Дијаспора

Профил на глумицата: ГОРДАНА МИЛОШЕВСКА од СИДНЕЈ

3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Гордана Милошевска е родена во Битола на 21 април 1974 година. Во Сиднеј, Австралија, се доселува во 2008 година.

Нејзиниот сон и се исполни, за подобар живот се досели во Австралија но и ја започна актерската кариера во редовите на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј во кој се вклучи во 2014 година. Има играно главни и споредни улоги за кои и била повеќе пати наградувана.

Дебитира во комедијата „Доктор жими мајка“ во 2015 година каде ја одигра улогата на Магда. За оваа улога Гордана ја доби наградата Александар Македонски за најдобра придружна улога во 2015 година.

Со мала улога настапи во австралиската продукција „TheWay“ (Патот) во 2015 година во Bankstown Arts Centre во Бенкстеон.

Потоа следеше улога во драмата „Куферот“ во 2016 година во улогата на Татјана.

Во комедијата „Баба се мажи“ во 2016 година Гордана го толкуваше ликот на Џеки.

Во драмата „Неочекувана забава“ во 2017 година ја играше главната улога и го толкуваше ликот на Мариа.

Во драмата „Последниот Македонец“ во 2018 година која се назначи како грандиозна театарска продукција, Гордана ги толкуваше ликовите на Снежана, Ромка, Сениште и Вашиот.  За улога на ликот Снежана, Гордана ја доби наградата Александар Македонски за најдобра придружна улога во 2018 година.

Гордана со нејзиниот креативен лик на Шекира, Ромка од Битола, има направено повеќе комични монолози со кои има настапувано на фестивали, прослави, промоции, радио-програми и две продукции има издадено на Ју-туб кои се видени од повеќе илјади гледачи.

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Душан Ристевски

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top