Дијаспора

ДЕКЛАРАЦИЈА ОД СРЕДБАТА НА ДЕЦАТА-БЕГАЛЦИ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА УПАТЕНА ДО СВЕТСКАТА ЈАВНОСТ НА 1 ЈУЛИ 1988 ОД СКОПЈЕ – ДЕЛ I (15)

111 copy copy copy copy copy copy copy

111 copy copy copy copy copy copy copy

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Од името на основните човечки слободи и права, ние, некогашните деца од егејскиот дел на Македонија, сега како граѓани на повеќе земји во светот, бараме да се симне забраната со која нам, на Македонците од егејскиот дел на Македонија, ни е одземено правото на враќање во Грција поради тоа што не сме Грци по род.

 Од свечениот Собир што се одржа на 1 јули во салата на Скопскиот саем до светската јавност беше упатена следнава декларација:

Ние, некогашните деца, родени во егејскиот дел на Македонија, принудени, пред ужасите на Граѓанската војна во Грција во 1948 година, да ја напуштиме родната земја, се собравме по 40 години на средбата во Скопје, главен град на Социјалистичка Република Македонија, во Социјалистичка Федеративна Република Југославија, по толку години разделени од своите најблиски, од своите другари, од своите огништа, да се видиме, да ги презентираме нашите творечки остварувања, да размениме искуства за нашиот живот во средините од кои доаѓаме, да ја запознаеме нашата татковина, нејзината сестрана изградба.

Истовремено, ја користиме можноста да ја изразиме нашата длабока благодарност кон земјите и народите што ни дадоа прифатилиште и заштита во најтешките животни мигови за нас и кои ни овозможија да живееме живот достоен за човекот.

Со оваа наша средба ја искажуваме нашата приврзаност кон идеалите на мирот, слободата, демократијата, нашиот стремеж кон создавање на свет ослободен од секакви стеги, омрази, дискриминации и од сè што го урива достоинството на човекот.

Од името на својата генерација, од името на нашите татковци и мајки, од името на сите нас собрани на оваа средба, ѝ се обраќаме на меѓународната јавност со следната

Ние, кои минавме низ пеколот на војната, низ сите трауми на принудниот егзил,добро знаеме што значи личната и колективната драма на човекот. Илјадници наши врсници останаа засекогаш во пепелиштата на војната или, пак, своите страдалнички животи ги расфрлаат по светот како откорнати.

Ние, кои останавме – израснати во разни земји на светот, научивме да истраеме во добро и зло, никогаш не губејќи надеж, и покрајсуровоста на животот, дека еден ден, пак, ќе си ги видиме нашите мајки, татковци и родниот крај.

Ние за нас не бараме ништо повеќе од она што за нашите татковци и мајки пред повеќе децении го бараа преку меѓународната јавност големите и заслужни личности на прогресот, имињата кои претставуваат совест на нашата епоха: Анатол Франс, Лав Толстој, Анри Барбис, Алберт Ајнштајн, Пандит Џавахарлал Нехру и многу други великани на човештвото

Од името на основните човечки слободи и права, ние, некогашните деца од егејскиот дел на Македонија, сега граѓани на повеќе земји во светот (Албанија, Бугарија, ДР Германија, Унгарија, Полска, Романија, Чехословачка, Советскиот Сојуз, Југославија, Австралија, Канада и САД), го креваме својот глас против сите обесправувања на човекот, против сите облици на дискриминација: политичка, национална, расна, верска и културна.

Апелираме да се признаат и да се применуваат и спрема нас Македонците и спрема нашите блиски кои живеат во Грција: Општата декларација на ООН за правата на човекот, Европската конвенција за човечки права; завршните документи од Хелсинки и сите други документи на Меѓународната заедница со кои се заштитува човештвото, неговата сегашност и неговата иднина.

Од името на тоа, бараме да се симне забраната со која нам, на Македонците од егејскиот дел од Македонија, ни е одземено правото на враќање во Грција поради тоа што не сме Грци по род. Нам ни е одземено правото да ги посетуваме своите родители и блиски, своите огништа и сè што ни е најмило.

Ние сме лишени од правото да ги посетуваме нашите светилишта, гробовите на своите предци, на своите татковци и мајки, да ги посетиме пријателите и другарите во Грција. Уверени сме дека таквиот нехуман однос спрема нас не може, а да не ги навредува и чувствата и на прогресивната јавност во Грција, некогашната лулка на европската цивилизација!

Продолжува

1SlaveK2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top