најдат каде се. Шетаа од слика до слика. Некои ќе се препознаеја, а други не. На свечената академија одекнаа силните пораки до светот, никогаш повеќе да не се повтори нешто слично, како тој што беше еден од најголемите егзодуси во современа Европа.

Првата средба на децата-бегалци на јубилејната годишнина одржана од 30 јуни до 3 јули 1988 година во Македонија, беше одлично изорганизирана од домаќините, како смотра на сплотеноста, припадноста и единството, каде и да се Македонците.

Тоа беше еден од најмасовните собири на Македонци од сите делови и континенти одржани во Македонија. Всушност, тоа беше средба на децата-бегалци кои ја имаа судбината на откорнатите од родните огништа.

Некои не успеаја никогаш да добијат влез на грчките граници бидејќи биле ставени на црната листа како опасни за Грција.Целата атмосфера, многуте животни стории, многуте средби и другите манифестации длабоко допреа до чувствата на Стив и Лили Пљакас.

Продолжува

1SlaveK2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top